Подобрена ситуацијата со пожарите во Грција - Канал 5

Подобрена ситуацијата со пожарите во Грција

 Рано утрово значително е подобрена ситуацијата со пожарите во Грција, откако вчера попладне имаше разгорувања и во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и на островот Родос.

Подобрена ситуацијата со пожарите во Грција

Рано утрово значително е подобрена ситуацијата со пожарите во Грција, откако вчера попладне имаше разгорувања и во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и на островот Родос, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос за грчката телевизија ЕРТ објасни дека во овој момент во земјата се активни три пожари, оној во близина на Атина што избувна во понеделникот, вториот на островот Родос и третиот во областа Лаконија на Пелопонез.

Во западниот дел на областа Атика од синоќа пожарот е под контрола, а продолжуваат да интервенираат 300 пожарникари со 120 возила, а од воздух се гаси со три авиони и седум хеликоптери.

На островот Родос со огнените јазици се справуваат 102 пожарникари со четири авиони и два хеликоптери, додека пак на Пелопонез, во пожарот што избувна вчера интервенираат 52 пожарникари со 15 возила и четири авиони.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис синоќа го посети Координативниот центар за операции и управување со кризи, каде што се информираше за ситуацијата со пожарите во земјата и акциите за гаснење.

Од неговиот кабинет соопштија дека со оглед на тоа што во следните денови ќе има екстремно високи температури во повеќе делови на Грција, што создава услови за нови пожари или повторно разгорување на постоечките, Мицотакис е во комуникација со негови колегите со цел да се обезбеди меѓународна помош доколку биде потребно.

Паралелно ја одложи денешната посета на градот Каламата и го откажа учеството на Меѓународната конференција за миграција што в недела ќе се одржи во Рим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колапси и зголемен број интервенции на брзата помош поради високите температури

Жештините не се само непријатност, туку сериозен ризик за здравјето.

Колапси и зголемен број интервенции на брзата помош поради високите температури

Високите температури се причина за зголемена омалаксаност, колапси и други здравствени проблеми, а лекарите бележат и поголем број интервенции. Само во последното деноноќие, на бројот за итни медицински помош биле регистрирани 84 повици, од кои 30 итни.

Докторката Елена Карева-Пиловска за Канал 5 вели дека најголем број од интервенциите се за колапси

Доктор Елена Карева Пиловска вели дека топлите ноќи го нарушуваат сонот, а ненаспаноста и заморот се особено ризици за возачите бидејќи се намалува концентрацијата , што може да биде причина и за сообраќајни незгоди.

Иако температурите ке останат речиси исти почнувајки од попладнево од УХМР најавуваат промена на временската состојба. Се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места се можни и поинтензивни врнежи.. Граѓаните се повикуваат да ја следат прогнозата и навремено да ги преземат потребните мерки.

Од УХМР апелираат граѓаните да ги избегнуваат најкритичните часови, да престојуваат во сенка и редовно да пијат вода. Препораките особено важат за најтоплиот дел од денот, кога температурите го достигнуваат својот максимум.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов

Симеон Михалов, таткото на Ива Михаилова, по кого македонското МВР има распишано меѓународна потерница, сè уште се бара за издржување на затворска казна од 12 години и шест месеци.

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов

Од МВР за Канал 5 велат дека немаат информација од бугарските власти дека Михаилов е лоциран или лишен од слобода во Бугарија, иако тој во изминатите денови јавно се појави во бугарските медиуми зборувајќи за случајот на неговата ќерка на која и се суди во кочанскиот суд.

-Доколку МВР на Р.С.Македонија биде информирано од страна МВР на Р.Бугарија дека лицето за кое прашувате е лоцирано или лишено од слобода врз основа на наша распишана меѓународна потерница, потоа Министерство за правда на Р.С.Македонија треба да се обрати до Министерството за правда на Р.Бугарија, со доставување на потребна документација за екстрадиција. Постапката за лицето предмет на интерес не е започната затоа што, не сме известени од бугарска страна дека лицето е лоцирано и лишено од слобода.- МВР

И од Министерството за правда велат дека постапката за екстрадиција ќе ја започнат откако ќе добијат известување дека Михаилов е уапсен. Тој е во бегство од 2013 година, правосилно е осуден за обид за убиство на Драганчо Стоименов во скопската населба Аеродром, како дел од кочанската група „Детонатор“. Во 2014 година беше екстрадиран во Македонија откако беше уапсен во Италија, а пет дена откако беше пуштен да се брани од слобода пак ја напушти земјава. Оттогаш по него е активна и меѓународната потерница.

Случајот го коментираше и премиерот Христијан Мицкоски, кој побара од Бугарија да го испорача Михаилов, потсетувајќи дека двете земји се сојузници во НАТО.

-Ние имаме потерница и очекуваме нашите партнери да постапат соодветно на партнерството бидејќи ние сме партнери со нашиот источен сосед во една друга Алијанса која што се вика НАТО Алијанса. Очекуваме луѓето кои се бараат со потерница, кои направиле некакво кривично дело, да ги испорачааат, во духот на партнерството, за да се соочат со законот и со правдата. Да видиме дали тоа е точно или не е точно, само на тој начин може да ја докаже својата невиност. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Појавувајќи се во бугарските медиуми Михаилов зборуваше за неговата ќерка на која во судот во Кочани и се суди за сообраќајна несреќка со смртни последици.

-Само тоа сакаме, да има правичен процес. Обвинителот и сите останати кои биле на местото знаат дека ниту 1 процент нема вина кај нашата ќерка Ива Михаилова. – Симеон Михаилов – Татко на Ива

Таа има двојно, македонско и бугарско државјанство, и се жали на дискриминација, односно како што вели не ѝ е дозволено да се лекува во Бугарија, а на завчерашното рочиште присуствуваа и шестмина бугарски пратеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе има ли скратени часови во училиштата поради високите температури – што предвидуваат протоколите на МОН?

Освен со кратење на часовите училиштата против високите температури кои продолжуваат и на почетокот од новта учебна гоидна ќе се псравуваат и со други мерки.

Ќе има ли скратени часови во училиштата поради високите температури – што предвидуваат протоколите на МОН?

Министерката Весна Јаневска, велки дека во екстремно топли услови во училиушатат се применуваат специјалните протоколи како избегнување активности на отворено после 11, а прозорците во училниците треба да имаат ролетни или завеси кои не пропуштаат топлина. Ова значи дека топлиот бран автоматски сам по себе нема да значи кратење часови, туку училиштата ќе треба да ги следат протоколите и да одлучуваат кои мерки ќе ги применат.

– Раководството на училиштата и самите наставници, тоа е дел од нивната работа, ќе се прилагодуваат на условите. Ако е жешко нема да вежбаат физичко, ќе имаат одмор – ликовно, музика, нешто друго...Јас не сакам да се мешам во вашата работа, но еве една идеја - Ако е поладно ќе направат и некоја физичка вежба. Таму во протоколите пишува кога треба да се отворат, кога да се затворат прозорите, кои активности треба да ги имаат децата. Мора да се прилагодуваме на се што ќе биде предизвик. - Весна Јаневска, министерка за образование и наука

Главен приоритет за Јаневска по ова прашање е сите училишта да добијат соодветни клима уреди во иднина, но истакна дека засега, не може конкретно да каже кога во секое училиште би имало клима уред. Од друга страна, веќе има и училишта кои имаат клими во дел од училниците

– Доколку имаме подолг период на топли денови ние сме организирани, заедно со градоначалникот сме координирани. Имаме и дел од училниците кои што ни се со клима уреди, така да, без грижа да бидат и родителите и учениците, секако дека на прво место ни се децата и нивното здравје.- Фоника Станоева, директор на ОУ „Љубен Лапе“

Покрај во основното училиште Љубен Лапе, како што информираше градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митовски, и во останатите училишта на територија на општината наставата продолжува да се одвива без кратење на часовите. Инаку, дсел од училипштата можат да применат иу дел од останатите пшротоколи во справување со големите жештини, мегу нив и редовно -ровцетруваењ на училниците, како и информираењ на улениците од потребата од редовно хидрирање, како и преепоорајуи за носење на полесна облека.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер