Поезијата на израелскиот поет Амир Ор претставена на Струшките вечери на поезијата - Канал 5

Поезијата на израелскиот поет Амир Ор претставена на Струшките вечери на поезијата

Амир Ор пред бројните гости прочита неколку свои песни и се заблагодари повторно за укажаната чест да биде добитник на „Златниот венец на поезијата“.

Поезијата на израелскиот поет Амир Ор претставена на Струшките вечери на поезијата

Поезијата на израелскиот поет Амир Ор, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата на македонски јазик била претставена пред 20 години, а тој се јавува и како автор на првата и единствена, антологија „Нова израелска поезија“, преведена и објавена на македонски јазик, истакна претседателка на Управниот одбор на СВП, Елизабета Шелева.

На поетскиот портрет на Ор, што денеска се одржа во предворјето на црквата „Света Богородица“ во Калишта, во рамки на 61. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, Шелева посочи дека дел од неговите песни се преведувани и достапни во електронското списание „Блесок“, како и во списанието „Наше писмо“.

– Во оваа свечена и радосна прилика, ни преостанува уште благородната можност, искрено да ѝ се препуштиме на оваа поезија, пиејќи од раскошниот авторски извор на Амир Ор, поетот, чие презиме (како што, во меѓувреме, осознаваме) на хебрејски јазик, ја означува, ни помалку ни повеќе, туку самата светлина. Светлина, богато натопена со благородните одеци на различните и древни култури, кои чинат совршен амалгам со неговата вибрантна сензуалност, исклучителна сензибилност, изострена луцидност и духовна запрашаност, но и подготвеноста, да се оди до крај со нештата, низ впечатливата лирска реторика и животворната речитост на обраќањето, што ја потврдува универзалната вредност на оваа поезија и нејзините далекусежни пораки, упатени кон човекот на иднината, рече Шелева.

Амир Ор пред бројните гости прочита неколку свои песни и се заблагодари повторно за укажаната чест да биде добитник на „Златниот венец на поезијата“.

Во рамките на програмата на СВП на летната сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ денеска ќе бидат претставени портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ за 2022 година, италијанскиот поет Џерардо Мазучи и македонскиот Зоран Анчевски.

На „Струшките вечери на поезијата“ присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата, а годинашното издание се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“. Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде в недела, на 28 август на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски ги повикува граѓаните да пријават корупција – АКТ на СДСМ и граѓаните пријавија стотици случаи, кога ќе има одговор?

Премиерот и обвинителите ги повикуваат граѓаните да пријавуваат корупција, но не кажуваат кога ќе има одговор.

СДСМ: Мицкоски ги повикува граѓаните да пријават корупција – АКТ на СДСМ и граѓаните пријавија стотици случаи, кога ќе има одговор?

АКТ на СДСМ поднесе пријави и во ДКСК и во Обвинителството. Сè пријавуваме заедно со граѓаните - одговор нема.

Го пријавивме и Мицкоски врз основа на сомнеж дека е дел од балканскиот картел, дел од Вучиќевата организирана криминална група и шеф на нејзината експозитура за Македонија.

ВМРО ја пријавивме како мафијашки синдикат што управува и со ЗНАМ и со ЗНАМ 2.0.

Одговор за тендерите добивме само како утврдување татковство - дека татко не е татко.

Ако Мицкоски сака да помогне, нека се пријави себеси, нека се уапси себеси и нека го признае целиот криминал, корупција, но и сите тешки дела против државата застапувајќи ги руските и Вучиќевите интереси.

Мицкоски не сфаќа дека тој е извршна власт, а не правосудна. Не може тој да се поистоветува со обвинителството. Не може да ги дели инструкциите од говорница, од телевизија и преку телефон.

Затоа имаме ваков извештај на Европската комисија. Затоа корупцијата е на највисоко ниво. Затоа стоиме во место за ЕУ.

Обвинителството мора да работи независно. Не по повик од Мицкоски. Не по налог од ВМРО-ОКГ.

Обвинителството дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа банда ВМРО-ОКГ.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шеик нарачал да му направат огромен Хамер- има дневна соба, кујна и тоалет (ВИДЕО)

Некои ги претвориле автомобилите во печки за пица, други поставиле ражен во нив или ги претвориле во патувачки барови. 

Шеик нарачал да му направат огромен Хамер- има дневна соба, кујна и тоалет (ВИДЕО)

Но, еден колекционер отишол многу подалеку и изградил Хамер кој има доволно простор за кујна, тоалет и пространа дневна соба.

Тоа е Хамер H1 X3, џин на тркала висок колку двокатна куќа и долг приближно колку голем градски автобус. Неговите димензии се приближно три пати поголеми од димензиите на стандардниот H1, кој самиот по себе не е мал автомобил, пишува Јалопник.

Овој огромен Хамер тежи повеќе од 59 тони, а неговиот ентериер повеќе личи на куќа за одмор отколку на автомобил.

Седумчлен тим го градел година и пол

Зад проектот стои милијардерот од Емиратите и колекционер на автомобили Хамад Ал Нахјан, познат и како „Шеикот на виножитото“. Тој е сопственик на една од најголемите колекции автомобили во светот, во која необични, уникатни примероци заземаат посебно место. Затоа, Хамер X3 совршено се вклопува во неговата колекција. Седумчлен тим работел на него околу година и пол.

Во возилото се влегува преку скалите што се извлекуваат и се наоѓаат под каросеријата. На долниот кат има кујна. Вратата лево води до тоалетот, додека спроти се наоѓа машинската просторија и скалите до горниот кат.

Наместо волан, има џојстик

На горниот кат има простор од приближно 60 квадратни метри со десет фотелји. Огромните прозорци нудат панорамски поглед, а завесите можат да се спуштат за приватност.

Возачкото седиште се наоѓа во задниот дел од тој кат. Опкружено е со бројни копчиња и прекинувачи, но нема класичен волан. Овој Хамер се управува со џојстик.

Со оглед на неговите димензии, видливоста е посебен предизвик. Затоа на возачот му помагаат камери што на екраните покажуваат што се случува околу возилото.

Воен транспортер е скриен под каросеријата

Под каросеријата што го имитира Хамер Х1 се наоѓа основата на поранешниот американски воен амфибиски транспортер LARC-LX. Тоа е возило наменето за транспорт на товар по копно и вода, од кое X3 ја задржал челичната структура на трупот.

Во машинската просторија има четири дизел мотори, по еден за секое тркало. Заедно тие развиваат приближно 1000 КС, што звучи импресивно сè додека не се сетите дека мора да преместат повеќе од 59 тони.

Тркалата се повисоки од човек, а секоја гума наводно чини околу 25.000 долари. И покрај големата моќност, максималната брзина е само 32 км/ч.

YouTube video

Излегува на пат со полициска придружба

Колку е голем Hummer X3 всушност најдобро се открива во деталите. Според извештаите, потребна е дигалка за подигнување на предната хауба, а бришачите на шофершајбната се огромни.

Според Јалопник, овој гигант може да се вози и по јавни патишта, но со полициска придружба. Покрај горивото за четири мотори, очигледно му треба многу слободен простор за возење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Охрид се огласи по повод притворот на Кристијан Корабоски

Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела.

ОЈО Охрид се огласи по повод притворот на Кристијан Корабоски

Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела - Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста.

При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена.

Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди.

Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката, соопшти Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер