Полицискиот билтен секојдневно исполнет со сообраќајни прекршоци–зошто казните не даваат ефект? - Канал 5

Полицискиот билтен секојдневно исполнет со сообраќајни прекршоци–зошто казните не даваат ефект?

И покрај зголемениот број полициски контроли на улиците, билтенот на МВР речиси секојдневно е исполнет со сообраќајни прекршоци.

Полицискиот билтен секојдневно исполнет со сообраќајни прекршоци–зошто казните не даваат ефект?

Само вчера се изречени дури 82 казни за возење без возачка дозвола, додека за управување моторно возило под дејство на алкохол се санкционирани 5 возачи. Во текот на вчерашниот ден, околу 14 часот во Тетово е приведено едно лице поради управување под дејство на алкохол, кај кој се измерени 2,15 промили во крвта, а против возачот ќе биде поднесена и соодветна пријава.

-Во петокот и во деновите од минатиот викенд како резултат на активностите, односно сообраќајните контроли спроведени од полициските службеници на патиштата низ земјата, беа издадени вкупно 2.553 платни налози. Од нив 252 учесници во сообраќајот се затекнати без возачка дозвола, а изречени се 104 санкции за возење под дејство на алкохол.За оние до кои нема да стигнат превентивните мерки, МВР презема и репресивни мерки. Најчести причинители кои доведуваат до сообраќајни несреќи се непочитувањето на сообраќајните правила и прописи. МВР годишно изрекува околу 250.000 санкции од кои најмногу за брзо возење, потоа за возење под дејство на алкохол итн, - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Во текот на изминатиот викенд, поради возење под дејство на алкохол се приведени 8 лица на територија на целата држава, а најголема концентрација на алкохол во крвта е измерена во Кавадарци кај лица кои возеле со 3,34 и 2,65 промили.

Сообраќајните прекршоци остануваат секојдневие, а казните кои се изрекуваат од страна на полициските службеници не се доволен мотив за да престане прекршувањето на законите.

Со изречени казни се соочуваат и возачи поради пребрзо возење, неносење појас, поминување на црвено светло, зборување на телефон.. Покрај нив, со изречување казни се соочуваат и возачи поради управување со нерегистрирани или технички неисправни возила. Не се изоставени ниту мотоциклистите кои ја нарушуваат безбедноста во сообраќајот. Шестмина мотоциклисти се санкционирани од страна на полицијата поради тоа што возеле без да носат заштитна кацига.

-Сообраќајната култура мора да им се вгради и вгнезди на децата уште од најмала возраст, а тука големо влијание имаат родителите, но и целокупниот воспитно-образовен процес-- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Министерството за Внатрешни Работи истакнаа дека МВР ќе продолжи со сообраќајните контроли и следниот период. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат законските правила за безбедност во сообраќајот за да се спречат понатамошните инциденти на патиштата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот суд

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. 

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот суд

Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот.

Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година.

Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави

Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави

Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар како и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

На состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на претседателството На Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ; претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула; вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година со цел европска интеграција на земјите од Западен Балкан и стабилизирање на состојбите преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два нови полначи за електрични возила во Општина Ѓорче Петров, донирани од Гоу Грин

Општина Ѓорче Петров доби два нови полначи за електрични возила, донирани од Здружението за  одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ (Go Green). 

Два нови полначи за електрични возила во Општина Ѓорче  Петров, донирани од Гоу Грин

Полначите, со моќност од по 22 kW, се поставени на општинскиот паркинг на улицата „Ѓорче Петров“ бр. 22, каде што се инсталирани, тестирани и ставени во функција.

Со оваа донација се унапредува инфраструктурата за електрична мобилност во општината и се создаваат подобри услови за користење електрични возила од страна на локалните жители и посетители. Полначите се приклучени на електричната мрежа, со придонес од соларната енергија произведена од фотонапонските панели на општинската зграда. На овој начин, локалното производство на обновлива енергија се поврзува со потребите за полнење електрични возила.

Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје

Донацијата е реализирана во рамките на проектот Community Mobility Co-operative Pilot (COMOCO), што во Македонија го спроведува „СмартАП - Лабораторија за социјални иновации“, чија цел е развој и тестирање модели за заедничко користење и управување со инфраструктурата за електрична мобилност. Преку соработката со Општина Ѓорче Петров, „Гоу Грин“ придонесува за развој на практични решенија за одржлива урбана мобилност и поголема примена на електричните возила во локалната заедница.

Поставувањето на двата полначи претставува конкретен пример за тоа како соработката меѓу граѓанските организации и локалната самоуправа може да резултира со функционална инфраструктура и долгорочни придобивки за граѓаните. Ваквите иницијативи се важен чекор кон почиста, поодржлива и поефикасна мобилност во урбаните средини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер