Попушти брана на истокот на Судан, најмалку 30 загинати и голем број исчезнати лица - Канал 5

Попушти брана на истокот на Судан, најмалку 30 загинати и голем број исчезнати лица

 Најмалку 30 лица загинаа откако попушти брана на истокот од Судан, јавија британските медиуми, повикувајќи се на Обединетите нации.

Попушти брана на истокот на Судан, најмалку 30 загинати и голем број исчезнати лица

Во инцидентот веројатно има многу повеќе жртви, откако под вода останаа најмалку дваесет села. Како резултат на пукањето на браната, погодени се домовите на околу 50 илјади лица.

Локален функционер за суданската информативна веб-страница Ал-Тагир изјави дека проценува дека има најмалку 60 мртви.

Амр Еиса Тахер, шеф за водни ресурси во провинцијата Црвено Море, рече дека штетата е голема.

Суданската новинска агенција Медамек, повикувајќи се на воената авијација, објави дека меѓу 150 и 200 лица се водат за исчезнати и дека многу селани се искачиле на карпести ридови за да избегаат од надојдените води.

Ѕидот на браната Арбат попуштил во неделата по обилните дождови.

Инцидентот се случи на 40 километри северно од Порт Судан - град на брегот на Црвеното Море, каде всушност е сместена владата на земјата.

Областа веќе е опустошена од граѓанската војна што избувна во Судан во април минатата година.

Случајот потсетува на она што се случи во Либија во септември минатата година, кога илјадници луѓе загинаа во градот Дерна како резултат на уривање на двата ѕида на браната. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократски Сојуз: Бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелни реформи и нова перспектива за младите

Претседателството на Демократскиот сојуз, на денешната проширена седница, расправаше за актуелните геополитички и безбедносни состојби.

Демократски Сојуз: Бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелни реформи и нова перспектива за младите

Претседателството на Демократскиот сојуз, на денешната проширена седница, расправаше за актуелните геополитички и безбедносни состојби, протестите во повеќе европски држави и нивните рефлексии во Македонија, предизвиците со кои се соочува државата, како и за новите програмски приоритети на Демократскиот сојуз.

Анализите укажуваат дека меѓу основните причини за протестите во европските држави се високото ниво на корупција, нефункционалноста на образовниот и здравствениот систем, неправедната распределба на доходот, сиромаштијата, ограничените можности младите да дојдат до сопствен дом, како и незадоволството од миграциските политики.

Демократскиот сојуз смета дека се неопходни дополнителни напори за деблокирање на евроинтеграциските процеси на Македонија, темелна анализа на причините за општественото незадоволство и протестите во европските држави, како и јасно дефинирање на националните приоритети и развојните политики на државата.

Демократскиот сојуз се залага за бескомпромисна, ефикасна и ефективна борба против криминалот и високата корупција. За тоа е неопходна темелна реформа на правосудниот систем во целина, преку донесување закон за борба против тешките облици на криминал, целосна департизација на институциите и воспоставување независен институционален механизам, ослободен од влијанието на политичките и бизнис-елитите.

Постојниот правосуден систем ја губи довербата на граѓаните и не обезбедува доволно гаранции за владеење на правото и еднаква примена на законите. Затоа, потребно е донесување закон за работата на Уставниот суд, утврдување ограничен мандат на судиите, со темелна евалуација на нивната работа на секои седум години, како и утврдување кривична одговорност за коруптивни одлуки. Неопходни се и поголема транспарентност во работата на судовите и преиспитување на законските можности за спогодување со обвинетите за корупција, со цел да се спречи нивното користење како механизам за избегнување соодветна одговорност.

Новиот Кривичен законик треба да се усогласи со релевантните директиви на Европската Унија, особено во делот на хармонизацијата на кривичната одговорност за високата корупција и конфискацијата на имот стекнат со криминал.

Здравството и образованието мора да станат вистински јавни системи достапни под еднакви услови за сите граѓани. Потребна е суштинска реформа на здравствениот систем, со еднаков пристап до квалитетни здравствени услуги, како и реформа на образованието, вклучително и затворање на високообразовните установи кои не ги исполнуваат академските стандарди и издаваат дипломи без соодветно исполнување на студиските обврски и полагање испити.

За младите е потребна јасна и долгорочна стратегија, која ќе понуди реални можности за решавање на станбеното прашање, започнување сопствен бизнис и професионален развој во државата. Младите треба да имаат перспектива тука да живеат, создаваат и да ја градат својата иднина.

Демократскиот сојуз дел од овие прашања ќе ги иницира и преку собраниските механизми, меѓу кои и донесување закон за борба против тешките облици на криминал.

Програмата и политиките на Владата мора да се приспособат на новите глобални и европски предизвици и промени.

Истовремено, за клучните национални и државни интереси потребно е иницирање и градење поширок политички и граѓански консензус.

Во оваа насока потребен е заеднички настап и единство пред Европската Комисија за забрзано движење на Македонија кон полноправно членство во ЕУ, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костадиновска Стојчевска: Со новиот буџет власта ги крати парите за култура и ги гази правата на културните работници

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната расправа за Предлог-буџетот за 2027 година, на Комисијата за буџет и финансирање, нагласи дека и во секторот култура дека наместо развој и инвестиции, власта продолжува со кратења. 

Костадиновска Стојчевска: Со новиот буџет власта ги крати парите за култура и ги гази правата на културните работници

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната расправа за Предлог-буџетот за 2027 година, на Комисијата за буџет и финансирање, нагласи дека и во секторот култура дека наместо развој и инвестиции, власта на ВМРО продолжува со кратења, неисполнети ветувања и целосно запоставување на културниот сектор.

Таа посочи дека Владата нема ниту стратегија за култура, ниту нови закони за заштита на културното наследство и Охридскиот регион, додека Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик останува нефункционален со само пет вработени.

„Овој инспекторат има само пет вработувања во две ипол години, едно превземање. Има јавни несогласувања и тврдења за негрижа на македонскиот јазик. И токму заради нефункционалноста и неприменливоста на Законот за употреба на македонски јазик, оваа власт покажа дека нема намера да направи ништо за овој закон да профункционира“, рече Костадиновска Стојчевска.

Во однос на работниците од секторот култура, Костадиновска Стојчевска потенцираше дека наместо предвиденото зголемување на платите од околу 6% годишно, буџетот за 2027 година предвидува зголемување од само 3,2%.

„Буџетот за 2027 година предвидува кршење на овој колективен договор, односно зголемувањето од околу 6% на годишно ниво е намалено на 3,2%. Односно оној предлог што синдикатот го добил, како што и тие самите кажаа од Владата, е вкалкулиран без нивна согласност. За жал и овој предлог буџет за 2027 година укажува на еден тренд којшто за жал се забележува и е навистина со многу голем зафат - наместо унапредување на правата на културните работници, повеќе од две години гледаме безмилосна борба против истите тие права“, рече Костадиновска Стојчевска.

Пратеничката од СДСМ, посочи дека културата ја завршува 2026 година без основни услови за работа.

„Националните установи како Центар за култура Битола и театар не само што немаат греење туку немаат ни договор со доставувач односно и да им се префрлени пари за средства за греење не можат да набават нафта со дополнителни пари за адвокати со инспекторат за македонски јазик којшто сеуште ја нема изработено својата стратегија само со пет вработени и со непознат број на извршени инспекциски надзори“, рече Костадиновска Стојчевска.

Посебно алармантна, како што кажа Костадиновска Стојчевска е состојбата со капиталните проекти и заштитата на културното наследство. Адаптацијата на старото училиште во Љубојно, кое треба да прерасне во современ центар за негување на македонскиот јазик, со години стои во место, иако проектот требаше да биде завршен до крајот на 2026 година.

„Во април оваа година бившиот министер објави дека до крајот на оваа година објектот ќе е завршен и дека пари има. И ако денес одите до Љубојно ќе го видите објектот е далеку од завршување затоа што исплатите за истиот односно по завршени обврски одамна застанале“, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа предупреди и на драстичното намалување на капиталните дотации до единиците на локалната самоуправа, како и на фактот дека две години нема јавни повици, резултати и транспарентна распределба на средствата.

„И доколку се погледне предлог буџетот гледаме намалување од минус 76,4% од минатата година, две години не го гледаме објавувањето на повикот за капитални дотации до единици на локална самоуправа. Нешто што е обврска на Министерство за култура и не се знае како тие пари коишто ние ги гледаме во два последователни буџети се воопшто распределени. Не гледаме јавен повик, не гледаме резултати, не гледаме средства. Две години тоа значи дека се работи спротивно на Законот за култура, а одговорност нема“, рече Костадиновска Стојчевска.

Дополнително, голем број најавени капитални проекти во културата остануваат нереализирани, а дел од нивните буџети се намалуваат од година во година. Меѓу нив се реконструкцијата на центрите за култура во Битола, Штип и Куманово, театрите во Прилеп и Охрид, Универзалната сала, Плаошник и реконструкцијата на Музејот на Македонија.

Таа посочи дека постојат и готови проектни решенија за реконструкција на Центарот за култура и театарот во Битола, како и за театарот во Прилеп, но тие не се реализираат.

Костадиновска Стојчевска посочи дека со новиот буџет се намалуваат и парите во областа на заштитата на културното наследство. Управата за заштита на културното наследство добива 6,8% помалку средства, додека за Скопското Кале намалувањето изнесува 88,6%.

„Ако веќе се земе резултатот од вториот ребаланс каде што и онака се намалија средствата, сега имаме уште помали средства што всушност ја става Управата за заштита на културно наследство во неможност да ги обавува и основните функции. Скопско Кале минус 88,6% намалување на буџетот во однос на минатата година“, рече Костадиновска Стојчевска, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петкоска: Предлог Буџетот за 2027 е развоен, а со тоа за Охрид како туристичка дестинација се создаваат услови за нови инвестиции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска,  на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, го посочи Охрид.

Петкоска: Предлог Буџетот за 2027 е развоен, а со тоа за Охрид како туристичка дестинација се создаваат услови  за нови инвестиции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, го посочи Охрид, како место од каде доаѓа и истакна дека целта е да се создадат услови за одржлив економски развој, нови инвестиции и нови работни места. Како што вели таа, Охрид има потенцијал да прерасне во целогодишна туристичка дестинација, но и во град со развиено производство, посилна инфраструктура и економија која ќе создава можности во текот на целата година.

,,Охрид е град кој најдобро знае колку вреди секој турист, секоја нова авиолинија, секоја инвестиција и секое ново работно место. Но, исто така знаеме дека Охрид не може да живее само од својата убавина и од туристичката сезона. Му требаат производство, инфраструктура, нови пазари и економија која работи во текот на целата година“, вели Петкоска.

Таа истакна дека целта е Охрид да се развие во целогодишна туристичка дестинација, со зголемен број туристи во текот годината, а не само во летната сезона.

,,Да има работа за хотелите, рестораните, туристичките водичи, превозниците и малите семејни бизниси, и тогаш кога нема летни гужви по охридските улици. И токму тука, гледам промена во развојна перспектива на Охрид. Новите авилонии, подобрената авионска поврзаност и модернизација на аеродромот ,,Св. Апостол Павле“, се конкретни чекори кон таа цел. Владата знае дека за Охрид освен туризмот се важни и други работи, пред само неколлку дена беше означен почетокот на изградба на нов производен комплекс на охридската компанија АСП ПАК. Инвестиција вредна над 10 милиони евра, реализирана во стратешко партнерство со Владата. За мене, и моите охриѓани ова е особено значајно затоа што зад оваа инвестиција стои охридско претприемништво, домашна компанија која растела, инвестирала и освојувала странски пазари“, рече Петкоска и додаде:

,,Тоа е доказ дека и од Охрид може да се произведува за светот. И токму тука е суштината на економскиот развој. Ни треба туризам, но ни треба и производство. Ни требаат нови туристи, но и нови извозни производи, ни требаат хотели, но и фабрики, ни треба инфраструктура, која ќе ги поврзе сите овие можности. Охрид е добар пример дека развојот не смее да се потпира само на една економска гранка. Само ако имаме што да покажеме зад себе, имаме основа одговорно да зборуваме за она што го планираме утре. Денес туризмот станува стабилна економска гранка, а не сезонска надеж. Ова е суштината на развојното планирање. Не само да потрошиме пари туку да создадеме услови тие пари да генерираат, нова активност, нвои приходи и нови работни места“, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер