Политичар на видеоконференција во Европскиот парламент се појави по долна облека (ВИДЕО)

Ирскиот политичар  Лук „Минг“, Фланаган е снимен на видеоконференција на комитет на Европскиот парламент во неговите гаќи.

Европратениците учествувале во дискусиите преку видео-врска поради пандемијата на коронавирус. Комитетот за земјоделство и рурален развој мирно дебатирал кога одеднаш Фланаган им се појави на сите на екраните , додека седи на кревет.

Тој се чинеше дека не бил свесен дека камерата го прикажува и долниот дел .. „Ви благодарам многу, комесаре Хан. Очигледно треба да се обидеме да го извлечеме максимумот од нашиот долар “, рече ирскиот европратеник додека ги триеше своите голи нозе.

„Во земји како Ирска каде луѓето плаќаат помалку, земјоделци страдаат уште повеќе“, додаде тој.

Сцената беше премногу смешна за преведувачите бидејќи можеше да се слушне воздржување од смеа додека зборувал европратеникот.

Ексцентричниот ирски политичар кој се вика Минг затоа што изгледа како Минг безмилосниот од Флаш Гордон, го објави инцидентот на Твитер. Тој објасни дека штотуку се вратил од трчање. „Бев во маица пред две минути. Одлучив да облечам кошула за да изгледам попристојно.“, напиша тој.

Почина Милош Јакеш последниот лидер на чешките комунисти

Милош Јакеш кој беше последниот генерален секретар на Комунистичката партија на поранешната Чехословачка, почина во 97 година од животот.

Тој станал лидер на комунистите во 1987 година и беше нивен водач во времето на кадифената револуција во 1989 година, кога беше ставен крај на 40-ет годишното комунистичко владеење во некогашна чехословачка, пренесе АП.

Во 1994 година Чехословачка по мирен пат се раздели на Чешка и Словачка.

Излезеноста до 13 часот во Велес е 28,76 проценти

Од вкупно 45 989 гласачи регистрирани на Единствениот избирачки список, до 13 часот гласале 13 226 гласачи или 28,76 проценти на 84 избирачки места во Општина Велес.

Лили Велковска, претседател на Општинската изборна комисија, изјави дека на сите 84 гласачки места гласањето се одвива мирно и во демократска атмосфера./МИА

До 13 часот во Битола гласале 32,4 отсто од гласачите

Во Демир Хисар 31,8 а во Ресен 23,5 отсто 

Општинските изборни комисии од Битола, Демир Хисар и Ресен информираат дека изборниот процес во нивните подрачја се одвива без проблеми и демократски.

До 13 часот во Битола гласале во Битола гласале 32,4 во Демир Хисар 31,8, а во Ресен 23,5 отсто од гласачите./МИА

притисни ентер