Поранешната асистентка на Роберт Де Ниро бара отштета од 12 милиони долари за сексулано злоставување - Канал 5

Поранешната асистентка на Роберт Де Ниро бара отштета од 12 милиони долари за сексулано злоставување

Грем Чејс Робинсон , која работела како асистентка на холивудската ѕвезда Роберт де Ниро , го обвини актерот за сексуално злоставување и бара обештетување од 12 милиони долари.

Поранешната асистентка на Роберт Де Ниро бара отштета од 12 милиони долари за сексулано злоставување

Робинсон го тужела Де Ниро за наводна,, сексуална дискриминација , непријателско работно окружување и вознемирување” и бара 12 милиони долари отштета.

Робинсон тврди дека оскаровецот и кажувал „сексуално експлицитни коментари“ и вербално ја злоупотребил, како и дека има снимки од телефонски разговори за да го докаже тоа, пренесува ЦБС.

Робинсон изјави дека не можела повеќе да го издржи „непријателско работно опкружување“ и дека ги известила Де Ниро и компанијата Channel Productions дека размислува за тужба за дискриминација.

Тaa исто така тврди дека актерот правел „несакани физички контакти“ и сексуални коментари, ја плаќал помалку поради нејзиниот пол и ја омаловажувал со доделување „стереотипнки женски должности“ како што е работа како домаќинка.

YouTube video

Таа го тужи пред федералниот суд на Менхетен, откако Де Ниро ја тужеше во август за злоупотреба на 6 милиони долари додека ја користела кредитната картичка од неговата компанија како да е нејзина.

Робинсон работеше за Де Ниро од 2008 до април 2019 година, а започна кога имаше 25 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам

Истражувањето е спроведено на глувци.

 Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам

Според истражување објавено во списанието „Nature Neuroscience“, истражувачи откриле механизам во мозокот кај глувци мажјаци што би можел да поттикнува поголема желба за алкохол кога животните се социјално изолирани.

Истражувачите, предводени од Риша Пател од Универзитетот Нортвестерн во Чикаго, ја проучувале врската помеѓу два дела од мозокот - амигдалата и префронталниот кортекс, пренесува „Шпигел“.

Кога глувците што претходно живееле во групи биле изолирани, оваа невронска врска станала значително поактивна, додека пак, мажјаците покажале поголема склоност кон консумирање алкохол.

На животните им било дадено да бираат помеѓу две чинии за пиење - едната со чиста вода, а другата со раствор од 15 проценти алкохол.

По изолацијата, мажјаците почесто избирале алкохол, додека женките ја намалиле консумацијата.

„Нашето истражување покажува дека одреден сигнален пат станува преактивен за време на изолацијата и директно доведува до зголемена консумација на алкохол, и дека мажјаците и женките прибегнуваат кон различни невронски стратегии кога се сами“, изјавила Пател.

Истражувачите веруваат дека наодите би можеле да придонесат за подобро разбирање на алкохолизмот кај луѓето.

Тие велат дека нарушувањата во слични невронски патишта кај луѓето покажуваат одредени обрасци поврзани со желбата за алкохол и враќање на консумирањето алкохол, додека клиничките истражувања сугерираат дека префронталниот кортекс игра важна улога во овие процеси.

Слично и кај луѓето

Слични разлики во половите се забележани во истражувања врз луѓето.

Минатата година, научници анализирале податоци од околу 17.800 учесници во три големи студии во Германија и откриле дека осамените мажи се посклони кон почесто пиење алкохол и имаат поврзани здравствени ризици.

Од друга страна, осамените жени се помалку склони кон пиењето од жените кои не пријавиле осаменост.

Сепак, истражувачите нагласуваат дека сè уште не е познато до кој степен наодите извршени врз глувците би можеле да влијаат и кај луѓето, и дека тоа е предмет на идни истражувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кетрин Зета-Џонс: Бракот со Даглас ќе пропаднеше ако престаневме да работиме

Кетрин Зета Џонс (56) откри дека нејзиниот брак со Мајкл Даглас (81) е успешен веќе 26 години. Клучот, тврди, е што времето го поминуваат одделно, посветено на кариерата. 

Кетрин Зета-Џонс: Бракот со Даглас ќе пропаднеше ако престаневме да работиме

Холивудската двојка се заљубила пред речиси три децении, а Даглас наводно и рекол на првата средба: „Јас ќе бидам татко на твоите деца“.

Двојката која има две деца Дилан (26) и Керис (23) исто така помина низ тешки времиња. Тие накратко се разделија во 2013 година, кога на Даглас му беше дијагностициран рак на грлото, а Зета-Џонс се справуваше со биполарно растројство. Набрзо се смириле, а актерката за „The Sunday Times Culture“ објаснила како опстанала нивната врска.

„Мајкл ми вели: „Прифати ја работата, супер е“. Потоа може да лета и да ме посети. Многу е подобро отколку да се разбудите со прашањето: „Што сакаш за појадок, душо?“ Мислам дека нашиот брак немаше да опстане ако изгледаше така“, рече таа.

Посветеност на работата и семејниот живот

Додека Даглас се повлече од актерството во 2022 година по речиси 60-годишна кариера и рече дека ќе се врати само за „специјална“ улога, Зета-Џонс продолжува да работи. По успехот на серијата на Нетфликс „ Wednesday“, нејзиниот следен проект е главната улога во серијата „Kill Jackie“. Кога не снимаат, парот живее во Њујорк, каде што се преселиле откако живееле на Бермуди десет години.

Нивните деца, Дилан и Керис, исто така градат актерска кариера по завршувањето на факултетот. „Тие се обидуваат. Мора да ја следите вашата страст“, ​​рече Зета-Џонс.

Театарско деби на ќерката Керис

Керис, која дипломираше на Универзитетот Браун минатата година, дебитираше во театарот во Њујорк во јули. Таа глумеше во претставата на Чехов „Галеб“, која беше одиграна на крајот на јуни во Бруклин, а видеото од нејзиниот настап стана вирално на социјалните мрежи.

Семејна пријателка потврди дека нејзините родители се „многу горди“ на нејзиниот успех. Самата Керис зборуваше за списанието „People“ за нејзината желба да продолжи да глуми. „Пораснав во театар. Не студирав глума, но среќна сум што сум во креативна средина и се надевам дека ќе продолжам по тој пат“, вели таа.

Во 2018 година, таа го опиша растењето со познати родители за „Town & Country“: „Ме држат приземјена и ме потсетуваат: „Погледни околу себе. Животот што го имаш е извонреден“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есен

Европа нуди долга и разновидна есен, со пејзажи кои се движат од планински долини и шуми до лозја, од кои сите добиваат препознатливи сезонски бои.

Објавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есен

Европа може да биде навистина убава за време на есента, па затоа е објавена листа од десет европски дестинации во кои навистина може да се ужива по летото.

10 европски дестинации за посета за време на есента:

1. Езерото Блед, Словенија

2. Баварските Алпи, Германија

3. Езерскиот округ, Англија

4. Трансилванија, Романија

5. Пертшир, Шкотска

6. Доломити, Италија

7. Долина на Лоара, Франција

8. Лапонија, Финска

9. Долина Дуро, Португалија

10. Национален парк Плитвички Езера, Хрватска

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер