3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
КултураПоезија од Влада Урошевиќ на „Литературната ноќ“ во СофијаВо софискиот Арт-клуб „Дада“ вечерва се читаше поезија од стихозбирката „Митологија на сонот“ од академик Влада Урошевиќ, која пред неколку дена е преведена на бугарски јазик од Роман Кисјов, издание на „Ерго“ од Софија.Настанот е дел од европската манифестација „Литературна ноќ“, што се одржува во дваесетина градови на Европа, под покровителство на Европската асоцијација на културни институции - ЕУНИК. Во организацијата на „Литературната ноќ“, која во Софија се одржува втора година, првпат е вклучен и Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Неговиот директор Васко Шутаров истакна дека се вклучени уште 11 институции од културата на други европски земји кои имаат центри во бугарската престолнина и дека секоја си претставува свој автор, кој е скоро преведен на бугарски. Посетителите, претежно млади луѓе, оваа вечер ги посетуваат сите 12 поетски пунктови, слушаат стихови и добиваат печати во програмската брошура, а тие со собрани печати од најмногу места добиваат и награди. - Целта е да се промовира литературата и да се стимулира издаваштвото. Секоја од земјите има избрано интересна локација за читање поезија, а ние го избравме Арт-клубот „Дада“ зашто е култно место. Тука често има џез-вечери и изложби на надреалисти и е амбиент соодветен за претставување на нашиот писател-надреалист, рече Шутаров. Вечерашното читање беше претходница на официјалната промоција на оваа поетска книга на Урошевиќ, закажана за 28 мај во познатата софиска книжарница „Хеликон“. Тогаш ќе присуствува и Урошевиќ, а книгата ќе му ја промовира бугарскиот поет Љубомир Левчев, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. Стиховите на Урошевиќ на бугарски јазик вечерва во Софија ги интерпретираше македонскиот актер Иван Калошев, со музичка придружба од Сара Костадиновска на харфа и Ива Христовска на гитара, исто така од Македонија. На останатите 11 локации низ Софија на литературната ноќ се претставуваат Британскиот совет, Институтот „Гете“, Европската комисија во Софија, Полскиот институт, Францускиот институт, Чешкиот центар, Културно-информативниот центар на Руската Федерација во Софија. Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија утре ќе биде отворена изложбата „Аналогни асоцијации“, на која ќе бидат претставени дела од македонската уметница Мирјана Крстева-Масети и од две бугарски уметници - Христина Георгиева и Теодора Петева. В петок, пак, македонскиот филм „Мир за сите“, во режија на Елизабета Коневска ќе го отоври Фестивалот на културно наследство. Наскоро во Софија ќе има уште две книжевни претставувања од Македонија - на 4 јуни Венко Андоновски на Софискиот универзитет, а на 14 јуни Радован Павловски во КИЦ на РМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28