Поради смог, доведено во прашање одржувањето на трката од Формула 1 во Сингапур - Канал 5

Поради смог, доведено во прашање одржувањето на трката од Формула 1 во Сингапур

Организаторите на единствената ноќна трка во Формула 1, закажана за претстојниот викенд се уште не знаат дали атрактивната трка и актуелните придружни настани ќе се одржат, бидејќи Сингапур е прекриен со облаци чад што доаѓаат од соседна Индонезија.

Поради смог, доведено во прашање одржувањето на трката од Формула 1 во Сингапур
Водечкиот во генералниот пласман, Луис Хамилтон, кој вози за Мерцедес, изјави дека е подготвен да вози на патеката со ограничена видливост, но додава дека би било гротескно ако трката ја следат членовите на екипите и гледачи со маски на лицата.

Според последните мерења, нивото на загаденоста на воздухот е на степен до врвот на скалата при кој се прогласува тревога.

Обиди за расчистување на воздухот со создавање вештачки дожд започнаа од вчера, но сеуште нема извештаи дека тие се ефикасни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Правни дилеми околу решението на Уставен суд кој пријави судија за непочитување на судска одлука

По летните одмори  Судскиот совет се очекува да расправа за решението на Уставниот суд кој ги извести дека судија од Основниот граѓански суд Скопје не ја почитувал нивната одлука

Правни дилеми околу решението на Уставен суд кој пријави судија за непочитување на судска одлука

По летните одмори Судскиот совет се очекува да расправа за решението на Уставниот суд, кој ги извести дека судија од Основниот граѓански суд Скопје не ја почитувал нивната одлука која наложила повторување на постапката за предметот на новинарката Наташа Стојановска. Уставниот суд го достави ова решение „за понатамошно постапување„ до Судскиот совет и Јавното обвинителство, притоа напоменувајќи дека конечноста и извршноста на одлуките на Уставниот суд се заштитени и со кривично-правни санкции. Но во меѓувреме во јавноста, правната фела ја отвори дилемата дали со овој случај, Уставниот суд ги пречекорил неговите надлежности и дали се работи за потенцијален притисок врз судската независност и автономија. Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска која е и член на Судскиот совет, со објава на социјалните мрежи, вели дека овој случај може да воспостави потенцијално загрижувачки преседан.

-Испраќањето одлука на Уставниот суд до Судскиот совет "за понатамошно постапување", во која толкување на процесен закон од страна на редовен судија, во сè уште незавршена постапка, се квалификува како "неизвршување на одлука на Уставен суд", со имплицирање на кривична одговорност, според мое лично мислење, отвора сериозни прашања за границите меѓу уставната контрола и судската независност. Би рекла дека допира и прашања на можен институционален притисок,- -Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат и член на Судски совет.

Адвокатот Давидовиќ смета дека Уставниот суд во конкретниот случај прави опасен чекор кон пречекорување на како што вели неговите уставни надлежности и отворено се обидува да се наметне над редовното судство, преземајќи улога на над-судски орган ..адвокатот Владимир Туфегџиќ посочува дека за вакви случаи потребни се едукации на судиите преку што би се воедначила судската пракса.

-Анализирано низ строго формално-правна димензија) , Уставниот суд со овој потег прави опасен чекор кон пречекорување на своите уставни надлежности и отворено се обидува да се наметне над редовното судство, преземајќи улога на над-судски орган кој дели директиви и се заканува со кривични пријави за правни сфаќања донесени во законски предвидена судска постапка,- -Звонко Давидовиќ.

-Очекував во најмала рака Уставниот суд токму поради овој предмет и одлука, наместо барање кривична одговорност на судија, да укаже за потребата судовите и Академијата за судии и јавни обвинители да спроведат обука и едукација на судиите, - - Владимир Туфеѓџиќ, адвокат.

Од друга страна Универзитетскиот професор Јове Кекеновски оценува дека решението на судот не треба да се толкува како одбрана на уставниот суд како институција, туку во случајот се брани Уставот, хиерархијата на правниот поредок и владеењето на правото.

-Ако Уставот определил дека одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, тогаш тие не можат да бидат сведени на правни мислења што другите институции ќе ги почитуваат само доколку се согласуваат со нив,- - Јове Кекеновски, професор.

Како што претходно појасни претседателот на Уставниот суд – Дарко Костадиновски, судот за прв пат го активирал механизмот за заштита на сопствените одлуки откако судијата од Основниот граѓански суд Скопје, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ.

Според Костадиновски, со непочитување на одлуките на Уставниот суд, како што изјави, се губи смислата на постоењето на уставното судство. Во конкретниот случај се работи за предметот на новинарката Наташа Стојановска, по кој Уставниот суд утврди повреда на слободата на јавно изразување, а се однесува на настаните во Собранието од 27 април.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поминаа 25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила, каде загинаа осум македонски бранители

Звукот на химната, длабок поклон пред споменикот. Иако помина четврт век времето не ја брише болката и спомените за осумтемина македонски бранители кои трагично загинаа кај Љуботенски Бачила.

Поминаа 25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила, каде загинаа осум македонски бранители

Недалеку од местото каде што згаснаа нивните животи, во селото Љубанци, пред споменикот подигнат во нивна чест, свежо цвеќе положија семејствата на загинатите, граѓани и бројни државни делегации. Поминаа 25 години, но за оние што ги испратија и никогаш не ги дочекаа да се вратат дома, болката останува иста.

Благица Златевска, мајка на Ивица Златевски, најмладиот меѓу осумтемина загинати, кобното утро го чекала синот да се врати дома, но наместо него пристигнала најстрашната вест.

– Што буди оваа годишнина? Буди сè кај родителите, најмногу болка. Татко му почина, еве веќе 17 години, од болка по синот. Син ми го нема 25 години, а јас останав, како мајка, да се борам и да му оддавам почит. Толку можам. Ми се тресе душата кога зборувам за ова – вели изјави - Благица Златевска, мајка на Ивица Златевски, резервист на АРМ.

Претседателот на Одборот на бранителите, Марин Најдов, во своето обраќање истакна дека кобниот ден никогаш нема да го заборави и дека сè уште ги памети раскажувањата на преживеаните за моментите по експлозијата. И по две и пол децении, вели, местото на трагедијата кај Љуботенски Бачила останува нем сведок на еден од најтешките настани од конфликтот во 2001 година.

– Јас бев командант на Попова Шапка и ги следев сите случувања. Како што се случи и на Карпалак, одлично се сеќавам на бранителите од Прилеп, кои беа на позиции на Попова Шапка, и на нивната реакција за Љуботен. Војна е, се гине. Меѓутоа, мора да се води сметка за луѓето кои навистина се грижат за бранителите. Тоа се самите бранители, кои знаат што значи сето ова, како и родителите и роднините на бранителите. За чувството не треба ниту да се зборува – тоа се знае и не може да се избрише од потсвеста – раскажа Најдов.

Најдов посочи дека заложбите на власта за подобрување на статусот на македонските бранители се позитивни, но дека секогаш има простор да се направи повеќе, особено кога станува збор за семејствата и најблиските на загинатите бранители.

„Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена“, наведе премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук по повод 25-годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила.

Мицкоски порача дека и по четврт век Македонија со почит се сеќава на осумтемина бранители кои на 10 август 2001 година ги загубија животите.

Почит кон загинатите одадода делегација од кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова,како и владина делегација предводена од вицепремиерот Николоски и претставници на здруженија на бранители.

На 10 август 2001 година, при активирање мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Знамето на прославата „Силно светнал ден“ по повод 35 години независна Македонија причина за партиски реакции

Со музика, театар и поезија, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид започна „Силно светнал ден“, манифестација посветена на 35-годишнината од независноста на Македонија..

Знамето на прославата „Силно светнал ден“ по повод 35 години независна Македонија причина за партиски реакции

Драган Мијалковски, Игор Дурловски Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Андријана Јаневска и Миле Кузмановски се само дел од бројните звучни музички имиња кои настапија во музичко-сценскиот проект, во режија на Дејан Пројковски.

Публиката слушна македонски поп-евергрини, народни песни и композиции од различни периоди на македонската музичка сцена. Се пееја и познати песни од Тоше Проески, а во чест на Владо Јаневски беше изведена „Црно тиквешко“.

Но покрај разновидната уметничка програма, внимание во јавноста привлече и дел од сценографијата која се појави на видео бимовите, симбол кој на прв поглед наликува на македонското државно знаме, но наместо официјалните осум има дванаесет краци. 2:31.00Токму ова предизцика реакции од опозициската СДСМ.

-За Мицкоски и ВМРО знамето е уметничка инсталација. Нова верзија со 12 краци. Ова е само уште еден доказ за нивната целосна неспособност.Сега нека излезат и да објаснат: Која компанија го направи знамето? Кој беше задолжен за визуелниот идентитет? Колку народни пари се потрошени? Кој ќе сноси одговорност за ова понижување на државниот симбол? – соопштија од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ објаснујваат дека станувало збор за уметничка инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци.

На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше. Настанот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност, е поздравен од сите граѓани и ја обедини државата, а само Филипче и тие неколкумина околу него пробуваат да го оцрнат проектот. – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Караванот по Охрид утре продолжува во Битола, а на 12 август ќе пристигне и во Велес. Прославата на јубилејот ќе продолжи и со музички настани во главниот град.

На 1 септември на Плоштад Македонија е најавен концерт на шпанскиот тенор Хозе Карерас, а на Денот на независноста, на 8-ми септември, на стадионот „Тоше Проески“ ќе настапи светски познатиот диџеј Дејвид Гета. Манифестацијата ќе заврши на 4 септември во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер