Погрешно обвинета за кражба во маркет

Вработен во Лидл со овој изговор ја фатил муштериката за рака и ја одвел во магацинот, а таму доживеала најголемо понижување

Британката Ана Палмер доживеала голема непријатност во „Лидл“, каде купува скоро секој ден во последните две години.

Ана влегла во маркетот носејќи торба на Лидл преку рамото и, бидејќи имала намера да направи голема набавка, долго време се задржувала во некои делови од маркетот.

„Ми пријде работник кој претходно го немав видено во„ Лидл “. Бев збунета. Ми рече да појдам со него, не беше пријатен. Ме однесе во канцеларијата до магацинот и таму ми рече да му ја предадам торбата. Го прашав што е проблемот, а тој ми одговори дека имало две кражби во последните неколку дена и дека сега секој сомнителен мора да биде „на скенер“. Полудев“, изјави Ана за „Дејли стар“.

Продолжувајќи ја приказната, девојката истакна дека никогаш не би дошла во некоја редакција со цел да објави нешто ако понижувањето не било толку големо.

„Цело време пребаруваше по торбата. Ме гледаше попреку, а јас, идиот, наместо да скокнам и да викам, да направам сцена, почнав да се тресам. Како да сум навистина виновна! И, ми пукна филмот кога ми рече да станам и да ги раширам рацете и нозете. Нема шанси! Сакаше да ме допира како криминалец, не му дозволив. Само излетав надвор и отидов до касата, почнав да викам по купувачите дека во Лидл претресуваат луѓе. Морав да го објавам ова, бидејќи ова беше невидена дрскост “, рече Ана.

Лидл во Велика Британија веднаш реагираше со изјава.

„Многу жалиме за овој инцидент. Истрагата е во тек, а работникот кој вака го претресувал купувачот е суспендиран. Ние сме во директен контакт со клиентката која се пожалила и штом ги утврдиме фактите за тоа што се случувало таму тој ден, ќе ја контактираме “.

Пукотници во средно училиште во САД, застрелан ученик (ВИДЕО)

Ученик е повреден во денешното пукање во средното училиште Вотсон Чапел во Пајн Блаф, во американската сојузна држава Арканзас, соопштила управата на окружното училиште.

„Родителите на повредениот ученик се информирани“, се вели во соопштението, додавајќи дека сите други ученици се безбедни, а станувало збор за „изолиран инцидент“, пренесува Ројтерс.

Наставата започнала денеска во училиштето во Пајн Блаф, што се наоѓа на околу 70 километри од главниот град на државата Арканзас, Литл Рок.

Кембриџ :Само една доза на вакцината од Фајзер го намалува ширењето на короната

Само вакцинацијата со една доза на вакцината на Pfizer ја намалува веројатноста за пренесување на вирусот за 75 проценти, покажала новата студија.

Студијата е спроведена на 9000 луѓе меѓу здравствени работници во Кембриџ, Велика Британија. Тестовите за присуство на вирусот кај лица вакцинирани со единечна доза на Pfizer 12 дена по вакцинирањето покажале дека процентот на лица заразени со вирусот САРС-CoV-2, но без симптоми, е за 75 проценти помал. Бројот на заразени со симптоми се намалил за сличен процент.

Ова откритие е важно затоа што покажува дека вакцинацијата значително го намалува преносот на вирусот.

Од претходните истражувања било јасно дека Pfizer е многу ефикасен во намалувањето на симптоматските инфекции, но досега не било познато дали вакцинираните лица можат да станат асимптоматски и да продолжат да ја пренесуваат инфекцијата.

„Ова ќе значи дека со зголемување на вакцинацијата, пренесувањето на вирусот кај луѓето значително ќе се намали, што е одлична вест“, изјави за Гардијан водачот на студијата Мајк Викес од Универзитетот во Кембриџ.

Стоилковски: „Можеле да сокријат“ значи само едно - сокриваат многу

Нема ден да нема нов скандал и ново забегување во самобендисните изјави на државниот политички врв, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Министер за одбрана, втор чин во партијата на власт вели:

„Можеше ова да не го кажеме, за да добиваме помалку прашања“ - Радмила Шекеринска порача дека можеле да сокријат дека е вратен капарот за кинеските вакцини!

Внимавајте „можеле да сокријат“- значи само едно - дека сокриваат колку им душа сака!

На пример: сокриваат за случајот со Рашковски тежок осум милиони евра. Нели е сокривање снимен разговор, самиот потврди дека тој зборува, чиста корупција, нема ништо од некаков процес - јавноста не смее да зборува - затоа што ако зборува може да заврши како тројца новинари кои што беа повикани во полиција затоа што ја објавиле аферата?

Сокриваат ли за случајот „ШИК Јелак“ во Тетово - огромен скандал кој што открива можна поврзаност на владата, директно на премиерот, со балкански бизнисмен, поранешен припадник на југословенските служби, а сега го врзуваат со Москва, за пари давани на црно за финансирање на избори, имот, бензински пумпи и што се не, во замена за огромен градежен плац во Тетово? Да потсетам Заев призна дека дал насока СДСМ во Тетово на Советот да гласа за тој контроверзен ДУП!

Дали по принципот на Шекеринска сокриваат кој и што стои зад исчезнувањето на Сашо Мијалков, на пример, што предизвика скандалозни брканици, прес конференции, меѓусебни обвинувања на линија министер за внатрешни – суд - обвинителство? Сокриена ли е вистината за неговото изненадно појавување пред медиуми како слободно шета во Скопје иако има потерница и најавена е меѓународна потерница по него?

Сокриена ли е вистината и за причината зошто и четири месеци по најавата, нема вакцини и Македонија е црна дупка во светот, заради наводни грешки во документи, и со „Фајзер“, а сега и со Кина?

Сокриена ли е вистината за политичкиот договор за пописот? Сокриена ли е вистината за бројот на невработени, за затворени погони, за хаосот во образованието, за изборните манипулации, за поткупи, за висината на меѓународното задолжување, за криминалот и корупцијата заради која што Македонија тоне на сите релевантни мерења и полека полека од хибриден преоѓа во власт на диктатура?

Можеле да сокријат, за да добиеле помалку прашања - порача вториот чин во СДСМ! Прашањата се тука и Шекеринска и Заев и Филипче и Николовски и Спасовски ги знаат одговорите - само што се уште ги сокриваат. Но доаѓа ден, за брзо се ќе се дознае!


притисни ентер