Полицајката, која имала секс со колегите, има понуда за нова работа - Канал 5

Полицајката, која имала секс со колегите, има понуда за нова работа

На полицајката која била отпуштена откако деталите за секс скандал станаа вирални на интернет, ѝ е понудена нова позиција, но во стриптиз клуб.

Полицајката, која имала секс со колегите, има понуда за нова работа

Меган Хол (26) беше отпуштена од полицискиот оддел Ла Верњ во Тенеси, САД, по истрагата во декември 2022 година. Во меѓувреме, седум други полицајци исто така беа отпуштени или суспендирани без плата.

Истрагата започнала откако градоначалникот Џејсон Кол пријавил гласини за сексуални дејствија до одделот за човечки ресурси. Според извештаите, г-ѓа Хол наводно имала афери со тие колеги, кои сите биле во брак, и тоа „додека била на должност“. Таа, исто така, се наведува дека разменувала голи фотографии со други, изведувала орален се*с во станицата и била гола на забава во друштво.

Како што веста за скандалот се рашири како шумски пожар низ ТикТок, Редит и Твитер, г-ѓа Хол била осудена на платформите на социјалните медиуми за нејзиното однесување. Сепак, нејзиниот сопруг останал покрај неа, како и локалниот стриптиз клуб Дежа Ву. „Ја сакаме во Дежа Ву Нешвил на 17 март“, изјави регионалниот директор на клубот, Мајкл Дурам.

Поради нејзиниот статус на „славна личност“, клубот смета дека Хол може да биде одлична во бизнисот и да донесе многу клиенти. „Го разбрав моралниот бес“, продолжил Дурам. „Меѓутоа, таа повеќе не е вработена во полицискиот оддел ЛаВерњ. Таа сега може да избере што е најдобро за неа финансиски“.

Тој потоа открил дека стриптиз-клубот ѝ нуди 10.000 долари за да настапи на две места за да го прослави 34- тиот роденден. Полициската станица се огласи и рече дека е посветена на правење промени за да спречи сличен скандал да се случи во иднина. Ваквите промени вклучуваат преквалификација на сите вработени во градот за „правилата, прописите и очекувањата поставени од градското раководство“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНРиТ: Во врска со случувањата со Михајлова беше повикан амбасадорот на Република Бугарија

Во врска со случувањата поврзани со Ива Михајлова, денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјазко Радуков.

МНРиТ: Во врска со случувањата со Михајлова беше повикан амбасадорот на Република Бугарија

На амбасадорот му беше пренесено дека начинот на кој Ива Михајлова беше пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивен на заложбите за развој на добрососедските односи.

Воедно, беше нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на нашата држава и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот. Националната припадност или поседувањето друго државјанство не смеат да служат како основа за заштита од одговорност пред надлежните институции.

На средбата беше посочено дека од Република Бугарија, како членка на Европската Унија, очекуваме постапување во согласност со основните европски принципи – почитување на судските постапки, институционална соработка и владеење на правото.

На амбасадорот му беше пренесено дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе преземе соодветни чекори за информирање на меѓународните институции, особено институциите на Европската Унија и Советот на Европа.

На средбата уште еднаш беше нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, при што истата посветеност и одговорност ја очекуваме и од бугарската страна.

МНРиТ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Станари од зграда пријавиле поплава од фекалии од див приклучок на угостелски објект, општина Аердром со став „винови се жителите“

Куќен совет во населбата Аеродором добил предупредувачко писмо од општината Аеродром од инспекторката за домување Вилма Апостолоска дека ќе го казни претседателот на заградата на куќниот совет заради неодржување на одводната канализациона мрежа.

Станари од зграда пријавиле поплава од фекалии од див приклучок  на угостелски објект, општина Аердром со став „винови се жителите“

Куќен совет во населбата Аеродором добил предупредувачко писмо од општината Аеродром од инспекторката за домување Вилма Апостолоска дека ќе го казни претседателот на заградата на куќниот совет заради неодржување на одводната канализациона мрежа поточно шахта која припаѓа на зградата.

Овој допис стигнал до претседателот откако заедницата на станари реагирале до општината дека угосителски обејкт до зградата од тоалетот е приклучен во нивната шахта и ги полни подрумите со фекалии скоро три години. Станарите повикале мајстор, кој утврдиле дека фекалиите се од угостителскиот објект кој е директно приклучен во шахтата и им дал и писмено одговор каде е причината. За чистење и санирање на штета платиле 500 евра. Но, од општината се прогласуваат ненадележни и ги повикуваат водовод кој исто така се нагласуваат дека тоа не е во нивна наделженост, треба да го реши општината, за да на крај виновен е оној кој пријави проблем. Земјиштето каде што дел од тоалетот на уготстелскиот објект и шахтата го откупиле жителите на зградата, и има писмен одговор одоговор за отстранување на дел од урбаната опрема која ја дава градот Скопје донел одлука да биде остранета и истиот допис е пратен во општина Аеродром кој досега ништо нема постапено.

„Ние не можеме да разбереме, општина Аерoдром беше ставена на мапа со нилската треска, јасно беа посочени вакви места како извор за комарци, реагираме, друг поплавува се гледа од каде е цевката и никој не постапува и на крај ние сме виновни, велат жителите.

Граѓаните велат дека по повикот на премиерот Христијан Мицкоски каде повикува граѓани да пријават корупција ќе го пријават овој случај, зошто нема одговор туку казна.

Во овој случај јасно се гледа нема меѓусебна комуникација помеѓу институциите. Претседателот на куќниот совет реагирал, а инспектор од општина Аеродром кажува дека е ненадлежен, а притоа не објаснува како станарите да реагираат туку ја префрлаат ситуацијата со други институции, а наведува дека е виновен претседателот кој исто така бара спас во институција.

Ова е еден од примерите каде секој се повикува за ненадлежен, а во исто и време нема прецизирано закони кој и како е надележен. По пожарот во Кочани каде загинаа 63 луѓе и трае се уште судскиот процес. Главен атрибут на јавното обвинителство е непостапувањето на инспекторите во целиот случај на време. Одбраната на обвинетите реагира дека различни закони даваат различни ингеренции и на крај останува празнианта кој треба да реагира. Министерството за економија донесе измени во законот за угостилеска дејност. Предлог-измените на Законот за угостителска дејност се во финална владина процедура и се изработуваат одговорно, со целосно вклучување и имплементирање на сите забелешки од надлежните институции. Нашата цел е јасна – да воведеме ред, да ги затвориме правните празнини и да спречиме каква било можност за произволна примена на законот, велат од Министерството за економија за Канал 5.

„Свесни сме дека угостителството не се регулира само со еден закон, туку и со повеќе од 15 правилници од различни институции, од кои дел се постари од 15 години. Токму затоа побаравме техничка помош од Европската Унија за изработка на темелна анализа и во иднина подготовка на целосно нов Закон за угостителство, како и за усогласување на подзаконските акти со современите стандарди што се применуваат во западноевропските држави“, потенцират од економија. Од министерството за економија објаснуваат дека по трагедијата во Кочани, Министерството за економија и труд издаде вкупно 7 лиценци – 3 за кабаре, 2 за дискоклуб и 2 за дискоклуб на отворен простор – исклучиво по спроведени постапки согласно важечкиот закон и по добиени сите потребни согласности. За министерството за економија важна е безбедноста на граѓаните. Потребни се европските стандаради и правила за безбедност, но и чесни угостители.

НОВИОТ ЗАКОН ЗА УГОСТЕЛСКА ДЕЈНОСТ МОРА ГИ РЕГУЛИРА И БРОЈОТ НА КАФЕАНИ, РЕСТОРАНИ И КАФЕ БАРОВИ ВО ЗГРАДИТЕ

Од друга страна при барање да се добие дозвола за угостелски објект освен што се гледа добиениот елаборатат, никој не доаѓа на терен и да види на мал простор колку објекти за угостителска дејност има во какви услови се.

Граѓаните реагираат дека треба да има промени во делот на добивање на урбана опрема да се види колку вакви објекти има на мал простор, многу често дел од опремата е и опаснот од пожари но и неможност да пристапи противпожарно возило, раскажуваат граѓаните. Многу често од мали дуќанчиња се направени кафе барови каде и самата комунална и одводна мрежа е проблем од заглавни хартии и измет и друг отпад завршува во подрумите во зградата, велат граѓаните. Од градот Скопје велат дека таква одредба нема, каде има ограничување на број на угостителски објекти.

„Инспекцискиот надзор во оваа област вршат градежната општинска инспекција, комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат. Во однос на поплаките за бучава, надлежни за постапување се инспекциските служби на општините.

Користењето на летна тераса се наплатува согласно утврдениот надоместок, кој изнесува 15 денари по метар квадратен на ден. Законските одредби и висината на казните се пропишани и изгласани од страна на законодавецот, а санкциите се определуваат во зависност од видот и тежината на сторениот прекршок. “, велат од Град Скопје.

Граѓаните од скопски Капиштец од иницијативата „За пристоен Капиштец“,го кренаа гласот против гласната музика на угостителски објект. Велат дека има мал чекор, музиката е за поника за некој децибел, но има вечери кога повоторно се пријавува.

„И натаму има вечери кога бучавата е над дозволеното и кога има нарушување на јавниот ред и мир. Оваа промена ја гледаме како резултат на притисокот што го создадовме преку долгогодишните пријави, медиумската видливост и мирниот протест, а не како воспоставен систем на контрола. Со години сите ние индивидуално поднесувавме претставки, повикувавме институции и баравме решенија. Но кога голем број соседи застанаа заедно, стана јасно дека не станува збор за изолиран проблем, каприци или за незадоволство на неколку поединци. “, раскажуваат граѓаните.

Државниот пазарен инспектрат извршил 4432 надзори, издале 1792 прекршочни налози во вкупна вредност 250 илјади евра казни. Од инспекторат обајснуваат дека треба итна промена на Законот за угостителска дејност да се стави и делот на бројот на угостителски објекти во една зграда, но и дека казните се многу ниски до 300 евра ако се врши угостителска дејност надвор од деловниот објект, без давање на одборение издадено од градоначалникот на Град Скопје. Многу често плаќаат казни, но проблемите остануваат велат за канал 5 од Државниот пазарен инспекторат.

Од министерството за економија потенцираат дека во предлог измените на законот за угостителска дејност се во финална фаза и се ставаат сите забелешки. По трагедијата во Кочани се заоструваат мерките за добивање на дозволи и лиценци за ноќни барови и кабареа, дискотеки на отворен простор.

Предлог-измените на Законот за угостителска дејност се во финална владина процедура и се изработуваат одговорно, со целосно вклучување и имплементирање на сите забелешки од надлежните институции. Нашата цел е јасна – да воведеме ред, да ги затвориме правните празнини и да спречиме каква било можност за произволна примена на законот, велат од Министерството за економија за Канал 5.

„Свесни сме дека угостителството не се регулира само со еден закон, туку и со повеќе од 15 правилници од различни институции, од кои дел се постари од 15 години. Токму затоа побаравме техничка помош од Европската Унија за изработка на темелна анализа и во иднина подготовка на целосно нов Закон за угостителство, како и за усогласување на подзаконските акти со современите стандарди што се применуваат во западноевропските држави“, потенцират од економија. Од министерството за економија објаснуваат дека по трагедијата во Кочани, Министерството за економија и труд издаде вкупно 7 лиценци – 3 за кабаре, 2 за дискоклуб и 2 за дискоклуб на отворен простор – исклучиво по спроведени постапки согласно важечкиот закон и по добиени сите потребни согласности. За министерството за економија важна е безбедноста на граѓаните. Потребни се европските стандаради и правила за безбедност, но и чесни угостители.

ИВАНОВСКА: ГРАДОТ СКОПЈЕ И ОПШТИНИТЕ ЈАВНО ДА ГИ ОБЈАВИ КОЈ ДОБИЛ ДОЗВОЛА И ЗА ШТО?

За експертите кои ја следат корупцијата објаснуваат дека корупција со општините и угостителите има и без да има потврда дека некој земал пари или не. Билјана Ивановска, поранешна претседателка на антикорупциската комисија објаснува дека, корупција е и кога некој не постапува по пријава, на некој начин замижал ја злоупотребил службената положба и издале дозвола што не е во согласност со законската регулатива.

Скопје е брутално натрупано пред самите влезови на зградите, целосно запоседнат јавен простор од кафе бар или кафана каде што не може да се помине, зафатено зеленило, цели тротоари. Не може само писмени елаборати, треба на терен да се провери натрупансот од вакви објекти, бучава, миризба колкав простор имаат граѓаните или со еден збор не може неколку угостителски објекти во една зграда или во секоја зграда во еден каватр. За естиката воопшто не се помилсува, но никој не помислува дека ваквиот зафатен простор е проблем да пристигне брза помош, против пожарно возило, потенцира Ивановска за канал 5. За Ивановска она што треба да направи Град Скопје и сите општини е на своите веб страници да ги објави сите издадени дозволи, со што граѓаните може да се информираат и да реагират. Реакциите на граѓните за сите прекршувања од угостителите и постапувањето навремено од инспекторите може да биде превенција од нови трагедии по примерот на Кочани.

Овој текст е изработен во рамките на проектот „Заедници со интегритет“, поддржан од Владите на Швајцарија и Шведска во Северна Македонија и имплементиран од Националниот демократски институт (НДИ). Содржината на овој текст е единствена одговорност на авторот и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на проектот, донаторите или имплементаторот. Швајцарија и Шведска не мора нужно да ги делат ставовите изразени во овој текст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ружински: Инвестираме во развојот на Берово со нова мултифункционална сала, обновени улици и детски игралишта

Ова не е само преглед на реализираните проекти. Ова е отчет, за преземената одговорност, за одлуките што ги донесуваме и за насоката во која заедно го движиме Берово.

Ружински: Инвестираме во развојот на Берово со нова мултифункционална сала, обновени улици и детски игралишта

Драги сограѓани, почитувани медиуми,

Довербата што ја добив од вас, ја прифатив како голема одговорност и обврска, да работам посветено, чесно и во интерес на Општина Берово и сите нејзини граѓани.

Денеска, после речиси една година, од стапувањето на функцијата градоначалник, пред Вас го презентираме сработеното, проектите што ги реализиравме, активностите што ги презедовме, средствата што ги вложивме и резултатите што ги постигнавме во повеќе области, од значење на секојдневниот живот.

Ова не е само преглед на реализираните проекти. Ова е отчет, за преземената одговорност, за одлуките што ги донесуваме и за насоката во која заедно го движиме Берово. Во изминатиот период, со јасно поставени приоритети и посветена работа, започнавме со реализација на повеќе значајни инфраструктурни проекти, насочени кон подобрување на условите за живот и унапредување на инфраструктурата во Општина Берово и тоа: Започна реализацијата на проектот за изградба на мултифункционална сала во рамките на Домот на култура „Димитар Беровски“.

Изградена е на нова пристапна улица – крак од ул. „Мирче Ацев“, во централното градско подрачје, во Берово. Реконструирани се тротоарите на дел од улицата „Задарска“ и направен е нов зелен појас на улицата, изграден е армирано-бетонски потпорен ѕид, на улица „Маршал Тито“ во Берово, асфалтирана е улицата „Гоце Делчев“ во с. Ратево, изграден е канал за одведување на атмосферските води во с. Ратево, изградени се 2 потпорни ѕида, во с. Ратево. Оградена и партерно е уредена депонијата за градежен шут, на локалниот пат „Берово – Абланица -Црвен Брег", извршено е одведување на атмосферски води од улица "Први Мај" –во Берово, направена е доградба на фекална канализација во Ромско Маало, втор крак од ул. "23 Август" – Берово.

Поставени се јарболи пред општинската зграда и кај споменикот на загинатите бранители во воениот конфликт 2001 година, реконструирани се мостовите на река Брегалница. Во тек е изработка на техничка документација, за поставување на нов фотоволтаичен систем на Пречистителната станица за отпадни води, во Берово. Во тек се проекти за реализација на: Реконструкција на Крак од ул.29.Ноември Берово, реконструкција на крак 1 и крак 2 на ул. 15 Корпус, изградба на Секундарна водоводна мрежа во с. Ратево, реконструкција на крак од ул.Први Мај – Берово, реконструкција на ул.,,2”.

Континуирано се врши обнова на уличното осветлување, при што промена и подобрување на уличното осветлување е извршено во: село Смојмирово и село Будинарци. Во рамки на Програмата за заштита од штетно дејство на водите за 2026 година, извршено е чистење на коритото на реката Брегалница. Во насока на подобрување на условите за најмладите: Најмладите жители на селата Двориште и Будинарци, добија детски игралишта. Обезбедeни се услови за бесплатно предучилишно образование за деца Роми, во социјален ризик. Во насока на подобрување на условите за образование: Успеавме да подмириме дел од натрупаните обврски на Средното општинско училиште „Ацо Русковски“, со што обезбедивме услови за негово стабилно и непречено функционирање и продолжување на воспитно-образовниот процес во интерес на нашите ученици.

Се реализираат проекти во рамките на Еразмус+ програмата во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово. Во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” поставена е гумирана подлога на игралиште во подрачно училиште во с. Митрашинци, а нови светлечки елементи се поставени во училишниот двор во Берово. Покрај тоа, доделуваме средства, кои се се наменети за поддршка, мотивација и подобрување на условите за живот, енергетска ефикасност, социјална заштита и образование и тоа: Доделуваме средства за првенец на генерација, за поддршка и признание за најуспешните ученици. За секое првоодделенче и за секој ученик во прва година гимназија, запишани во нашето училиште. За секое новороденче и првородено дете, за млади лица за полагање возачки испит (Б категорија), за лица со попреченост, за студенти, како субвенција за клима уреди, со приоритет на стари лица, кои живеат сами.

Вложуваме во спортот, преку поддршка на ФК ,,Малеш “ од Берово, поддршка во организација на турнири, поддршка на ППК Еклектик, а имавме и успешна реализација на Работнички спортски игри . Континуирано вложуваме во опремата на ТППЕ Берово, а добивме и специјално противпожарно возило, донирано од Доброволното противпожарно друштво Битње, Република Словенија.

Преку проект за нега и грижа на стари лица во домашни услови, се грижиме за старите лица. Во областа на културата, организиравме и поддржавме голем број значајни настани, со кои го збогативме културниот и општествениот живот во Берово – од тридневната новогодишна програма и одбележувањето на големиот христијански празник Велигден, преку настанот по повод завршувањето на учебната година, па се до централниот културно-туристички настан – Етно плоштад фестивалот , кој со својата богата музичка програма и Саемот на традиционални производи „Малешевијата на дланка“, понуди можност за промоција на малешевската традиција, домашните производи и творештвото на локалните изложувачи, привлекувајќи голем број посетители од Берово, регионот, целата држава и пошироко.

Понатаму, презедовме конкретни активности во насока на подобрување на животната средина и јакнење на локалната заедница – организиравме акција за расчистување на депонијата за градежен шут и еколошки акции, обезбедивме финансиски средства за реализација на проекти на граѓанските организации преку јавен повик, организиравме работна средба со претставници од локалната бизнис-заедница, обезбедивме бесплатен Wi-Fi во централното градско подрачје, а со цел поголема вклученост на граѓаните и институциите во решавањето на локалните предизвици, формиравме Локален младински совет, Совет за социјална заштита и Локален совет за превенција, тела кои активно работат и придонесуваат во своите области.

Почитувани сограѓани,

Берово е нашето место под сонцето, нашиот дом и нашата љубов – место кое го носиме во срцето и кое сите заедно имаме обврска да го чуваме, развиваме и оставиме уште подобро на генерациите што доаѓаат. Затоа, продолжуваме посветено да работиме, со јасна визија, со конкретни идеи за Берово да биде општина со подобри услови за живот, повеќе можности за младите, поддршка за семејствата и нови перспективи, за секој наш граѓанин. Особено ми е важно да создадеме општина во која младите ќе имаат причина да останат, да се развиваат, да ги реализираат своите потенцијали и тука да ја градат својата иднина.

Овој отчет е пресек на сработеното во изминатиот период, но и основа за она што следува. Верувам дека најголемите резултати ги постигнуваме тогаш кога работиме заедно, со иста цел, со меѓусебна доверба и со искрена желба, да направиме нешто добро за нашата заедница. Ви благодарам за довербата, за поддршката и за секој предлог, за секоја конструктивна критика и секоја сугестија. Продолжуваме да работиме за Берово – за нашите граѓани, за иднината што заедно ја создаваме.

Ви благодарам!

YouTube video

Петар Ружински, градоначалник на Општина Берово

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер