Пофалбите за торжествената манастирска слава во Бигорски не стивнуваат - Канал 5

Пофалбите за торжествената манастирска слава во Бигорски не стивнуваат

И после два дена од Иванден, Бигорскиoт Манастир останува центар на вниманието за верниците и медиумите од земјата и пошироко.

Пофалбите за торжествената манастирска слава во Бигорски не стивнуваат

Бигорскиот манастир којшто го носи името на великиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов – Јован, и после Иванден, продолжува да бележи бројни посети на верници коишто поединечно или во организирани групи, доаѓаат од земјава и странство, за да му се поклонат и помолат на Светителот чија чудотворна икона, со векови твори чудеса. Велелепната икона на „најголемиот меѓу родените од жена“ - Св.Јован Крстител, со којашто впрочем и започнува историјата на Манастирот, со својата грандиозна убавина и исцелителна моќ, предизвикува воздишки и молитвено расположение кај сите. Болните се молат за здравје, здравите за мир во душите и благостостојба во домот и татковината, а неплодните за пород. Свети Јован ги услишува молитвите на сите кои му пристапуват со силна вера и покајание.

Верниците кои го посетија Бигорски за време саботната манастирска слава, се'уште се под силни импресии од благодатта по сеноќното бдение со кое чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички г. Иларион, и од Светата архиерејска празнична Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско - кичевски г. Тимотеј, во сослужение со Митрополитот Брегалнички г.Иларион и Епископот хераклејски - г. Климент.

Втора година по ред, специјални гости на манастирската слава беа хористите од прочуениот грчки хор при храмот „Свети Пантелејмон“ - Атина, под раководство на протопсалтот Илија Редијадис Тумбас, кој за медиумите изјави: „Ние, како и минатата година кога дојдовме, така и оваа, се чувствуваме како да сме во наш дом, бидејќи најнапред раздалеченоста е блиска, а тука се, и заедничките традиции. Единственото нешто што нѐ разликува едни од други е јазикот, но тоа нема никаква важност“.

Во својата беседа, игуменот на Бигорската Света Обител, архимандрит Партениј, пред присутните истакна:

Нека семоќниот Бог Промислител ги умножи силите на сите оние коишто ѝ мислат добро на едната, света и соборна Црква, за најпосле, да биде исцелена болката што со децении ја мачи правоверната паства на Охридската архиепископија! Зашто голема рана е за нас, продолжувачите на охридската црковна традиција, тоа што Охридската архиепископија, со која православниот народ одовде е органски сврзан со вековни врски, е сѐ уште надвор од сеправославното семејство.

Меѓу големиот број верници, гостин на Бигорската Свештена Обител, беше и Даријан Сотировски, претседател на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, кој на Архимандрит Партениј му подари резба со ликот на Свети Јован Дебранин, првиот Архиепископ Охридски.

Свештена Бигорска Обител беше почестена и со посета од професори и студенти од Теолошкиот факултет при Аристотеловиот Универзитет во Солун, кои деновиве остваруваат поклоничко патување на македонските светињи. Водачи на групата беа господата Василиос Кукусас и Јоанис Бакас - еминентни професори и особени познавачи на црковната историја, со многу издадени трудови, главно од областа на општата црковна историја и нејзините извори, како и од областа на историјата на помесните Православни Цркви, а поконкретно на древните Патријаршии.

Откако пристигнаа во Бигорски и се поклонија на светињите, гостите се придружија на свечениот празничен прием, изразувајќи го своето нескриено задоволство што ја гледаат вистинската, жива Црква во насобраното мноштво народ за манастирската слава. Освен тоа, неофицијално беа разменети и мненија за актуелните црковни прашања, со што од двете страни беа изразени недвосмислени желби и верувања дека наскоро ќе биде најден клуч за разврска на проблемот што со децении ја измачува нашата Црква.

Во чест на сечесниот спомен на Рождеството на Св.Јован Крстител - патронот на манастирот, започна да функционира и англиска верзија на манастирскиот сајт bigorski.org.mk

Сите содржини што се однесуваат на манастирот, сега светот ќе може да ги чита и на англиски.

Во продолжение, и видео инсерти од денот на манастирската слава, како и изјави на дел од гостите и братството на Бигорски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промовирани нови 53 офицери на воената академија

На свеченоста се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во армијата им порача дека нивната промоција е нова дополнителна енергија и инвестиција во иднината на македонската армија и во безбедноста на државата.

Промовирани нови 53 офицери на воената академија

Во воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска се одржа свеченост на која беа промовирани 36 питомци од 26. класа и 1 питомец кој дипломираше на воената академија „Вест Поинт“ во САД, во прв офицерски чин – потпоручник и 16 слушатели од курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на армијата во чин –поручник.

На свеченоста се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во армијата им порача дека нивната промоција е нова дополнителна енергија и инвестиција во иднината на македонската армија и во безбедноста на државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Законот за Скопје-европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУ

Законот за Скопје - европска престолнина на културата за 2028 година ќе оди на јавна расправа, за да не се остави било каков сомнеж околу транспарентност на овој процес, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Законот за Скопје-европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУ

Додаде дека се работи за закон кој треба да се донесе во рамки на приоритетите на овој проект и дека тој е изготвен согласно препораките и праксата во Европската унија

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ најавува поддршка за власта ако се обезбеди решение што ќе ги деблокира евроинтеграциите

СДСМ ќе биде конструктивна и ќе даде поддршка на власта во Собрание доколку се најде решение за деблокада на евроинтеграциите, уверува лидерот на партијата Венко Филипче. 

СДСМ најавува поддршка за власта ако се обезбеди решение што ќе ги деблокира евроинтеграциите

На брифинг со новинарите рече дека сепак европските челници при посетите на земјава ни укажале на единствениот излез- преку промена на уставот со вметнување на Бугарите, па тој е песимист дека може да се најде поинакво решение за да се спречи вето од Софија и во иднина.

-Било што кое е прифатливо за нас и за Европа и ќе ја подобри нашата преговарачка позиција, ние ќе го поддржиме. Дали ќе се соочиме со непринципиелна блокада од Бугарија, не знаеме. Што можеме да изгубиме, со што не плаши ВМРО-ДПМНЕ? Јазикот не можат да ни го земат, тој е признат, за работата на Историската комисија, таму се решава со консензус и веќе е постигнат договор за четири историски личности. Никој не може да ни ја земе ни историјата,- Венко Филипче – претседател на СДСМ.

Од друга страна власта тврди дека има активна дипломатска офанзива и нема план „Б“ за Европската Унија. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во „Вести плус“ изјави дека една од опциите која била разгледувана се и уставни измени со одложено дејство, со став дека што и да се договори нема да биде отстапено од националните интереси. Преку ноќ вели нема да се најде решението, но најважно е да се елиминираат потенцијалните блокади за идентитетски прашања.

-Јавноста треба да знае дека ние имаме постојано активен дијалог и со европските институции и со земјите членки и со соседна Бугарија. Се уште не сме блиску до решение, но разговараме за решенија. Решенија коишто се во рамки на позициите кои ние повеќепати ги имаме претставено во нашата јавност. Разговараме за повеќе решенија, за коишто, да, ќе потврдам дека едно од потенцијалните решенија за кои сме дискутирале е и моделот на уставни измени со одложна примена, но сеуште не сме стигнати до фаза да имаме решение кое е прифатливо за сите страни. За нас што клучно – предвлидливоста и сигурноста дека нема да бидеме условувани за прашања поврзани со историја, идентитет, јазик, култура,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи.

Додека од власта очекуваат на крајот од септември Европската Унија да соопшти кој е планот за проширувањето и перспективата на Македонија, лидерот на опозицијата оценува дека токму есента ќе донесе криза на сите полиња. Филипче ја критикува владејачката коалиција за игнорирање на опозицијата во Собранието, и најави дека ќе поднесат интерпелација за спикерот Африм Гаши за кршење на Деловникот, како и за Иван Стоилковиќ за вербални конфликти кои биле на раб на ескалација кога се гласаше реконструкцијата на Владата. За предлог законот за Скопје 2028, Филипче рече дека е скандалозен и пратеничката група на СДСМ ќе го блокира со амандмани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер