Поранешна министерка и пратеничка Ахциоглу кандидатка за лидер на СИРИЗА - Канал 5

Поранешна министерка и пратеничка Ахциоглу кандидатка за лидер на СИРИЗА

Ахциоглу денеска ја презентираше нејзината кандидатура и истакна дека потребна е ефикасна и упорна работа за да се врати перспективата за силна СИРИЗА. 

Поранешна министерка и пратеничка Ахциоглу кандидатка за лидер на СИРИЗА

Поранешната министерка за труд и социјални прашања во Владата на Алексис Ципрас и актуелна пратеничка Ефи Ахциоглу и официјално е кандидатка за претседателка на СИРИЗА, што воедно е и првиот кандидат за лидерската позиција во партијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Ахциоглу денеска ја презентираше нејзината кандидатура и истакна дека потребна е ефикасна и упорна работа за да се врати перспективата за силна СИРИЗА.

-Мојата кандидатура за функцијата претседател на СИРИЗА и лидер на опозицијата, всушност не се однесува само СИРИЗА. Се однесува на Грција, се однесува на општеството. Се однесува на левицата и движењата на новата ера, се однесува на секој демократски прогресивен граѓанин, истакна Ахциоглу.

По оставката на Алексис Ципрас од лидерската позиција во СИРИЗА, партијата ќе треба да го одбере неговиот наследник, а засега, 38-годишната Ахциоглу е единствената што официјално ја соопшти кандидатурата.

Паралелно, се споменуваат и поранешните министри Никос Папас и Евгклидис Цакалотос дека во следните денови и тие ќе ги достават нивните кандидатури.

За следниот викенд закажан е состанок на Централниот комитет на СИРИЗА, каде што ќе бидат донесени конечните одлуки за избор на нов партиски лидер. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани.

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО

Денеска стапи на функцијата, а упати благодарност до генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, за „топлиот прием“ при официјалното предавање на акредитивните писма. Муртезани во објава на социјалните мрежи напиша дека Македонија има свое место, свој глас и сојузници во НАТО“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вчерашното гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија официјално најави дека во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликација м.Услуги.

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон

„Можам официјално да најавам дека во октомври ќе организираме настан на кој ќе ја промовираме мобилната апликација м.Услуги. Во неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните“, истакна Андоновски.

Преку м.Услуги, граѓаните на едно место ќе можат да пристапуваат до личните документи во дигитална форма како и до електронските услуги на администрацијата. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно преку мобилен телефон.

Министерот посочи дека во изминатиот период интензивно се работело на прашањата поврзани со сајбер-безбедноста, заштитата и начинот на чување на личните податоци, како и нивната размена со Министерството за внатрешни работи, кое е сопственик на податоците.

„Во завршна фаза сме на усогласување и потпишување на протоколот за размена на податоците, како и на тестирањето на апликацијата. Сакаме, пред таа да биде достапна за сите, да бидеме сигурни дека системот е стабилен, безбеден и едноставен за користење. Апликацијата ќе биде достапна на App Store и Google Play, а нејзината тест-верзија досега ја презедоа околу 6.000 граѓани“, рече Андоновски.

Следниот чекор во дигиталната трансформација е мобилниот телефон постепено да стане дигитален паричник преку кој граѓаните безбедно и едноставно ќе пристапуваат до своите документи и до услугите на државата.

Во прилог Ви проследуваме фотографии како и линк од гостувањето на Министерот: https://www.youtube.com/watch?v=KA_R3ZvcdVo

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции

Припадници на одделот за сузбивање на организиран криминал при бирото за јавна безбедност извршиле претреси на повеќе локации и привеле повеќе лица.

Полициска акција и апсења за проневра од  210.000 евра за лажирани уплати во државни институции

Според неофицијалните информации, реализацијата на случајот била забрзана откако еден од главните осомничени се обидел да ја напушти државата. Се истражува дали преку лажирање извештаи и уплатници биле прикривани, а потоа и пренасочувани парични средства. во истрагата, неофицијално, се опфатени повеќе физички лица и правни субјекти, а дел од осомничените наводно се вработени и во државни претпријатија. Првичните информации се дека штетата се проценува на повеќе од 13 милиони денари, односно над 210.000 евра. Акцијата и утрово сè уште е во тек, а се очекува во текот на денот надлежните институции да соопштат повеќе детали за бројот на приведени, сомневањата за конкретните кривични дела и опфатот на истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер