Помпео:Санкциите кон Иран мора да се спроведат

Соединетите држави денеска, самостојно и против сите, потврдија дека санкциите на ООН кон Иран ќе бидат повторно воведени овој викенд и дека Вашингтон ќе ги спроведе.

"Соединетите држави ќе го сторат она што го прават секогаш. Ќе го земат својот дел од одговорноста", рече американскиот државен секретар Мајк Помпео на прес-конференцијата во Стејт департментот со британскиот колега Доминик Рааб.

„Ќе направам се што е потребно за да осигурам спроведување на санкциите“, додаде тој.

На 20 август, Мајк Помпео ја активираше контроверзната постапка што треба да се активира еден месец подоцна, што значи овој викенд, за воспоставување меѓународни санкции кон Техеран. Тие санкции беа укинати во 2015 година, кога Иран склучи меѓународен договор со шест светски сили и се обврза да се откаже од програмата за развој на атомско оружје во замена за укинување на санкциите.

Скоро сите други членки на Советот за безбедност на Обединетите нации не им даваат право на Соединетите држави да го користат овој механизам за „привремено враќање“, со објаснување дека во 2018 година САД еднострано се повлекоа од договорот за иранската нуклеарна програма.

И покрај ова несогласување и изолација, американската дипломатија тврди дека повторно ќе бидат воведени санкции, особено ембаргото за конвенционално оружје кое истекува во октомври.

„ООН ќе спроведе санкции како и обично“, рече денеска Помпео, додавајќи дека тоа се мерки што произлегуваат од резолуцијата на Советот за безбедност.

Другите големи сили, вклучително и европските сојузници на Соединетите држави, ги игнорираа и гарантираа дека ништо нема да се промени по 20 септември, без оглед на американските изјави.

Доминик Рааб беше внимателен во Вашингтон за да не ги потенцира овие разлики.

Во август, Мајк Помпео ги обвини Велика Британија, Франција и Германија за „здружување на силите со ајатоласите“ на власт во Иран.

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Учениците од понеделник на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта  во Македонија од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен од оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Миовски фудбалер на годината на Абердин

Репрезенативецот на ѐмакедонија, центарфорот Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

Фудбалскиот клуб Абердин го прогласи македонскиот напаѓач Бојан Миовски за најдобар играч во тимот за сезоната 2023/2024.

Ова и не е толку големо изненадување ако се знае дека штипјанецот се најде и во идеалниот тим на сезоната во шкотската Премиер лига. Покрај тоа, Бојан е прв стрелец на Абердин, незаменлив е во првиот состав и главен адут на тимот.

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

притисни ентер