Попов: Напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи е од значаен младински интерес - Канал 5

Попов: Напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи е од значаен младински интерес

Пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ, денеска се обрати на 71. седница на Собранието, посветена на пратенички прашања. 

Попов: Напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи е од значаен младински интерес

Во своето излагање, тој отвори три значајни теми за младите во земјава, како состојбата со младинската невработеност и мерките за самовработување, исполнувањето на домашните задачи, како и актуелната мерка на Владата за доделување 55.000 ваучери за купување електронски уреди за студентите, и истите ги упати до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Попов најнапред посочи дека младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства. Тој истакна дека самовработувањето е директен начин за младите да изградат сопствени бизниси и да придонесат кон економскиот раст: ,,Оттука, моето прво прашање би било, бидејќи знаеме дека пред некој ден се доделуваа решенијата за самовработувањето, во Владата на Република Македонија, моето прашање е: Колку договори односно ваучери за самовработување се издадени до сега и колку средства се издвоени за оваа мерка, во рамки на Оперативниот план за вработување?“, рече Попов.

Второто прашање на Попов се однесуваше на напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи, што според него, ова е од значаен младински интерес.

,,Второто прашање би ми било во делот на она што многу млади луѓе ги интересира, а тоа е до каде сме со онаа работа која што популарно во јавноста се нарекува завршување на домашната задача. Пред неколку денови имавте средба со претставници на ЕУ. Дали можеби можете да ни откриете повеќе детали околу тоа како планираме да ги исполниме обврските од тој план? Бидејќи како што напоменав, на секој млад човек, на сите мои врсници, исполнувањето на домашната задача односно завршувањето на реформите овде дома во Република Македонија, е прашање кое што е од особен младински интерес“, истакна Попов.

Попов го отвори и прашањето за мерката со која Владата им доделува ваучери на 55.000 студенти за купување електронски уреди. Тој нагласи дека ова не е само мерка, туку инвестиција во дигиталната писменост и иднината на младите.

,,Кога една влада презема обврска кон младите, особено кон студентите, тоа не е само мерка, тоа е инвестиција во иднината на државата. На самите 100 дена од мандатот на новата Влада, ја најавивте мерката за финансиска поддршка за купување на електронски ваучери од 15 300 денари. Мерка која што значи вложување во младите и во нивната дигитална независност и дигитална писменост. И затоа моето трето прашање е: Дали располагате со податок колку студенти до сега ја искористиле мерката за ваучери во вредност од 15 300 денари за електронски уреди и колку средства во буџетот се издвоени за оваа мерка?“, заклучи Попов, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Министерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој се нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран.

Напоменуваме дека напад врз здравствен работник и здравствен соработник претставува кривично дело . Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни.

Здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните. Насилството нема место во здравствените установи. Почитувањето и заштитата на здравствените работници мора да бидат заеднички приоритет, реагираат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговор

Украина стои зад нападот во кој потона рускиот брод „Меркури“ во близина на либискиот брег, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Руски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговор

Тој ја опиша операцијата како пример за украински одговор на руската војна, а во официјална изјава наведе дека украинските сили погодиле и втора цел, рускиот товарен брод, кој русија го користела за транспорт на оружје. Според Зеленски, руската корвета „Меркури“, еден од поновите бродови во флотата на Москва потонала по напад изведен од седум поморски дронови од украинско производство. И властите во источна Либија потврдија дека дошло до експлозија на руски брод кој бил застанат во поморска база во градот бенгази за да наполни гориво и да се врати кон Русија. Засега не е позната судбината на екипажот. Портпаролот на Кремљ, Песков изјави дека овие акции ќе резултираат со многу болни последици за режимот во Киев. Потонувањето на руски воен брод крај брегот на Либија претставува голем удар за путин и значително проширување на конфликтот, со оглед дека украина е оддалечена 1.600 милји од Бенгази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви кучиња, кои веројатно биле отруени

Над осум тела на мртви кучиња биле пронајдени на јавен простор во скопската населба Бутел. 

„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви  кучиња, кои веројатно биле отруени

Од здружението „Анима Мунди“ се сомневаат дека кучињата биле отруени и дека станува збор за кучиња од исто леглно и се пронајдени на исто место. Од здружението бараат поведување на истрага за овој случај и веруваат дека убиените кучиња имаат и сопственик.

Од полицијата за Канал 5 потврдија дека нема официјлна потврда за овој случај, исто и од Агенцијата за храна и ветеринарство. По објавувањето на снимките инспектори од АХВ излегле на терен да го проверат целиот случај. Но, мртвите тела на кучињата ги нема, а засега не потврди ниту една институции дека ги тргнала кучињата од местото каде биле најдени мртви. Од Анима Мунди објаснуваат дека најголем проблем со негрижата кон милениците води кон создавање на улични кучиња, а труењето е проблем и за луѓето, особено за децата.

Според, Член 233 од Кривичниот законик се предвидува парична казна или затвор до три години за неоправдано усмртување, грубо злоупотребување или мачење животно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер