Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
2Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
СветПолјаци копале во дворот и пронашле фетусиМорничаво откритие во полското село Луториж во близина на Жешов ја шокираше јавноста откако остатоци од човечки фетуси и медицински отпад беа пронајдени закопани на приватен имот.Земјиштето претходно му припаѓало на 57-годишна специјалистка по патологија кој оттогаш е приведена, пишува „Euronews“. Откритие за време на земјени работи Окружното обвинителство во Жешов потврди дека било известено за откритието на 10 јуни. „Значителни количини медицински отпад, главно парафински блокови и микроскопски слајдови, беа откриени на имотот во селото Луториж“, рече портпаролот на обвинителството Кшиштоф Чиехановски. „Според досегашните сознанија, овие предмети беа откриени за време на земјени работи на имотот. Меѓу отпадот беа пронајдени човечки фетус и други остатоци за кои се верува дека се рани фази на фетуси или нивни фрагменти. Експерти за судска медицина дојдоа на местото на настанот и потврдија дека станува збор за човечки фетуси“, додаде обвинителот. Медиуми: Пронајдени повеќе од 30 тела Првите информации беа за десетина пронајдени фетуси, но медиумите подоцна објавија дека истражителите пронашле остатоци од околу триесет тела. Обвинителството нагласи дека точниот број ќе биде познат дури по стручните испитувања и идентификацијата на целиот пронајден материјал. Работата на имотот ќе продолжи следната недела, а обвинителството објави дека во овој момент нема да објави повеќе информации за случајот. Истрагата се води за сквернавење на мртовец, што носи казна до две години затвор, и за нелегално складирање на опасен отпад, за што казната може да биде до дванаесет години затвор. Утврдено е дека сегашните сопственици го купиле парцелата од 57-годишната патолог Магдалена Х., која беше приведена во Замошќ во четврток. Жената требаше да биде испрашана, но тоа не се случи. Како што објави Радио Жешов, таа се разболела за време на притворањето и побарала медицинска помош, по што била однесена во болница. Според медиумските извештаи, жената тврдела дека останките потекнуваат од материјал што се користи за патолошки испитувања. Неофицијално, постои и можност дел од материјалот да е земен од болницата за време на пандемијата „COVID-19“, што истражителите моментално го проверуваат. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
НБАЛука Дончиќ испишува НБА историја: Го надмина и Џордан – вакво нешто не е видено уште од далечната 1963 годинаЕден од најдобрите светски кошаркари, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Словенецот, Лука Дончиќ е на прагот на НБА историјата, со просек од 38,5 поени – достигнување што не е видено уште од 1963 година и Вилт Чемберлен.Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжува својата сезона од сништата. Лука ја игра сезоната на кариерата, а синоќа ја демонстрираше својата моќ во победата на Л.А. Лејкерс против Сакраменто (116:103) – тим кој, иако неочекувано, беше неговиот „прв“ избор на НБА-драфтот. Со оглед на тоа што Сакраменто ја пропушти можноста да го избере, Дончиќ секогаш е посебно мотивиран кога игра против „Кингси“, а со оглед на формата во која се наоѓа на почетокот на сезоната, дополнителна мотивација и не му е потребна. Така, Дончиќ повторно ја покажа својата сила и докажа дека во моментов е главен кандидат за МВП-наградата, бидејќи никој не е ни блиску до бројките што ги остварува Словенецот. Дополнително, тимот на Лејкерс изгледа многу подобро отколку минатата година. Претходната вечер, Лука Дончиќ постигна 40 поени, оствари девет скока и седум асистенции. Во играта на Лејкерси, апсолутно сè се врти околу него, па овој пат тој „ги држеше сите конци во свои раце“ додека беше на теренот. Имаше солиден шут од 11 од 23, погоди шест тројки, а единствена негативност беа шесте изгубени топки. Дончиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој на шест натпревари по ред остварил повеќе од 35 поени, пет скока, пет асистенции и пет погодени тројки, а никој досега нема постигнато повеќе од 300 поени и 50 асистенции во една НБА сезона побрзо од него. И што е најинтересно – тоа не е сè; Дончиќ е на прагот на бројки какви што во НБА не се видени уште од шеесеттите години на минатиот век. Most PPG over a player's first 8 games of a season, NBA history: Wilt Chamberlain - 52.3 (1962-63) Wilt Chamberlain - 50.0 (1961-62) Wilt Chamberlain - 39.6 (1959-60) Luka Doncic - 38.5 (2026-27) Michael Jordan - 38.4 (1986-87) https://t.co/BremYunAZ6 — Underdog NBA (@UnderdogNBA) November 5, 2026 Поточно, тој има најдобар просек во првите осум натпревари уште од времето на Вилт Чемберлен во 1963 година (52,3 поени), а го надмина и остварувањето на славниот Мајкл Џордан од сезоната 1986/87, кој тогаш имаше просек од 38,4 поени. Лука Дончиќ моментално има просек од 38,5 поени.Тагови: ЛА Лејкерс Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ПалентаВо четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.Состојки за денешниот рецепт: 200 гр. палента 100 гр. кашкавал 50 гр. сирење 1 мала кисела павлака 20 гр. путер сол, бибер, сув зачин и свежо нане Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗдружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката. Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook