Полицаец, прогласен за мртов по цунамито во 2004, е најден жив - Канал 5

Полицаец, прогласен за мртов по цунамито во 2004, е најден жив

Полицаец кој бил прогласен за мртов во 2004 година по цунамито во Индонезија, сега е пронајден жив.

Полицаец, прогласен за мртов по цунамито во 2004, е најден жив

Несреќниот човек бил пронајден во психијатриска болница, каде ги поминал последните 16 години откако доживеал нервен слом поради невидената трагедија, пренесува Дејли меил.

Абрип Асеп бил на должност кога цунамито во Индискиот Океан ја погоди Индонезија на 26 декември 2004 година. Неговото семејство било скршено од болка, бидејќи мислеле дека Асеп е меѓу повеќе од 230.000 луѓе кои починаа кога бранови повисоки од 30 метри ја зафатија Југоисточна Азија.

Но, тој по речиси две децении е пронајден жив и повторно е со своето семејство, објавија локалните медиуми. За сето ова време тој бил во психијатриска болница во провинцијата Ацех. Таму стигнал поради траумата што ја доживеал за време на цунамито. Семејството тогаш го пријавило неговото исчезнување и подоцна бил прогласен за мртов.

Шокантното откритие дека тој е сè уште жив се случило минатата недела. Потоа на социјалните мрежи започнале да кружат фотографии со семејни пораки.

- Не можев да верувам, немаше новости скоро 17 години. Мислевме дека е мртов, немавме поим дека е сè уште жив, изјавил еден член на неговото семејство.

Полицијата потврдила дека мажот пронајден во психијатриската болница е Абрип. Сè уште не е познато зошто семејството не било известено за сето тоа време дека тој е во болницата, пишува Дејли меил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер