Погба ја обжали четиригодишната суспензија - Канал 5

Погба ја обжали четиригодишната суспензија

Светскиот фудбалски првак со репрезентацијата на Франција од Мундијалот во 2018 година, Пол Погба, поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) на четиригодишната суспензија која му беше изречена поради кршење на антидопинг правилата.

Погба ја обжали четиригодишната суспензија

„Пол Погба поднесе жалба на одлуката на Националната антидопинг организација на Италија. Во моментов нема други информации“, соопшти денеска највисокиот спортски суд со седиште во Лозана.

На 29 февруари, францускиот фудбалер од средниот ред на Јувентус, Погба, доби четиригодишна суспензија поради прекршување на антидопинг правилата.

Првиот допинг тест на Погба на 20 август лани по првенствениот дуел меѓу Јувентус и Удинезе, кој Французинот го проследи од клупата за резерви, покажа зголемено ниво на тестостерон во крвта, а на 6 октомври и вториот допинг тест, исто така, беше позитивен. /МИА

Турција ја зголеми безбедноста по должината на границата со Иран, но не забележа прилив на мигранти

Турција ја зголеми безбедноста по должината на границата со Иран поради конфликтот меѓу Израел и Иран, изјави денеска анонимен извор од турското Министерство за одбрана.

Турција ја зголеми безбедноста по должината на границата со Иран, но не забележа прилив на мигранти

Изворот додаде дека Анкара не забележала прилив на нелегални мигранти од Иран.

Турција продолжува да развива повеќеслоен и интегриран систем за противвоздушна и противракетна одбрана користејќи радарски и оружени системи произведени во земјата, посочи изворот.

Целта е да се одржи потенцијалната борбена готовност на високо ниво.

Авион на турскиот систем за брз одговор (QRA) полета откако Израел ги почна нападите врз југоисточниот сосед на Турција, Иран, рече изворот, додавајќи дека авионот продолжува да патролира по границите поради можноста за нарушување на воздушниот простор од страна на Израел.

Путин и Си Џинпинг во телефонски разговор ги осудија нападите на Израел врз Иран

 Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор ги осудија нападите на Израел врз Иран и се согласија дека е потребна деескалација, соопшти Кремљ.

Путин и Си Џинпинг во телефонски разговор ги осудија нападите на Израел врз Иран

Двајцата „силно ги осудуваат дејствијата на Израел, кои ја кршат Повелбата на ОН и другите норми на меѓународното право“, изјави претседателскиот советник Јуриј Ушаков за новинарите.

„И Москва и Пекинг се целосно убедени дека нема воено решение за моменталната ситуација и прашањата поврзани со нуклеарната програма на Иран. Ова решение мора да се постигне исклучиво преку политички и дипломатски средства“, рече Ушаков.

Русија предупреди дека ќе настапи катастрофа ако конфликтот меѓу Израел и Иран, кој продолжува веќе седми ден, ескалира дополнително и ги повика САД да не се приклучуваат кон бомбардирањата кои ги извршува Израел.

Во последните денови, Путин телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и постојано повторуваше дека Русија е подготвена да посредува меѓу завојуваните страни. Досега никој не го прифатил предлогот на Русија, пренесуваат светските агенции.

Путин денеска го повтори предлогот во телефонскиот разговор со Си, кој е негов близок сојузник. Од своја страна, кинескиот лидер изрази поддршка за идејата, рече Ушаков, „бидејќи смета дека таа може да послужи за деескалација на моменталната тензична ситуација“.

Средба на министерот Тошковски со Золт Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за З.Балкан

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со Золт Бунфорд, специјален пратеник  за Западен Балкан на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Средба на министерот Тошковски со Золт  Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за З.Балкан

Од МВР соопштија дека на средбата била потврдена одличната соработка помеѓу двете Министерства и двете Влади, при што двете страни ја потенцирале меѓусебната доверба, поддршка и соработка во натамошното промовирање на истите.

Министерот Тошковски изразил благодарност за меѓусебната посветеност, но и за братскиот однос во развивањето на односите помеѓу двете земји, подвлекувајќи го фактот дека, се наведува во соопштението, заедничките предизвици бараат заеднички решенија и дека она што денес го засега македонското Министерство за внатрешни работи, утре ќе има ефект на европските збиднувања.

- Средбата заврши со меѓусебно уверување во заемната посветеност на решавање на заедничките предизвици и апсолвирање на заедничките приоритети, како и со ветување за натамошна заедничка поддршка во сузбивањето на илегалната миграција и нејзиното сузбивање, соопштија од МВР.

притисни ентер