Половина тим на Баерн под знак прашалник за дуелот со Арсенал - Канал 5

Половина тим на Баерн под знак прашалник за дуелот со Арсенал

Голманот Мануел Нојер останува надвор од теренот за гостувањето на Баерн Минхен кај Хајденхајм во сабота во Бундеслигата. Тој е меѓу петте отсутни за натпреварот, објави тренерот на Баварците, Томас Тухел.

Половина тим на Баерн под знак прашалник за дуелот со Арсенал

Нојер (38) доживеа потрес на мозокот пред повеќе од две недели додека беше на должност со германската репрезентација. Тој ги пропушти победите во пријателските натпревари против Франција и Холандија, како и поразот на неговиот клуб Баерн од Борусија Дортмунд со 2-0, што практично стави крај на надежите за одбрана на домашната титула.

Свен Улрајх ќе биде на голот на гигантот од Минхен денеска, додека Нојер се очекува да се врати на теренот следната недела кога Баерн ќе му гостува на Арсенал во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Натпреварот со Хајденхајм ќе го пропуштат и напаѓачите Кингсли Коман и Лерој Сане, средниот бек Александар Павловиќ и дефанзивецот Нусаир Мазрауи.

-Не станува збор за тоа некој од петмината да се одмори пред нашиот натпревар во вторник. Тие не се во составот бидејќи не се целосно фит, така што има прашалници и за вторник. Нема ни да внимаваме кој колку минути игра, рече Тухел.

Шефот на Баерн Минхен додаде дека неговата екипа треба да победи на гостувањето во Хајденхајм минатиот викенд пред да размислува за Арсенал.

-Имаме класичен случај Давид против Голијат пред страсните домашни навивачи кои ќе ги поддржат. Потоа ни претстои голем натпревар и ќе се концентрираме на тоа, но не можеме да го прескокнеме она што не чека во сабота, прокоментира Томас Тухел. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Во четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. палента

100 гр. кашкавал

50 гр. сирење

1 мала кисела павлака

20 гр. путер

сол, бибер,

сув зачин и свежо нане

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]

Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на contact@myla.org.mk

За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката.

Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите.

Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба.

Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција.

Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица.

Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини.

Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер