ЖивотПоради пад на замрзнат пешачки оштета од градот од 11 000 евра!!Општинскиот суд во Вараждин објавил неправосилна пресуда со која на тужениот Град Вараждин му наложува да и исплати на тужителката Ш.К повеќе од 80 000 куни (околу 11 000 евра), објавија локалните медиуми, а пренесе „Индекс хр.“Се наведува дека Ш.К поднела тужба против градот Вараждин откако на 28 јануари во 2014 година при преминувањето на пешачки премин паднала на ледот кој бил преку целата површина на пешачката патека. При падот таа добила неколку скршеци. Ш.К пред судот изјавила дека смета оти ледот формиран поради снегот кој паѓал три дена бил причина за падот. Локалните медиуми наведуваат дека Ш.К при падот на ледот ја скршила десната потколеница и ги исчашила зглобот на ногата, рачниот зглоб и шаката. Истиот дена таа била оперирана во болница , а во 2014 морала да замине уште на две операции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
ЕкономијаВо Собранието продолжува расправата за ребалансот на буџетотВо Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за вториот ребаланс на буџетот за 2026 година. Поднесени се вкупно 124 амандмани.Со новите проекции, приходите се намалуваат на 374,2 милијарди денари, а расходите на 420,5 милијарди денари. Најголемото намалување е кај акцизите, од 34,1 на 30,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бдп.Тагови: ребаланс на Буџетот собрание Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјаваВицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава. Тој денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието – Африм Гаши како и со вицепремиерот Александар Николоски. На вчерашната средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, тие го го потврдија високото ниво на пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора, сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан. На средбата стана збор и за денешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот.Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотХакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“. Откриен идентитетот на сторителите.„Binance“, најголемата светска берза за криптовалути, синоќа потврди дека во хакерски напад биле украдени дигитални средства во вредност од 6,3 милијарди долари, пренесува BBC. Компанијата соопшти дека, со помош на партнерски платформи, успеала да замрзне приближно половина од таа сума, додавајќи дека ќе ги „покрие сите настанати загуби“. Првичните внатрешни проверки укажуваат на тоа дека пробивот веројатно потекнува од компромитиран лаптоп што му припаѓал на еден од нивните инженери, што му овозможило на напаѓачот неовластено да повлече огромни парични суми. Истрагата укажува на познати севернокорејски хакери. Компанијата за истражување на сајбер-безбедност „TRM Labs“, која во своите истраги користи вештачка интелигенција, го припишува овој пробив на севернокорејската хакерска група „TraderTraitor“. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорд – кражбата од 2025 година на берзата „Bybit“, при што беа украдени 1,5 милијарди долари. „Оваа проценка ја даваме со висок степен на сигурност“, наведуваат од TRM Labs во својот извештај, додавајќи дека неколку елементи од нападот целосно се совпаѓаат со претходни операции поврзани со режимот во Пјонгјанг, вклучително и инцидентот со Bybit. Ари Редборд, главен аналитичар во TRM Labs, изјави за BBC дека овој грабеж претставува „пресвртна точка“, каква што крипто-индустријата досега нема доживеано. Тој додаде дека сторителот сè уште поседува огромна сума од украдените средства, што значи дека потрагата по нив всушност допрва започнува. Од Binance не одговорија директно на прашањето на BBC за можна поврзаност со Северна Кореја, туку само наведоа дека „тесно соработуваат со органите на прогонот за да ги идентификуваат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24