Полицијата упадна во просториите на Баерн: Се сомневаат на перење пари за олигарх - Канал 5

Полицијата упадна во просториите на Баерн: Се сомневаат на перење пари за олигарх

Билд пишува дека инспекторите од федералната криминална полиција во вторникот извршиле рација во Алијанц Арената и ги пребарале просториите на клубот Баерн.

Полицијата упадна во просториите на Баерн: Се сомневаат на перење пари за олигарх

Сето ова е направено поради сомнеж за перење пари на узбечко-рускиот олигарх Алишер Усманов, кој според проценките тежи 14 милијарди долари. Поранешниот претседател на Баерн, Ули Хенес беше во добри односи со Усманов. Резултатите од потрагата се уште не се познати.

„Не водиме никаква истрага против Баерн, ниту против челниците или членовите на клубот“, соопшти Јавното обвинителство. Баерн не е осомничен во овој случај, но луѓето поврзани со клубот би можеле да се најдат во улоги на сведоци. Хенес пред девет години беше осуден за даночно затајување и одлежа 18 месеци затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

На ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.

За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Во Франција изби нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. најмалку 270 луѓе се уапсени во судирите во кои полицијата употреби солзавец во повеќе градови.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Демонстрантите протестираат поради високите цени и бараат повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги. Немири ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур, Гренобл, Тулуз, каде многу објекти се демолирани или запалени, а во Лион во оган пламнал туристичкиот информативен центар на плоштадот Белкур.

Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се прошири од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците, на кои им се придружија и припадници на движењето „жолти елеци“. Премиерот Лекорну изјави дека протестите се меѓу најнасилните во последните неколку децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред

Од информациите пристигнати досега до Државната изборна комисија, од вкупно 88 болни или немоќни лица, своето право на глас го оствариле 85.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и  се одвива во најдобар ред

Од вкупно 9 лица кои се запишани во Избирачкиот список а се на издржување на казна затвор или притвор, досега гласале 7 гласачи. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Северна Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред, без евентуални проблеми или потешкотии во остварување на избирачкото право или одвивање на изборниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер