Поради вечера со Путин се соочува со затвор!!

Убавата италијанска актерка Орнела Мути се соочува со затворска казна доколку не ја плати оштетата за откажаниот настап во еден театар.

Орнела го откажала настапот за да може да присуствува на гала вечера со рускиот претседател Владимир Путин и американскиот актер Кевин Костнер.

Орнела Мути требала да се појави на театарската сцена во декември во 2010 година, но рекла дека е болна по што отпатувала за Санкт Петербург за да присуствува на гала вечерата.

На лекарското уверение и пишувало дека и е потребно петдневно мирување.

Врховниот Кривичен суд ја потврдил ја потврдил нејзината условна казна на шест месеци и парична казна од 500 евра и 30 000 евра обесштетување за театарот „Верди“ во Порденон на североистокот на Италија.

Судот поднел тужба против Орнела откако во јавноста се појавиле нејзини слики на иста маса со претседателот Путин

Судот ја предупредил популарната актерка дека ќе биде однесена во затвор ако не ја плати оштетата.

Италијанските медиуми наведуваат дека Орнела Мути има рок од 30 дена за да ја исплати оштетата пред судот да донесе нова построга одлука.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер