3СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?
ЖивотПоранешна калуѓерка конечно проговори – На 7 годишна возраст ме силуваше свештеник Во Ватикан заврши конференцијата на која 200 високи свештеници од целиот свет расправаа за начините како да се справат со педофилијата.Папата Франциск на крајот на конференцијата побара да не се прикриваат педофилите , да се соочат со правдата , а тоа гнасно дело да се искорени од црквата. Поранешната калуѓерка од САД , Мери Диспенза раскажа дека и самата била жртва на свештеник и тоа кога имала само 7 години. Таа , како мало девојче заедно со мајката биле во дворот на црквата, каде свештеник бил педофилот. Додека мајка и работела во дворот , свештеникот гледал филм во темна сала и го повикал девојчето да му седне во скут. Потоа ја силувал . Жената раскажува дека дури по 40 години проговорила за ваквото злосторство , зашто цело време работела во црквата , ја сакала црквата и не сакала да има последици . Но , се соочила со свештеникот без да има некакви последици за него. Сега , кога е на 52 годишна возраст знае дека мора нешто да направи за да спречи свештениците да ги злоставуваат и натаму децата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБез јасен победник на изборите во Кнесетот. Претстојат преговори за обезбедување мнозинствоПо пребројувањето на гласовите од парламентарните избори во Израел нема јасен победник, двата главни блока се далеку од мнозинство во Кнесетот со 120 места.Блокот предводен од партијата ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху доби 53 места во Кнесетот, додека опозицискиот блок, предводен од партијата Јашар на поранешниот началник на генералштабот на изреаелската армија - Гади Ајзенкот, доби 48. Арапските партии обезбедија рекордни 19 места. Овој резултат значи дека Израел се соочува со веројатно тежок период на преговори за формирање влада, а не се исклучува и влада на национално единство бидејќи голем дел од еврејските партии одбиваат да коалицираат со арапските. Израелскиот претседател Исак Херцог ќе одржи консултации со лидерите на партиите избрани во кнесетот пред да ја додели задачата за формирање на влада на кандидатот за кој верува дека има најдобри шанси да обезбеди доволна поддршка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождовиВо познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци.Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци а бројот на жртви засега е три од кои две се брачен пар од Турција а една е странска туристка чија националност се уште не е позната. Жртвите биле заробени под карпите. Има и пет полесно повредени лица, изјави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу. Одронот се случил бидејќи обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, објави гувернерот на невшехир - Хусеин Кок. Полицијата, жандармеријата, агенцијата за катастрофи како и здравствените тимови се испратени во градот Гореме, а потрагата по евентуално исчезнати лица и спасувањето продолжуваат. Nevşehir Kapadokya'da peribacası çöktü. ▪️Ölü ve yaralılar olduğu bildiriliyor. https://t.co/4Kw3iBNdtV — Notify (@notifyhome) October 29, 2026 Турите со балони на топол воздух по кои исто така е позната Кападокија, поради временските услови од дожд и ветер, привремено се откажани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирењеВо петок (23.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Марио СтојановскиСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. шпагети 150 гр. сирење 150 гр. кечап масло сол и малку магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter