Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаПоднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина КулаковаВо рок од два месеци од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот.По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Во рок од два месеца од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот за кое е запретена максимална затворска казна до 20 години. По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Во рок од два месеци од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот за кое е запретена максимална затворска казна до 20 години. Согласно доказите, на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, обвинетиот, без воопшто да поседува возачка дозвола, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственост на неговиот татко. Не се придржувал кон прописите и со тоа свесно го довел во опасност животот на луѓето. Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 km/h што е речиси двојно поголема од дозволената. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот “Партизански одреди” и улицата “29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, оштетената се издигнала во воздух и удрила во семафор, поставен на разделното пешачко стојалиште, па се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место. Во конкретниот случај постојат околности што го оправдуваат стравот на опасност од бегство и основан страв дека ќе го повтори кривичното дело. Дополнително, имајќи ја предвид возраста на обвинетиот, објектот на заштита, сериозноста и тежината на кривичното дело и другите факти, јавниот обвинител процени дека се уште опстојуваат законските основи поради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, па од Судот побара притворската мерка да биде продолжена. Јавно обвинителство Скопје Тагови: сообраќајка Основното јавно обвинителство Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖерновски: Мицкоски и на Илинден избра да дели - го лаже и го третира својот народ како „талог“Денеска мораме да изреагираме на тоа што го видовме за време на илинденските празници, а тоа е еден говор полн со омраза и навреди од страна на премиерот.Значи, на најголемиот државен празник, на Илинден, Мицкоски ја употреби, односно ја злоупотреби говорницата за повторно да ја продолжи својата политика на поделби, омраза и навреди. Мицкоски од говорницата повторно зборуваше за „талог“. Повторно своите сограѓани ги нарече „талог“. Кој е тој „талог“ за кој, всушност, зборува Мицкоски? Тоа се сите оние што не се согласуваат со него. Тоа се сите оние што знаат колку е Мицкоски неспособен. Тоа се сите оние што знаат колку Мицкоски лаже. Тоа се сите оние што се борат за правда, за еднаквост, за одговорност, сите оние што се борат за европска перспектива на својата држава. Истиот човек кој со години нас, граѓаните, нè нарекува, цитирам, „талог на општеството“, „мекотели“, „мочуриште“, „медиокритети“, „лешинари“, повторно, и тоа од говорницата во Пелинце, каде што требаше да се испрати порака за обединување, го користи истиот јазик на омаловажување. Повторно истиот јазик на етикетирање. На денот кога треба да се зборува за слобода, на денот кога треба да се зборува за достоинство, за иднина, Мицкоски повторно избра да ги навредува своите сограѓани. Мицкоски повторно избра да го дели народот. Ова веќе не е патриотизам. Ова е патолошка политичка омраза и тоа веќе треба јасно да се каже. И додека самиот Мицкоски за својот народ зборува како за „талог“, Македонија тоне во економска криза. Животниот стандард секојдневно опаѓа. Водата е отруена во сè повеќе населени места во државата. Државата е заглавена без напредок во евроинтеграциите. Реформите стојат во место. Или, како што и самиот Мицкоски кажува, тој ја клати државата, ги клати граѓаните во еден привиден воз, а возот всушност не постои, а богами не постои ни шина. Граѓаните секојдневно ја плаќаат цената на неговата неспособност и секојдневно се уверуваат во начинот на кој Мицкоски ги навредува. Прво, во еден квазипатриотски вознес , ги повикуваше граѓаните летните одмори да ги поминат покрај прекрасните македонски езера, реки и планини, за неколку дена потоа самиот тој да изјави дека нема да оди на одмор во Македонија, туку ќе оди на друго место. Откако му стана јасно дека ги лаже граѓаните, на сите ни кажа дека тој, всушност, нема да оди на одмор, туку ќе оди на екскурзија. Така што, ако го видите Мицкоски на плажа, да знаете дека тој е на екскурзија. Почитувани, Христијан Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани сè додека нас нè нарекува „талог“. Сè додека македонските граѓани ги нарекува „талог“, ние, за жал, немаме премиер, немаме лидер. Ние имаме шеф на една организирана криминална група. Ете, тоа е Христијан Мицкоски. Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработкаТагови: Жерновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски повторно лаже - нападот во Ташмаруништа го извршил македонски граѓанинВМРО-ОКГ и Мицкоски вчера повторно лажеа.Тврдеа дека лицето кое упатило вербални навреди кон премиерот Мицкоски во Ташмаруништа покажало бугарска лична карта. Тоа не е точно. Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи - СВР Охрид, станува збор за 52-годишен жител на Струга (С.Г., роден 1974 година од Кочани) - македонски граѓанин со македонска лична карта. Нема странски агент. Има само незадоволен граѓанин. Мицкоски и ВМРО-ОКГ повторно се обидоа да го претстават секојдневниот гнев на народот како „странска агентура“ и „бугарска провокација“. Ова е класичен модел: кога граѓаните се бунат - лажат дека се странци. Кога немаат резултати - бараат непријатели. Кога се критикувани - ги нарекуваат граѓаните „талог“. Реалноста е поинаква. Граѓаните се незадоволни. И тоа е целосно македонско незадоволство. Како и секогаш, Мицкоски и организираната криминална група ВМРО повторно лажат. Граѓаните веќе се навикнати - со ВМРО-ОКГ вистината не постои. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“.Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 221 метар, при што ќе се асфалтира површина од 838 квадратни метри. Паралелно ќе се реконструира и дел од улицата „Божин Николов“, во должина од 268 метри, со вкупна асфалтна површина од 994 квадратни метри. По отстранувањето на стариот асфалт, на двете улици ќе се изврши замена на тампонскиот слој со дебелина од 30 сантиметри, со што ќе се обезбеди поквалитетна, побезбедна и подолготрајна патна инфраструктура. Овие активности се дел од проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром. Општина Аеродром продолжува посветено да инвестира во модерна, безбедна и квалитетна инфраструктура, за подобри услови за живот на сите свои жители. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00