ЗабаваПокажувајќи го станот го покажа и своето голо телоЕмили Ратајковски одлучи да се пофали со својата дневна соба во која доминираат боите.„Утрата во домот“ напиша таа во описот од фотографијата на која седи на простран кауч потполно гола. View this post on Instagram Mornings at home ✨ A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on Oct 28, 2019 at 8:47am PDT Оваа фотографија за неполн ден собра повеќе од милион лајкови на Инстаграм.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востаниеНа 11 Октомври 1941 година, македонските востаници му се придружија на антифашистичкиот демократски фронт, решени да го продолжат патот на илинденците до конечната победа и слобода, формирајќи македонска држава. На 11 Октомври 1941 година, македонските синови и ќерки тргнаа во решителен бој против фашистичките окупатори, бранејќи ја татковината. Во време кога фашистичките сили маршираа низ европските држави, македонскиот мирољубив народ не беше тивок набљудувач на злото, туку патриотски ја прифати обврската за ослободување. Идеја водилка на востанието како народен отпор беше вековниот стремеж за слободна македонска држава. Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ. 11 Октомври не е само важен историски датум. Тој е незаборавна и небришлива меморија и вечен завет за чување и развој на татковината. Заветот пак, не значи евоцирање спомени, имиња и настани, туку водење државен и општествен живот, достоен на нивната жртва. Прилепските и кумановските востаници, но и сите други, не ни оставија само славна страница од минатото, туку аманет дека слободата се добива со храброст, дека правдината бара стаменост и пожртвуваност, дека држава се гради со труд, чест и одговорност. Нивниот херојски подвиг нè задолжува да бидеме не само нивни благодарни потомци, туку и достојни чувари и бранители на нивното непроценливо дело. Се разбира, денешново време наметнува други приоритети, но секогаш остануваат човековата жед за правда, достоинство и слободен живот како насушна потреба. Современиот бурен, сложен и конфликтен историски миг, од нас бара сплотеност, зрелост и мудрост, како неопходни доблести во справувањето со новите предизвици и проблеми со коишто сме соочени не само ние, туку и Европската Унија, Европа и светот. Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом, во кој различностите не се повод за делби, туку причина за учење едни од други, за разбирање едни други, за градење свест за заедничко добро. Мора да градиме правна и демократска држава, но и граѓанско општесто во кое законите ќе важат за сите, институциите ќе им служат на сите, а сечие човеково достоинство ќе биде неприкосновена вредност. Секое поколение има свој испит пред историјата. Нашиот испит не е да раскажуваме, а уште помалку да ги повторуваме битките на претходниците, туку, да ги оживотвориме нивните подвизи: со знаење, наместо со незнаење; со право, етика и морал, наместо со самоволие; со единство, наместо со раздор; со заслуги, наместо со политички, партиски и статусни привилегии. На крајот, на востаниците и на партизаните им должиме заслужена почит што се избориле и ни оставиле држава! Ние пак, имаме политичка, економска и граѓанска обврска да градиме демократска, правна и просперитетна европска држава. Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание! д-р Гордана Сиљановска-ДавковаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“ Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, потсетувајќи на храброста и пожртвуваноста на предците кои се бореле за слободата на Македонија.Во објавата, Мицкоски истакнува дека борците од пред 85 години немале гаранција за победа ниту сигурност дека ќе се вратат во своите домови, но верувале дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот. Пред осумдесет и пет години, во една од најтешките ноќи на нашата историја, имало луѓе кои не знаеле дали ќе го дочекаат утрото. Но, знаеле дека татковината мора да дочека подобро утро. Тие немале гаранција дека ќе победат. Немале сигурност дека ќе се вратат во своите домови. Немале можност да знаат како ќе изгледа светот што ќе го остават зад себе. Но, имале нешто посилно од стравот. Имале верба дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот. Нашите предци го направија она што во нивното време изгледало невозможно. Ја отворија вратата на слободата. Нашата должност е таа врата никогаш да не се затвори и низ неа да поминат генерации кои ќе живеат подобро, послободно и подостоинствено. Нека овој 11 Октомври не биде само ден на сеќавање. Нека биде ден на нова одговорност. Одговорност да ја чуваме слободата. Затоа што слободата не е завршена приказна. Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи. Честит 11 Октомври! Да е вечна Македонија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредениДванаесет лица загинале, а повеќе од 300 беа повредени во вчерашниот ракетен напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, соопштија саудиските власти. Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути, кои се поддржани од Иран. Меѓу загинатите има четворица државјани на Саудиска Арабија, како и државјани на Бангладеш, Палестина, САД, Египет, Јордан, Сирија и Судан. Некои од повредените се во критична состојба. Проектилот погоди дел од аеродромскиот комплекс каде што се наоѓаат терминалите 3 и 4 за домашни летови. Ова беше трет напад врз аеродромот во Ријад во рок од неколку дена. 🇸🇦🇺🇸A US citizen is DEAD after Saudi airport attack 12 lives lost, over 300 wounded and counting… King Khalid Airport in Riyadh is in total CARNAGE. Officials insist the conflict is "contained," while ballistic missiles flatten civilian departure lounges and KILL travelers from nine other nations. This isn't distant crossfire anymore, it's a full-scale international inferno. Writer: Bri https://t.co/eBvPg9qvO0 — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 10, 2026 По нападот, сите аеродромски операции беа привремено прекинати, а летовите наменети за Ријад беа пренасочени кон други аеродроми. Очевидец изјави за Ројтерс дека по експлозијата видел неколку повредени лица како лежат во терминалот. Друг повреден патник раскажа дека видел нешто на небото непосредно пред ударот, по што дел од таванот се урнал во близина на излезот за качување во авион. Саудиската управа за цивилно воздухопловство претходно извести за жртви, повредени лица и материјална штета како последица на претходни напади. Тројца саудиски државјани загинаа во нападите на 8 октомври, додека еден судански државјанин почина претходниот ден во посебен напад врз аеродромот во Ријад. По најновиот напад, Хутите изјавија дека авиокомпаниите треба да го избегнуваат саудискиот воздушен простор, кој тие го прогласија за зона на воени дејствија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00