Помалите партии поднесоа Предлог закон,Македонија да биде една изборна единица - Канал 5

Помалите партии поднесоа Предлог закон,Македонија да биде една изборна единица

Помалите парламентарни партии поддржани од СДСМ поднесоа измени на Изборниот законик со барање Македонија да биде една изборна единица.

Помалите партии поднесоа Предлог закон,Македонија да биде една изборна единица

Пратениците од Деморатски сојуз, Левица, ВМРО-НП, ЛДП и СДСМ до Собранието денеска поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со којшто се предвидува Македонија да биде една изборна единица на следните парламентарни избори наместо шесте изборни единици во коишто досега се бираа пратеници.

-Се предвидува Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционален модел, да нема изборен праг, и пресметката на пратеници дасе одвива преку Донтовиот количник, рече Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

Трајанов смета дека со овие измени дефинитивно ќе се демонтира еднопартиското владеење во нашата држава, Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните и ќе имаме можност повеќе партии да одлучуваме за круцијалните прашања, ќе се создадат основи за системски промени, за департизација, за деполитизација на државните институции и можности да се отвори робусна борба против криминалот и да се реализираат битни промени.

Пратеникот на ДС вели дека доколку се обединат сите пратеници кои не сме од големите партии СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, можат да го завршат овој процес успешно.

Доколку законот дојде во втора фаза, Трајанов рече дека во законот ќе се вгради и предлогот соодносот жени – мажи на листите да биде 50:50.

– Сме подготвени да ги прифатиме сите иницијативи кои се во функција да имаме порегуларни избори во нашата држава, рече пратеникот на ДС.

Пратеникот Панчо Минов го искажа ставот на СДСМ, посочувајќи дека ова прашање за една изборна единица е дел од ветувањето на владејачката партија и дел од владината програма.

-Нашиот став е недвосмислен дека во интерес на демократијата и парламентаризмот е дека пообјективност во делот на застапување на граѓаните е во случајот со РМ како модел што во исто време ќе значи поправична застапеност на субјектите што ќе учествуваат во изборниот процес исто така застапеност на помалите со соодветен праг, рече Минов.

Според него, важно е што повеќе партии да бидат застапени во Парламентот, родовиот сооднос, како и застапеноста на етничките заедници.

– Тие да бидат со една сериозна бројчаност застапени во Парламентот, рече Минов.

Апелираше измените да бидат донесени со консензус.

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица истакна дека неговата партија се приклучува кон оваа иницијатива за една изборна единица, и рече дека ќе ја поддржеле без разлика на предлагачот. Според нивните пресметки, Левица на минатите парламентарни избори била оштетена со тројца пратеници. Апасиев апелираше до сите пратеници да ги прифатат измените бидејќи тие придонесуваат за демократизација на општеството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Шоуто на Дончиќ на теренот и на прес-конференцијата

Еден од најдобрите свтески кошаркари, Словенецот, Лука Дончиќ продолжи со своите спектакуларни настапи на почетокот од НБА сезоната. 

Видео: Шоуто на Дончиќ на теренот и на прес-конференцијата

Словенечкиот кошаркар со 42 поена, 13 асистенции и седум скока, ги предводеше Лејкерси до убедлива победа од 138–117 над Мајами Хит.

Лука погоди шест тројки, што беше негов петти натпревар по ред со најмалку 37 постигнати поени. Ова беше четврти натпревар на Дончиќ со најмалку 40 поени во неговите последни пет настапи.

Во тој период, тој имаше просек од неверојатни 43,4 поени, 8,6 скока и 9,2 асистенции.

Само претходната вечер, против Торонто Репторс, тој постигна 45 поени и оствари 15 скока. Со оваа победа, Лејкерс стигнаа до учинок од 6 победи и 2 порази. Покрај Дончиќ, се истакна и Остин Ривс со 27 поени, како и Вокер Кеслер, кој забележа „дабл-дабл“ учинок со 15 поени и 15 скока.

Словенечкиот кошаркар имаше одличен почеток на натпреварот, што полека но сигурно станува традиција. Само до крајот на првата четвртина, Дончиќ забележа 16 поени, пет асистенции и четири скока, а до полувремето стигна до 24 поени.

Во првите четири и пол минути од второто полувреме, тој додаде уште девет поени, помагајќи им на Лејкерси да ја зголемат предноста на 93–74. Потоа, Мајами не успеа сериозно да се врати во натпреварот.

Дончиќ, кој минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец во НБА, оваа сезона е особено доминантен во првите четвртини, со просек од 15 поени.

YouTube video

Исто така, вреди да се напомене дека Дончиќ приреди вистинско шоу не само на теренот, туку и за време на прес-конференцијата по натпреварот. Тој им кажа на новинарите дека е подготвен да одговори на уште прашања, но откако го доби првото, со насмевка стана од столот и си замина.

Прашањето гласеше: „Зошто доби техничка грешка?“ Техничките грешки се чест проблем за Дончиќ; тој често ги добива поради своите реакции или расправии со судиите. Минатата сезона собра 16 такви грешки – само една помалку од Дилон Брукс, кој беше прв во лигата во таа категорија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во тек е полициска акција во Скопје и Штип поради злоупотреба на службената положба и овластување

Според информациите од МВР на неколлку локации во Скопје и Штип во тек е акција на полицијата за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ .

Во тек е полициска акција во Скопје и Штип поради злоупотреба на службената положба и овластување

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип, СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР, по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од страна на Р.Т. раководител на информатички сектор при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Северна Кореја тестираше касетна боева, уништува се пред себе!!

Северна Кореја тестираше касетна боева глава наменета за стратешка крстосувачка ракета, само неколку дена откако тестираше касетна бомба за балистички ракети, објавија денеска државните медиуми.

Северна Кореја тестираше касетна боева, уништува се пред себе!!

Тестовите биле спроведени во понеделникот за да се процени разорната моќ на боевата глава и способноста на проектилот за вертикален напад, објави Корејската централна новинска агенција (KCNA).

Според севернокорејските претставници, боевата глава може да уништи површина од пет до шест хектари, додека способноста на проектилот прецизно да ги погодува целите е подобрена.

Северна Кореја најави дека до крајот на годината ќе развие различни видови касетни боеви глави, а експертите проценуваат дека, преку подобрување на способноста за вертикален напад, Пјонгјанг се обидува да овозможи попрецизно гаѓање на подземните воени објекти и влезовите во тунелите на јужнокорејските сили, пренесува „Јонхап“.

Агенцијата додава дека јужнокорејската војска соопшти оти одржува високо ниво на подготвеност и поседува супериорни капацитети за одговор на евентуални провокации од страна на Пјонгјанг.

Портпаролот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, Џанг До-јонг, изјави дека јужнокорејската војска веќе има развиено системи за прецизни удари и одржува постојана оперативна подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер