Помпео и денеска предупреди да не се соработува со Кина и Русија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и денеска предупреди за опасностите од соработката со Кина и Русија, на вториот ден од посетата на Централна Европа.

Говорејќи во Прага, Помпео предупреди за ризиците од чешкиот план за проширување на нуклеарната централа Дуковани.

„Партнерствата со руските и кинеските нуклеарни компании, всушност, ќе го загрозат чешкиот суверенитет“, рече тој по средбата со чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Помпео, исто така, ја пофали Чешката Република за модернизацијата на своите вооружени сили и повлекувањето на воената опрема од времето на Советскиот Сојуз.

„Сакаме да ја пофалиме Чешката Република за изборот на американска опрема за замена на одбранбената опрема од времето на Советскиот Сојуз и за намалување на зависноста од руската опрема“, рече тој. „Овој избор силно и тесно ќе ја поврзе Чешката Република со одбранбените способности на НАТО“, рече тој.

Помпео ги спомена и протестите во Белорусија по спорната изборна победа на Александар Лукашенко, велејќи дека Соединетите држави сакаат народот на Белорусија да ги добие слободите што ги бара.

Чешкиот премиер рече дека насилното задушување на мирните протести во Белорусија е „незамисливо“ и ја повика Европската унија да реагира.

Двајцата политичари разговараа и за економијата и безбедноста на новата 5G мрежа.

Помпео изјави дека раководството на Бабиш „придонело да се отвори патот за повеќе од 30 нации и територии да станат чисти кога станува збор за 5Г“.

Како дел од турнејата, Помпео ќе ги посети и Словенија, Австрија и Полска, каде ќе потпише договор за зајакнување на военото присуство во земјите.

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата

Посочувајќи дека меѓуетничките односи и темелите на нашата држава се потпираат на идејата, на концептот на Крушевскиот манифест,претседателскиот кандидат Пендаровски од Крушево порача дека наместо нов Устав, на граѓаните  им се потребни подобри услови

Посочувајќи дека меѓуетничките односи и темелите на нашата држава се потпираат на идејата, на концептот на Крушевскиот манифест, претседателскиот кандидат Пендаровски од Крушево порача дека наместо нов Устав, на граѓаните на оваа земја им се потребни подобри услови за живот, подобра економија и поголеми инвестиции, повеќе работни места и можности за младите, за да останат дома, во својата татковина.

„Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам не ни треба некој да биде повисоко, некој пониско. Нам ни треба подобра економија, подобра социјала, повеќе инвестиции, повеќе работни места. Ако го направиме тоа, можеме да кажеме дека бил успешен мандатот. Сè друго е карање со комшиите и внатре со најблиските, и карање на регионално ниво, со соседите – и тоа е погубно“, рече Пендаровски пред присутните.

Во оваа насока тој додаде дека и натаму ќе се залага за концептот на заедништво, бидејќи смета дека сите граѓани мора да бидат еднакви. „Отсекогаш сме биле мултиетничка држава и единствениот рецепт за просперитет е да се почитуваме едни со други“, рече Пендаровски.

Пендаровски ги повика крушевчани масовно да излезат на гласање и на 8 мај.

„Тогаш ќе ја видиме вистинската слика на тоа каква ја сакаме Македонија – внатре без две или три категории на граѓани, во која сме солидарни, во која си помагаме еден со друг, стари на млади, млади на стари, Македонци на Власи, Власи на Албанци, Албанци на Турци и.т.н. Една сложна фамилија. И убеден сум дека има мнозинство такви граѓани“, додаде Пендаровски.

Пендаровски во Крушево, во споменикот Македониум, положи и свежо цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев, соопштуваат од неговиот тим.

Силен земјотрес го погоди Тајван, засега нема информации за штета

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Хуалиен, источниот регион на Тајван, соопшти Метеоролошката служба.

Земјотресот бил почувствуван во главниот град Тајпеј, каде што се нишале згради, објави Ројтерс.

Метеоролошката служба соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 24,9 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Хуалиен беше погоден од земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер на 3 април, при што загинаа 17 луѓе.

После тоа се забележани уште 1.000 последователни потреси.

Карате мајстор победи мечка- со еден удар ја избрка и се спаси

Масато Фукуда (50) посетил водопад во близина на градот Најеро, на северниот остров Хокаидо, а потоа видел две мечки.

Една од нив се нафрлила на човекот и брзо зажалила. Масато е карате мајстор, па реагираше со молскавична брзина за да си го спаси животот.

„Морав да реагирам, бидејќи во спротивно немаше да преживеам“, изјави тој за медиумите.

Огромната мечка се обидела да го гризне Масато, но била принудена да се повлече по прецизен удар во глава, пишува Daily Star.

„Во таа прилика ја повредив ногата, но си го спасив животот“, објасни тој.

Животните веднаш побегнале, а човекот дотрчал до својот автомобил и ги снимал од безбедно растојание.

„Имав многу среќа. Кој знае што ќе се случеше ако не отстапеше“, додаде тој.

притисни ентер