Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
МакедонијаПолицискиот синдикат се заблагодари за бонус-платата и очекува таа да се исплаќа и во иднинаПраво за добивање бонус-плата имат сите вработени во МВР кои работеле 150 часа подолго од полното работно време, а во текот на годината не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден.Македонскиот полициски синдикат (МПС) ги извести своите членови, вработени во Министерството за внатрешни работи, дека денеска на сметките на околу 5000 нивни колеги кои ги исполнуваат условите за исплата на бонус-плата за 2019 година ќе им бидат префрлени по околу 25.066 денари, колку што изнесува просечна плата во земјава. Веста за бонус-платата за полициските службеници и вработени во МВР пред малку на Фејсбук ја објави и премиерот Оливер Спасовски. Право за добивање бонус-плата имат сите вработени во МВР кои работеле 150 часа подолго од полното работно време, а во текот на годината не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден. -Како репрезентативен синдикат во рамките на МВР кој во изминатиот период преговараше со работодавецот да се започне со исплата на бонус-плата, право кое е загарантирано со Законот за работни односи и Колективниот договор на МВР и, донесен и потпишан од МПС и МВР, сакаме да изразиме голема благодарност до сите чинители во МВР и во МПС кои изминатиот период работеа на решавање на овој проблем и започнување на исплата, а посебна благодарност до г. Оливер Спасовски со кој како министер за внатрешни работи го постигнавме договорот, соопшти МПС. Синдикатот додава дека искрено верува процесот за исплата на бонус-платата во иднина да продолжи како тековна активност, со планирање на средства во буџетот, но и сите други права и основи кои како синдикат и работодавец ги предвиделе и нотирале во Колективниот договор на МВР. -Процес кој ќе резултира на сведување до минимум покренувањето на судски постапки по овој основ што резултираат со испумпување на енормно голема сума на парични средства од буџетот на МВР од кој, за жал, најголемиот процент легнаа на сметките на адвокатите и извршители, народни пари кои се и тоа како неопходни за нормално функционирање на Министерството за внатрешни работи. Пресметките кажуваат дека со овие средствва зачително ќе се подобри статусот на вработените преку домаќинско работење и обезбедување подобри услови за работа и матријално-технички средства за вработените, додава МПС. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Црна хроникаСо „Ролс-ројс“ возел со 194 км/час на автопатот Гостивар- Тетово, гостиварецот е приведен Мобилната единица на МВР со полициски пресретнувач откри возач кој управувал „ролс-ројс“ со брзина од 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово.Вчера во 12:05 часот, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале патничко моторно возило „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки, кое се движело со брзина од 194 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. Возачот Б.М. (44) од Гостивар е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се соодветни мерки и активности, а против него ќе биде поведена соодветна постапка согласно закон. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли на територијата на целата држава, вклучително и со употреба на специјалните полициски возила – пресретнувачи, со цел навремено откривање и санкционирање на несовесните возачи, унапредување на безбедноста на патиштата и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. Непочитувањето на ограничувањата на брзината претставува еден од главните фактори за предизвикување сообраќајни незгоди, кои неретко имаат сериозни последици по човечките животи, здравјето и имотот. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на патиштата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПет минути ужас во православната црква во Јордан – убиени се најмалку 7 верници (ВИДЕО)Сцени на паника во црква во регионот Карак во Јордан се снимени на видео од внатрешноста на зградата во моментот на вооружениот напад во кој загинаа седум лица, а најмалку 34 беа повредени, од кои некои сериозно.Видео снимката што е објавена во јавноста покажува толпа верници како трчаат во паника и бараат засолниште штом се слушнале првите истрели, објави Прототема. Најмалку едно лице се чини дека паѓа мртво од огненото оружје на напаѓачите, кои влегле во областа со оружје во рацете. Двајца вооружени лица (со трето лице) излегле од возило и отвориле оган за време на погреб во селото Хамуд во покраината Карак, соопштија јорданските власти. - Најмалку седум лица се убиени во пукотница во грчка православна црква во селото Хамуд, во покраината Карак. Дирекцијата за јавна безбедност соопшти во соопштение. Очевидец изјави за телевизиската мрежа Ал-Мамлака дека напаѓачите пукале пет минути пред да избегаат. Тој рече дека меѓу 150 и 200 луѓе биле присутни во и надвор од црквата во времето на пукотницата. A heinous terrorist attack against Saint George Greek Orthodox Church in Jordan has killed six people and injured many others. When an al-Qaeda commander is elevated to the presidency of a neighboring country, the consequences extend far beyond its borders. https://t.co/cxaHmFUUms — Greco-Levantines World Wide (@GrecoLevantines) October 23, 2026 Повеќето од жртвите биле на возраст меѓу 50 и 70 години. Во тек е истрага за идентификување и пронаоѓање на напаѓачите. Областа Карак, со население од околу 375.000 жители, е дом на голема христијанска заедница. Ваквите насилни напади не се вообичаени во Јордан, иако имало неколку крвави инциденти.Тагови: Јордан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВЛЕН: Растот на минималната плата од 67% ја покажува разликата меѓу двете владеењаВЛЕН оценува дека растот на платите останува едно од клучните прашања за подобрување на животниот стандард на граѓаните.ВЛЕН оценува дека растот на платите останува едно од клучните прашања за подобрување на животниот стандард на граѓаните, а податоците за минималната плата покажуваат зголемување на номиналните приходи на работниците во периодот 2024-2026 година. Според податоците објавени од министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, минималната нето-плата од 22.567 денари во 2024 година се зголемила на 24.379 денари во 2025 година, додека во 2026 година изнесува 26.046 денари. Вкупното зголемување изнесува 3.479 денари. Во споредба со периодот 2016-2018 година, кога минималната плата се зголемила од 10.080 на 12.165 денари, односно за 2.085 денари, номиналниот раст во првите две години од актуелниот мандат е за 67% повисок, односно за 1.394 денари повеќе. По податоците за просечната плата, и овие бројки го ставаат во фокус прашањето за приходите на работниците и нивната куповна моќ. За ВЛЕН е важно економскиот раст и политиките за платите да се одразат во секојдневниот живот на граѓаните и во можноста на семејствата да ги покриваат животните трошоци. Разликата меѓу двата периода се гледа преку конкретните бројки. ВЛЕН останува посветен на политики насочени кон зголемување на платите, подобрување на условите за работа и унапредување на животниот стандард. Целта е приходите на работниците да продолжат да растат, а економското подобрување директно да го почувствуваат граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21