Полицијата лиши од слобода велешанец, во градот возел 109 километри на час - Канал 5

Полицијата лиши од слобода велешанец, во градот возел 109 километри на час

На улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, вчера во 08:12 часот го лишиле од слобода 24 годишниот велешанец С.Ј. од Велес.

Полицијата лиши од слобода велешанец, во градот возел 109 километри на час

Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, при контрола на патниот сообраќај со радар полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 109 километри на час во населено место каде што максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Седум жртви имаше и во 2022 и во 2018, но од тие што денес се најгласни немаше барање за оставка од тогашниот министер

„Како општество, еднаш засекогаш, мора да престанеме да се лажеме и да почнеме да зборуваме отворено. Јас ќе говорам со бројки, бројки коишто за жал, позади себе имаат име, презиме, загубен човек, многу болка и тага“, рече Панче Тошковски.

Тошковски: Седум жртви имаше и во 2022 и во 2018, но од тие што денес се најгласни немаше барање за оставка од тогашниот министер

„Како општество, еднаш засекогаш, мора да престанеме да се лажеме и да почнеме да зборуваме отворено. Јас ќе говорам со бројки, бројки коишто за жал, позади себе имаат име, презиме, загубен човек, многу болка и тага“, рече Панче Тошковски, министер за внатрешни работи на вечерашниот настан во рамки на кампањата „16 дена активизам“, под мотото „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилство“, во организација од Унијата на жени, Градскиот комитет и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека бројот на фемициди за 20026 година е седум и дека сите ги знаат со име и презиме кои се, а исто толку, седум имало и во 2022 година.

„Памтите некое име од 2002 година? Тоа не е бројка. Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 година. Дали некој од вас памти име на некоја од тие жени? Седум е бројката на загинати жени како последица на семејно насилство 2018 година. Дали некој од овие коишто протестираа денеска, граѓани на коишто им го разбирам гневот, го разбирам незадоволството, го разбирам разочарувањето, но дали некој од тие памти име на жена која го загубила животот како последица на семејно насилство во 2018 година“, запраша Тошковски.

Тој додаде дека мораме отворено да говориме за оваа тема, ова е едно од најголемите општествени зла коишто ги има во Македонија и ако тоа го признаеме ќе биде многу полесно за во иднина да видиме што треба да направиме, како да го направиме.

„Дали полицијата е таа којашто е единствена во рамки на системот општествен којшто треба да делува или има и други институции коишто треба да го дадат своето, невладини организации, а пред се би тргнал од семејството. Претпоставува дека и по четврт пат ќе има барање за интерпелација за период од две години за министерот на внатрешни работи, но не се сеќавам дека некој од оние коишто сега од петни жили се обидуваат да ја префрлат вината на министерот за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, во 2022 кога исто сме имале седум фемицид, истите тие коишто денес се најгласни да побарале оставка од тогашниот министер. И тоа е нивно право, но тие лажејќи се себеси се обидуваат да го лажат и македонскиот народ дека ова коешто го прават и ова коешто денес, за нив е најголем приоритет бил и во 2022, бил и во 2018 година. Ама кога тие биле на власт, тогаш не бил, но и тогаш седумте жртви на фемицид имале име и презиме, како што имаат и денес“, рече Тошковски.

За разлика од тогаш, ние денес дејствуваме, рече Тошковски, така што во 2026 година е сменет Кривичниот законик со кој се предвидува телесната повреда да биде кривично дело коешто по службена должност постапува Министерството за внатрешни работи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема рација во Германија против групата „Терор 18“- меѓу уапсените и 14 годишни тинејџери

Голем удар врз неонацистичката група „Терор 18“! За време на рација насочена кон наводната крајно десничарска организација, која е составена главно од млади луѓе.

Голема рација во Германија против групата „Терор 18“- меѓу уапсените и 14 годишни тинејџери

Канцеларијата на германскиот федерален обвинител уапси тројца осомничени. Уште тројца наводни членови на групата беа приведени во октомври. Тие се осомничени за планирање напад врз центар за прием на бегалци во Долна Саксонија, објавува „Билд“.

Рацијата беше спроведена денеска. Истражителите ги уапсија лицата идентификувани како Ласе Г., Кале К. и Шон З. во Бранденбург, Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн.

Според извештаите, сите тројца имале помеѓу 14 и 17 години во времето на злосторствата. Нивната точна возраст не е откриена.

За време на обемната операција, околу 70 полицајци истовремено претресоа десет објекти во неколку германски федерални покраини.

Млади, крајно десничарски и склони кон насилство

Според Канцеларијата на федералниот обвинител, групата „Терор 18“ произлезе од онлајн заедница за која се сомнева дека многу брзо се радикализирала.

Нејзините претежно млади членови беа обединети од нивното отфрлање на демократскиот поредок. Сепак, нивните активности наводно не застанале само на ширење омраза и поттикнување насилство.

Групата е осомничена за планирање палење, сериозни насилни злосторства, па дури и целни убиства на странци и политички противници во Германија.

Планирале напад врз центар за прием на бегалци

Според истражителите, нападот веќе бил во подготовка. На крајот на октомври, членовите на групата наводно планирале да запалат центар за прием на бегалци во градот Венсен.

Полицијата го спречила нападот, а уште тројца осомничени членови на групата се веќе во притвор.

Покрај нив, се води истрага против уште четворица тинејџери, на возраст од 14 до 16 години, кои сè уште се на слобода. Тие се осомничени, меѓу другото, дека ѝ дале поддршка на оваа организација.

Истрагата е покрената по информациите доставени од Федералната канцеларија за заштита на уставниот поредок.

Истражниот судија на Федералниот Врховен суд ќе одлучи за притворот на двајцата новоуапсени, додека третиот ќе биде изведен пред истражниот судија на Окружниот суд во Хелмштет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осуден е англискиот репрезентативец, Рахим Стерлинг

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг доби условна казна затвор од 12 месеци за опасно возење, со 18-месечен пробен период, објави денес „Скај Спортс“.

Осуден е англискиот репрезентативец, Рахим Стерлинг

На Стерлинг (31) му е изречена двегодишна забрана за возење и му е наредено да изврши 100 часа општествено корисна работа.

На претходното рочиште во септември, Стерлинг призна дека на 28 мај, додека возел опасно по автопат, предизвикал несреќа во која го уништил своето „Ламборџини“.

Репрезентативецот исто така, призна дека поседувал шест шишиња азотен оксид наменети за нелегално вдишување, како и дека одбил да даде примерок за тестирање.

Судијката Кирсти Алман ги зеде предвид олеснителните околности - признанието на Стерлинг за вина, фактот дека немал претходни осуди и дека имал „чист“ возачки досие до неговото апсење во мај.

Англискиот фудбалер не е ангажиран од јули, а во текот на својата кариера играл за Ливерпул, Манчестер Сити, Челзи, Арсенал и Феенорд.

Одигра 82 натпревари за репрезентацијата на Англија и постигна 20 гола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер