ВМРО-ДПМНЕ: Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба
2ВМРО-ДПМНЕ: Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба
ФудбалПоранешен аргентински фудбалер со неверојатно тврдење : Ме грабнаа вонземјани Густаво Лоренцети, поранешен играч на Бока Јуниорс, раскажа анегдотата во која неговиот соиграч Гилермо Марино тврдел дека доцнил на тренинг затоа што бил киднапиран од вонземјани!Тоа се случило, според приказната на неговиот соиграч, пред нешто повеќе од десет години, кога тие играле заедно за аргентинскиот шампион. "Тој целосно ни објасни за тоа што чувствувал. Има моменти кога играчите велат - јас заминав и се вратив два дена подоцна затоа што бев киднапиран од вонземјани. Но, Гил не е таков играч. Тој беше многу коректен човек и сите го знаат како таков". Лоренцети ја почна приказната за весникот Гол и продолжи: "Искрено, верувам во вонземјани. Тој започна да објаснува дека се изгубил ненадејно и бил киднапиран од вонземјани. Му ја извадиле душата, ја анализирале и цело време внимавале на него.Даде одлично објаснување и моравме да му веруваме. Побарајте го и тој многу подобро ќе ви раскаже. Во секој случај – го киднапирале вонзејани “. Марино, смета Лоренцети, не му кажал на тренерот Хорхе Сампаоли сè. "Искрено, не знам дали би го кажал тоа. Тие мора да разговарале, но знаејќи го Гил, мислам дека и тренерот му веруваше. Исто така, ова е достојно за програма за Дискавери или нешто слично." Ex-Boca star Guillermo Marino claimed he was late to training because he was abducted by aliens, according to former team-mate Gustavo Lorenzetti: "He explained that they take out your soul, analyse it and all the while on the journey they are looking after you." 👽👽👽 pic.twitter.com/FtaYSxvlIS — Goal (@goal) June 15, 2020 Марино денес има 39 години, а кариерата ја заврши во 2015 година. Овој поранешен играч од средниот ред играше во Бока од 2005 до 2010 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЛавров по разговорот со шефот на германската дипломатија: Не требаше воопшто да се сретнемеГерманскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се сретна со својот руски колега Сергеј Лавров во Њујорк, што беше прва билатерална средба меѓу двајцата министри од почетокот на војната на Русија во Украина во 2022 година.Средбата се одржа на маргините на Генералното собрание на ОН, во руската сала за состаноци, траеше повеќе од 20 минути и заврши со ракување меѓу двајцата министри. Лавров: Средбата беше непотребна Лавров рече дека средбата со Вадефул била непотребна и дека не видел никаков напредок во споредба со претходните разговори со него. Тој изјави за новинската агенција ДПА дека „не слушнал ништо различно“ од она што Берлин јавно го кажува секој ден. „Можевте само да ми се јавите и да ми кажете „прочитајте ја мојата изјава“, раскажа Лавров за разговорот со германскиот министер. Германија побара средба еден ден претходно, „во последен момент“, рече Лавров. Тој додаде дека разговорот со германскиот министер изгледал „како да имал некоја скриена порака - дојдов кај вас, ве почестив со моето присуство“. Тој рече дека имал впечаток дека Вадефул очекува отстапки од Русија во врска со Украина и навигацијата на Црното Море во замена за состанокот. Вадефул: Длабоки несогласувања околу завршувањето на војната По средбата со Лавров, Вадефул рече дека сè уште има длабоки несогласувања околу напорите за завршување на војната на Русија во Украина. „Беше интензивен разговор. Секако, не се согласувавме по клучните точки“, изјави конзервативниот политичар за германскиот радиодифузер ZDF. Тој рече дека „понудил деескалација, особено во однос на ситуацијата во Украина, но дека не нашол слушател“. За него беше важно да стави до знаење дека Германија „не прифаќа работи како нападот со беспилотни летала во Лајпциг, дека ова е неприфатлива ескалација“, рече тој, додавајќи дека ја предупредил Русија да не продолжува во таа насока. „Можеме да се одбраниме и ќе го сториме тоа“, рече Вадефул. Германската влада ја смета Русија за одговорна за инцидентот со неексплодираното беспилотно летало на аеродромот во Лајпциг, тврдење што Москва го негира. Тагови: Сергеј Лавров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојбаКонтрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став, контра сме колку да сме поразлични.Контрашот Венко Филипче заедно со талогот од СДС денеска се јави повторно. И повторно, видно вознемирен во очајна состојба почна да плука по се што се прави од инвестиции до продлабочување на веќе постоечки партнерства, како она со САД и членството во НАТО. Филипче повторно кажа дека е против рудници, против нови индустрии како со дата центрите. Филипче повторно изрази лажна загриженост за земјоделците, за пензионерите, за лицата кои земаат минимална плата. Филипче повторно кажа дека Македонија е енормно задолжена. За ова ќе му дадеме само некои факти, ако не ги слушнал на почеток на месецов. Еве една споредба на првите осум целосни квартали на владите предводени од ДУИ и СДСМ и сега Владата предводена од ВМРО - ДПМНЕ. Во првите осум целосни квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум целосни квартали на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 посто. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика: во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 отсто. Што говорат бројките? Трендот е повисок и постабилен раст, како и континуитет на позитивниот економски тренд. Но, сето ова Филипче за да го разбере мора да го процесуира сам. До тогаш, без грижа, се е стабилно и дополнително се оди напред. И да, сериозна опозиција не може да се биде со ставот – СДС е контра се колку само да биде поинаков, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Тотална шизофренија – мала група пучисти со сите сателити на Мицкоски на една маса!Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека мала група поранешни партиски функционери, заедно со претставници на други партии, дејствуваат за ослабување на СДСМ по налог на Мицкоски.„Сите сателити на Христијан Мицкоски седнати на едно место. Тотална шизофренија“, рече Филипче. Тој посочи дека поранешни функционери на СДСМ седат на иста маса со луѓе од партија Левица која истакнувала пораки против НАТО, која е проруска партија а истовремено бараат промени во СДСМ. „Тоа ли сакаат? Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики? Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето коишто во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец. Еве со кои седаа пучистите вчера. Еве со овие луѓе и со претставници на други партии бараат промена во СДСМ“, рече Филипче. Претседателот Филипче го постави прашањето зошто оваа група настапува токму сега, во период кога рејтингот на ВМРО се намалува, а СДСМ се консолидира и бележи раст на поддршката. „Година дена наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети, лаги. Се поставува прашањето зошто сега, во овој момент така силно излегоа во јавноста?“, рече тој. Целта е да се одземе вниманието од важните прашања што ги отвора СДСМ: плановите за дата-центри и нови рудници, задолжувањето, состојбата во земјоделството, минималната плата и пензиите. Претседателот на СДСМ нагласи дека партијата продолжува со консолидацијата и со подготовката на политики во интерес на граѓаните. „СДСМ вчера се покажа и се докажа дека е единствената партија којашто може да биде и е носител на опозициското движење и да ја канализира целата опозициска енергија во земјата“, истакна Филипче. „Ќе стоиме и ќе се бориме и за граѓаните, и за државата, и за СДСМ“, порача Филипче, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter