Поради африканска свинска чума треба да се уништат 9 илјади свињи на фарма на истокот - Канал 5

Поради африканска свинска чума треба да се уништат 9 илјади свињи на фарма на истокот

Африканската свинска чума регистрирана и на голема свињарска фарма на истокот од земјава во село Таринци општина Карбинци.

Поради африканска свинска чума треба да се уништат 9 илјади свињи на фарма на истокот

Се работи за девет позитивни случаи заради кои ќе треба нештетно да се уништат сите 9 илјади свињи на фармата. Ова според експертите е сериозне удар за целиот сектор за производство на свинско месо кога превентивните мерки кои требаше да ги спроведеува државата за кои имаше неколку години затаија и не успеа да се заштити една од најголемите свињарски фарми на истокот која годишно произведува 4 милиони колограми свински месо и снабдува 20% од месарниците со месо. Сега според професорот по свињарство Вуковиќ мора да се презмеат итни мерки за да се запре ширењето да не дојде до екслозија на вирусот и да се заштитат останатаите големи свињарски фарми кои го снабдувата пазарот во земјава со свинско месо.

Покрај ова професорот укажува и дека мора да се формира сериозен фонд за обештетување како и институционални промени за да може на владино ниво да се носат брзи одлуки кои ефикасно ќе се спорведуваат на терен. Токму за ова зборва и фактот што за појавата на болеста во фармата во Таринци се знаело една недела и Ахв го криело тоа од јавноста иако според закон обврска нивна е во рок од 24 часа да се направи депопулација на фарматa. Според АХВ целата битка со ширењето на заразната болест во свињарството ја кочи локалната самоуправа.

-АХВ уште од првиот ден е во интензивни контакти со локалната самоуправа која има законска обврска да обезбеди локација за јама, најблиску можна до жариштето, во која ќе бидат закопани еутаназираните животни. Како одговорна институција за здравствената заштита на животните, апелираме брзо да се реагира од страна на локалната самоуправа бидејќи станува збор за болест која брзо се шири и која нанесува големи финансиски загуби.

Финансиските загуби според проценките ќе се бројат во милиони евра а најголемата сметка за тоа што не се спречи ширењето со превентивни мерки ќе ја платат граѓаните преку дестабилизација на пазарот со месо и раст на цените на свинското нешто што веќе се случува во србија и хравтска по појавата на болеста во тамошни неколку големи свињaрски фарми

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Принцот Хари го изгуби големиот судски спор против Дејли Меил

Британски Принцот Хари, војводата од Сасекс и други истакнати јавни личности ја загубија тужбата против „Асошиејтед њузпејперс“, издавачот на „Дејли Меил“, во Високиот суд во Лондон во вторник, спорот беше за наводно нелегално собирање информации.

Принцот Хари го изгуби големиот судски спор против Дејли Меил

Хари, кој беше во Велика Британија во времето на пресудата, покрена неколку правни постапки против одредени британски медиуми, обвинувајќи ги за злоупотреба на моќ и нарушување на приватноста.

Елтон Џон, исто така, поднесе тужба

Нему му се придружија и други познати личности, вклучувајќи го и музичарот Елтон Џон, кои поднесоа тужба против издавачот на „Асошиејтед њузпејперс“, тврдејќи дека десетици статии објавени во „Дејли Меил“ и „Мејл он Сандеј“ од 1990-тите до 2011 година се засновани на информации добиени нелегално.

„Асошиејтед њузпејперс“ ги отфрлија обвинувањата, нарекувајќи ги клеветнички, а Високиот суд во Лондон ги отфрли тврдењата во целост. Компанијата ја опиша пресудата како „убедлива победа“ за „Дејли Меил“ и неговите новинари.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По нападот во Ормускиот теснец, пристигна порака од Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе ја заштити слободата на пловидба и безбедноста на поморските трговски патишта.

По нападот во Ормускиот теснец, пристигна порака од Израел

„Поставив едноставна цел. Целта на морнарицата, но и на Израел, е да ги обезбеди морските линии и слободата на поморската трговија, кои се од витално значење за Државата Израел“, рече Нетанјаху за време на посетата на поморската база во Хаифа, објавува „Тајмс оф Израел“.

Неговата изјава дојде, според израелскиот портал, во време кога Иран продолжува да напаѓа танкери во Ормускиот теснец, а јеменската бунтовничка група Хути, која е поддржана од Иран, упатува нови закани до израелските бродови во Црвеното Море.

Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) претходно денес објави дека танкер бил погоден од неидентификувана ракета додека пловел низ Ормускиот теснец.

Индиректните разговори меѓу САД и Иран, одржани минатата недела во катарскиот главен град Доха, завршија без никаков значаен напредок по прашањето за Ормускиот теснец.

Иран ги предупреди бродовите да не минуваат низ Ормускиот теснец преку јужната рута во оманските води, нагласувајќи дека секое поминување низ водниот пат мора да биде координирано со иранската војска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Француски суд: Ле Пен може на претседателските избори, но ќе носи електронска алка

Апелацискиот суд во Париз ја потврди пресудата на Марин Ле Пен за злоупотреба на средства од Европскиот парламент, но ја скрати нејзината забрана за вршење јавна функција, со што ѝ го отвори патот повторно да се кандидира на претседателските избори.

Француски суд: Ле Пен може на претседателските избори, но ќе носи електронска алка

Лидерката на крајната десница, сега може да учествува на изборите следната година, но под услов да носи електронска нараквица една година, што претходно изјави дека не го прифаќа. Судот ѝ изрече тригодишна затворска казна – две години условно и една година со електронски надзор. Ле Пен се кандидираше за претседател три пати. Таа стана главен ривал на Емануел Макрон, откако двапати се кандидираше и два пати загуби од него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер