Подрум на стравот: Постара брачна двојка заробиле и 9 години силувале глувонемо девојче - Канал 5

Подрум на стравот: Постара брачна двојка заробиле и 9 години силувале глувонемо девојче

Приказната за глувонемото девојче кое е однесено во Британија за да служи како сексуална робинка на постара брачна двојка го потресе светот.

Подрум на стравот: Постара брачна двојка заробиле и 9 години силувале глувонемо девојче
Таа од нејзиниот дом во Пакистан е однесена на 10 – годишна возраст. Ја купил озлогласениот претприемач Илјас Ашар (84) за да му служи нему и на сопругата Талат.

Морала да спие во мрачен подрум во куќата вредна 300 илјади фунти, Илјас ја силувал повеќе пати.

Исто така, девојчето морало да ги извршува и сите домаќински работи.

Вчера, по два часа сослушување во период од два месеци, во истрагата која даночните обврзници ги чинела 4 милиони фунти, Ашар е прогласен за виновен по 13 точки од обвинението за силување, додека неговата сопруга е ослободена од обвинението за напад. Покрај тоа, двајцата се осудени за трговија со луѓе и им се заканува затворска казна.

Девојчето кое денес има 20 години и живее во Пакистан заедно со петте браќа и сестри се сеќава на состанокот со семејството Ашар во нејзината родна земја и како го ставила отпечатокот од прст на документот за кој мислела дека е пасош.

Во Британија била доведена на 24 јуни 2000 година, со пасош на кој пишувало дека има 19 години. На почетокот се изгледало добро, но тогаш ја вработиле илегално, а подоцна станала и нивни личен роб во домот во Манчестер.

Девет години споела на бетонскиот под во подрумот.

Таа сведочела преку видео линк од приватна соба со присуство на двајца преведувачи.

„бев ужасно слаба и тажна. Напорно работев. Чистев и готвев со часови. Кога ме оставаа во подрумот морав да бидам тивка. Кога ке запалеа светло во подрумот тоа значеше дека нешто им требам. Знаев да седам во темницата и да плачам со часови“, рекло девојчето на судот во Манчестер.

Кога и ја покажале фотографијата од Илјас таа рекла: Стариот човек е зол. Тој ме силуваше.

Ашарови илегално добивале социјална помош на нејзино име, Уапсени се во јули 2009 година кога полицијата влегла во нивниот дом поради други работи, но случајно го пронашле девојчето заробено во подрум.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Министерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој се нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран.

Напоменуваме дека напад врз здравствен работник и здравствен соработник претставува кривично дело . Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни.

Здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните. Насилството нема место во здравствените установи. Почитувањето и заштитата на здравствените работници мора да бидат заеднички приоритет, реагираат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговор

Украина стои зад нападот во кој потона рускиот брод „Меркури“ во близина на либискиот брег, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Руски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговор

Тој ја опиша операцијата како пример за украински одговор на руската војна, а во официјална изјава наведе дека украинските сили погодиле и втора цел, рускиот товарен брод, кој русија го користела за транспорт на оружје. Според Зеленски, руската корвета „Меркури“, еден од поновите бродови во флотата на Москва потонала по напад изведен од седум поморски дронови од украинско производство. И властите во источна Либија потврдија дека дошло до експлозија на руски брод кој бил застанат во поморска база во градот бенгази за да наполни гориво и да се врати кон Русија. Засега не е позната судбината на екипажот. Портпаролот на Кремљ, Песков изјави дека овие акции ќе резултираат со многу болни последици за режимот во Киев. Потонувањето на руски воен брод крај брегот на Либија претставува голем удар за путин и значително проширување на конфликтот, со оглед дека украина е оддалечена 1.600 милји од Бенгази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви кучиња, кои веројатно биле отруени

Над осум тела на мртви кучиња биле пронајдени на јавен простор во скопската населба Бутел. 

„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви  кучиња, кои веројатно биле отруени

Од здружението „Анима Мунди“ се сомневаат дека кучињата биле отруени и дека станува збор за кучиња од исто леглно и се пронајдени на исто место. Од здружението бараат поведување на истрага за овој случај и веруваат дека убиените кучиња имаат и сопственик.

Од полицијата за Канал 5 потврдија дека нема официјлна потврда за овој случај, исто и од Агенцијата за храна и ветеринарство. По објавувањето на снимките инспектори од АХВ излегле на терен да го проверат целиот случај. Но, мртвите тела на кучињата ги нема, а засега не потврди ниту една институции дека ги тргнала кучињата од местото каде биле најдени мртви. Од Анима Мунди објаснуваат дека најголем проблем со негрижата кон милениците води кон создавање на улични кучиња, а труењето е проблем и за луѓето, особено за децата.

Според, Член 233 од Кривичниот законик се предвидува парична казна или затвор до три години за неоправдано усмртување, грубо злоупотребување или мачење животно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер