Попоски-Курц: Низ Македонија ќе поминат толку мигранти колку што ќе примат земјите од ЕУ

Секој треба да си ја направи својата работа во својот дел и на своја територија за да можеме да имаме резултат кој ќе обезбеди хуман третман, но и безбедна и сигурна ситуација во однос на справување со мигрантската криза, се согласиле на денешната средба министрите за надворешни работи на Македонија и на Австрија, Никола Попоски и Себастијан Курц, кој во рамки на балканската турнеја низ шест земји, денеска престојува во Скопје.

- Најзначајно е дека Македонија е подготвена да ги преземе сите неопходни мерки за соодветно справување со мигрантската криза, нагласи македонскиот министер за надворешни работи Попоски на прес-конференцијата по средбата.

Шефот на австриската дипломатија истакна дека Македонија мора комплетно да биде подготвена да го стопира влезот на мигранти во нејзините граници, со оглед на тоа што по Грција, таа е прва држава која се соочува со мигрантите.

- Се договоривме дека Австрија ќе даде поддршка и тоа не само персонал од редовите на австриската полиција и војска, туку истовремено и опрема, за да и се овозможи на Македонија на најдобар можен начин да се справи со предизвикот, рече Курц.

Австрија досега има примено 90 илјади мигранти, истакна министерот Курц, а во 2016 година горната граница ќе биде 37.500 мигранти кои ќе бидат примени.

- Веројатно за некој месец нашата максимална бројка веќе ќе биде постигната, така што Австрија ќе мора да ги стопира мигрантите на својата граница. Од овие наши одлуки ќе има секако последици долж рутата која е засегната, а тоа се Србија, Словенија, Хрватска и Македонија, изјави министерот Курц.

Во однос на можноста за отворање нови бегалски прифатени центри и кампови, Курц посочи дека дали ќе се отвораат дополнителни кампови тоа зависи од политиките кои ќе се водат во државите кои се целни.

- Можно е доколку има голем број бегалци и во Македонија и во Грција да се отворат дополнителни прифатни центри каде што ќе мора да се задржат бегалците до моментот додека ќе можат да пројдат, но ние сме подготвени да дадеме помош и поддршка, рече австрискиот шеф на дипломатијата.

За време на средбата, на која се разговарало и за билатерланите односи и за ЕУ интеграциите, министерот Курц ја потврдил помошта од Австрија и во делот на контрола на границата и во делот на напорите за регистрирање, како во луѓе така и во опрема со цел Македонија да се справи на соодветен начин со сите мигранти кои транзитираат низ нејзина територија. Бидејќи сме транзитна земја, истакна Попоски, сите мерки кои ќе ги преземаме во следниот период ќе бидат во координација со нашите партнери и остантите земји кои се наоѓаат на овој коридор. Мерките кои ќе ги преземаме, подвлече, ќе бидат одраз на одлуките кои ќе се носат во Германија, Австрија и другите земјите-членки на ЕУ кои се крајна дестинација на мигрантите.

На прашање од австриски новинар кога Македонија ќе биде подготвена да ја затвори границата кон Грција и дали е подготвена да прифати австриски војници, Попоски појасни дека на оваа граница се преземени мерки да се спречат илегални влезови и да се обезбеди систем за регистрација на сите оние кои имаат основа да бидат баратели на азил во една од европските земји бидејќи доаѓаат во Македонија од земја-членка на ЕУ.

- Колку мигранти ќе влезат во Македонија, зависи од тоа колку мигранти ќе бидат примени во земјите-членки на ЕУ. Колку што ќе биде тој број, точно толку ќе пуштиме да транзитираат низ Република Македонија. Австрија може да прими 37.500, таа истата бројка треба да се стави за капацитет за апсорбција во Германија, во Шведска и во сите други земји и на тој начин ќе се добие тоталниот број кој ќе определи колку луѓе ќе можат да поминат низ македонска територија, појасни министерот Попоски.

Тој додаде дека повеќе од добредојдена е целата помош понудена од Австрија и од другите партнерски земји, особено знаејќи дека сите напори кои ги прават македонските институции во изминатиот период се финансирани исклучително од даночните обврзници на Република Македонија.

- До овој момент имаме добиено помош во полицајци. Во различни земји различен е системот. Она што ни е потребно се луѓе во униформа кои знаат да обавуваат задачи за контрола на границата и опрема која оди со нив. Кој и колку ќе дојде да ни помогне зависи од секоја влада, а во овој случај од австриската, одговори Попоски на прашањето за прифаќањето на австриски војници.

Курц за ова прашање дополни дека Австрија е подготвена да даде поддршка, но одговорноста, командата и водењето на целата работа и предизвиците, како што рече, ќе биде во рацете на Македонија.

- На македонска територија газди се македонските власти и ние одлучуваме за какви мерки и во колкава мера ќе преземеме, дециден беше Попоски, кој додаде оти на македонската граница во справување со илегалната миграција учествува гранична полиција, полициски сили, АРМ и тоа со сериозни напори за контрола и спречувања на нелегални преминувања на македонска територија.

Во однос на внатрешно-политичката ситуација во Македонија, шефот на австриската дипломатија Курц ги повика Владата и опозицијата да ги почитуваат сите склучени политички договори за да може да се обезбедат слободни и фер избори.

Според Попоски, било дискутирано дека важно за политичкиот дијалог и интересот кој го имаме како држава е навремено да се исполнат сите задачи и обврски кои ги имаме, особено, истакна, клучната спроведување избори на 24. април. Тоа, смета тој, на некој начин ќе ни ги отвори вратите кон поголема посветеност на евроатлантската агенда. Добродојдена е и можноста за набљудување на следните избори од австриска страна, како и од сите други заинтересирани земји од ЕУ, затоа што, рече, тие ќе ни помогнат да го потврдиме кредибилитетот и да го зајакниме на некој начин кој го спроведуваме во однос на спроведување на избори.

Попоски ги оцени како одлични билатералните односи со Австрија, како земја втор најголем инвеститор во Република Македонија со што се потврдува дека е значајна за нашиот економскиот развој. Информира дека е двете МНР го усогласиле Акцискиот план околу идната соработка и на кое делови ќе се концентрираат.

Шефот на македонската дипломатија потенцира дека Австрија е во групата пријатели на Македонија кои во изминатиот период се трудат да овозможат кредибилен процес на евроинтеграции за Македонија и отпочнување на процесот на преговори со ЕУ. /МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер