Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
2Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
3Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
СветПолските земјоделци ја блокираат границата со Германија, шпанските на протест во МадридПолските земјоделци денеска започнаа четиридневна блокада на границата со Германија и затворање на сите сообраќајниците во двата правца, што ќе го оневозможи прекуграничниот сообраќај, јавуваат денеска локалните медиуми.Блокиран е граничниот премин на автопатот Берлин - Варшава, како и други патишта кои ги поврзуваат двете земји, а низ кои секојдневно поминуваат околу 17.000 камиони, поради што полските и германските власти очекуваат значителен сообраќаен метеж. Полските земјоделци на крајот на февруари на 24 часа го блокираа прекуграничниот сообраќај со трактори, камиони и комбиња. Земјоделците бараат укинување или олеснување на ограничувањата наметнати со планот на ЕУ „Зелен договор“ за борба против климатските промени, како и враќање на царините за увоз на украински земјоделски производи, кои Брисел ги укина по избувнувањето на војната во Украина. Протести на земјоделците денеска има и во Шпанија. Илјадници шпански земјоделци повторно демонстрираа со стотици трактори во главниот град Мадрид, барајќи подобри цени за нивните производи и промени во земјоделските политики на Европската унија, пренесува ДПА. Почнувајќи од рано наутро, земјоделците од различни делови на Шпанија тргнаа кон Мадрид, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот. Демонстрантите најпрвин со караван од трактори се упатија до Министерството за животна средина, а оттаму до Министерството за земјоделство. Земјоделските здруженија најавија дека ќе ги интензивираат протестите доколку владата не понуди решенија за многуте проблеми со кои се соочува земјоделскиот сектор во земјата. Владата на Шпанија веќе направи некои отстапки во обид да ги смири земјоделците, но нивните сдруженија ги оцебија тие мерки како недоволни. Шпанските фармери, како и многу земјоделци ширум Европската унија, протестираат поради тешките економски услови и строгите регулативи за кои земјоделците велат дека им ја отежнуваат работата и го прават производството неодржливо и неисплатливо./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизПочина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата. Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга. Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот. „Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот. Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчукВо четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.Состојки за денешниот рецепт: 4 јајца 1 главица кромид 1 домат 150 гр. свежи печурки 1 зелена лута пиперка 100 гр. кашкавал малки мајонез масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТеодора Евтимовска-Бојковска е предложена во Собранието за нова судијка во Уставниот судТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот. Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година. Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook