Полицискиот час тропа на врата?! - Канал 5

Полицискиот час тропа на врата?!

Неделава, Комисијата за заразни заболувања ќе ја разгледува можноста за воведување на полициски  час. 

Полицискиот час тропа на врата?!

Воведувањето на оваа мерка зависи и од тоа дали бројката ќе расте и каков ќе биде капацитетот на новите ковид центри во интерните клиники, дознава Канал 5 од извори од здравство. Микробиологот Никола Пановски за Канал 5 објаснува дека е потребен полициски час со цел да се намалат бројкте. Загрижувачки е трендот на починати и дали и колку ќе издржат здравствените работници во овие услови.

„Треба полициски час, барем две недели. Сепак имаме движење на малдата популација. Требаѓше и порано. Јас уште во август реков да се воведе краткок час на старот на есента“, објасни микробиологот Никола Пановски.

Ковид центрите во интерните клиники ги бројат пациентите со Ковид 19. На интерните клиники се предвидени 150 места, а одкако ќе се пополнат петте клиники место повеќе ќе се бара и на очната клиника и на Клиниката за уво, нос и грло, каде ќе има 100 кревети. Во последните 24 часа на Клиниката за неврологија и клиниката за кожни болести примени вкупно 29 пациенти. Во инистутот за белодробни заболувања има 54 пациенти. Во дел од клиниките каде не биле превидени да имаат потреба од поставување на кислород , се ставаат дополнителан опрема.

Според докторите најголем број од пациентите скоро 90 проценти се на кислородна поддршка. Во болницата ГОБ „8 септември“ поставен е нов резеровар на течен кислород од 20 тони, досегашниот резеровар не ги исполни барањата на големиот број пациетни зависни од кислородно лекување. Дневно овде се троши минимум по два тона кислород. Од болницата објаснуваат дека дневно по 200-те пациенти со симптоми на ковид 19 доаѓаат на прегледи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев, во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол Уркиза

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, денеска (08.07.2026) пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на Република  Македонија.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев, во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол Уркиза

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ генералниот секретар Уркиза беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба.

На средбата се разговараше за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, размената на информации и унапредување на заедничките механизми за справување со современите безбедносни предизвици, како и за продлабочувањето на партнерството со Интерпол и за унапредувањето на меѓународната полициска соработка, како еден од клучните предуслови за ефикасна борба против прекуграничниот и организираниот криминал и за поголема безбедност на граѓаните.

Во рамки на официјалната посета на Охрид, генералниот секретар на Интерпол придружуван од директорот на Бирото за јавна безбедност, ги посети дел од најзначајните културно-историски знаменитости на градот. За време на посетата беше запознаен со богатото културно наследство и историските вредности на Охрид, кој како природно и културно богатство е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО.

Посетата на знаменитостите претставуваше можност високиот гостин одблиску да се запознае со традицијата, културата и историското значење на Охрид, еден од најстарите и најпознати градови во регионот.

Генералниот секретар на Интерпол Уркиза, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев ги посетија и мешаните македонско-српски полициски патроли, кои се ангажирани во Охрид во текот на летната туристичка сезона. При посетата, генералниот секретар беше запознаен со начинот на функционирање на мешаните патроли и нивната улога во обезбедувањето поголема сигурност за граѓаните и туристите. Беше истакнато дека ваквиот модел на меѓународна полициска соработка придонесува за унапредување на довербата меѓу полициските служби, поефикасна комуникација со странските посетители и повисоко ниво на безбедност во туристичките центри.

Охрид, како дел од светското културно и природно наследство заштитено од УНЕСКО, беше симболичен почеток на оваа посета – затоа што безбедноста не значи само справување со заканите, туку и грижа за заштитата на вредностите, наследството и богатството што ги носиме низ генерациите.

Посетата на Генералниот секретар на Интерпол продолжува утре во Скопје, со официјалниот дел од програмата, во рамки на кој се предвидени активности во Министерството за внатрешни работи, посета на Полициската академија, средби со највисокото државно раководство и разговори за натамошно унапредување на меѓународната полициска соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа на терен во Сингелиќ: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналот

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните работи за регулација на одводниот канал во населеното место Сингелиќ.

Хоџа на терен во Сингелиќ: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналот

Министерството инвестира 21 милион денари во овој проект, а градежните активности на терен се веќе во напредна фаза со бетонирање на коритото со цел трајна заштита од поплави. Овој канал е клучен дел од хидромелиоративниот систем за одводнување „Скопско Поле“ и прифаќање на атмосферските води.

,,МЖСПП спроведува инфраструктурна офанзива низ целата држава. На овој начин ги поставуваме темелите за вистински зелен пресврт”, изјави министерот Хоџа и дополни дека во тек е подготовка и на четири други значајни проекти со кои се модернизира комуналната инфраструктура на општина Гази Баба.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на системско решавање на децениските проблеми на граѓаните и подигнување на квалитетот на животот во секое населено место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија

Македонската делегација на овој Самит на НАТО во Анкара пред своите колеги ја претставија македонската позиција и посветеност за континуирано унапредување на одбранбените капацитети.

НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија

Сојузниците остануваат посветени на зацврстувањето на безбедноста и единството на Алијансата, а со зајакнување на соработката, зголемување на инвестициите во одбраната, развојот на европската и трансатлантската одбранбена индустрија и јакнењето на одбранбените капацитети и способности, Алијансата ќе биде уште посилна.

Тоа се пораките кои беа испратени од денешниот (8 јули) состанок на Северноатлантскиот совет на ниво шефови на држави и влади, на кој учествуваше и македонска делегација составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, а предводена од претседателката и врховен командант на македонската Армија, Гордана Сиљановска – Давкова.

На состанокот стана збор и за заедничката безбедносна и одбранбена политика во рамки на ЕУ зашто „посилна Европа значи и посилно НАТО.“ Дополнително, учесниците разменија мислења и за актуелните безбедносни случувања во Украина и Иран како и за влијанието на Кина.

Во заедничката изјава по завршување на состанокот на лидери, министерот Мисајловски посочи дека пораката од сите европски земји е дека имаме заедничката безбедносна и одбранбена политика и дека земјава е дел од оваа европска политика.

„Ако во рамките на НАТО сме семејство на исто ниво, тоа треба да важи и за Европската Унија“, рече Мисајловски и додаде дека повеќето држави го поздравија придонесот која нашата земја го прави во поглед на колективната безбедност.

Македонската делегација на овој Самит на НАТО во Анкара пред своите колеги ја претставија македонската позиција и посветеност за континуирано унапредување на одбранбените капацитети. Дополнително од страна на министерот Мисајловски било нагласено дека земјава останува да биде одговорен и посветен сојузник кој активно придонесува кон колективната безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер