Посебен режим на сообраќај во Скопје во среда, четврток и петок - Канал 5

Посебен режим на сообраќај во Скопје во среда, четврток и петок

Утре, во четврток и во петок на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ.

Посебен режим на сообраќај во Скопје во среда, четврток и петок

-СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 5-ти до 7 март (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, информираат денеска од МВР.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Приведен унгарски државјанин на Граничен премин Табановце, пронајдена е дрога во возилото

Приведен унгарски државјанин на Граничен премин Табановце, пронајдена е дрога во возилото кое го управувал.

Приведен унгарски државјанин на Граничен премин Табановце, пронајдена е дрога во возилото

На Граничен премин Табановце, вчера утрото полициски службеници го лишиле од слобода Ц.З.(47) од Унгарија. При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир пронајдена и одземена е марихуана.

Како што информираат од МВР, увид извршила екипа од СВР Куманово, а дрогата е одземена за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Постекоглу: Во Билбао имаме можност да ја постигнеме главната цел

Тренерот на Тотенхем, Анже Постекоглу се огласи пред финалето на Лига Европа. Натпреварот против Манчестер јунајтед за него ќе биде јубилеен 100-ти.

Постекоглу: Во Билбао имаме можност да ја постигнеме главната цел

-Тешко е да се оценат последните неколку години. Се обидов да се фокусирам на процесот за да го доведам клубот до ниво каде што би можеле да се натпреваруваме за трофеи, а истовремено да го подмладиме тимот. Беше достоен предизвик, но во Билбао имаме можност да ја постигнеме главната цел, изјави Постекоглу.

Финалето на Лига Европа меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед ќе се игра вечер со почеток во 21 часот.

Победникот од овој натпревар ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

СДСМ: Синдикалната кошничка поскапува, народот осиромашува а власта не презема ништо

Поразителни се последните податоци, за само еден месец, синдикалната кошничка е поскапена за 1.217 денари. Само за храна и пијалоци, трошоците се зголемени за 954 денари.

СДСМ: Синдикалната кошничка поскапува, народот осиромашува а власта не презема ништо

Денес, на едно четиричлено семејство му требаат речиси 64.000 денари месечно – само за преживување.

Ова е директна последица на неспособноста на власта која не презема ништо. Дебакл на економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Цените растат, платите стојат, мерки – нема!

Додека граѓаните се борат со скапотијата и бројат денари за да обезбедат леб до крајот на месецот, владата троши за октоподи, школки и лосос. Само во април и мај, СОЗР склучила милионски договори вредни 2.2 милиони денари за луксузна храна – додека народот преживува со кредити и одрекувања.

Ова не е политика, ова е грабеж!

СДСМ бара веднаш владата да ги прифати мерките за:

-Покачување на минимална плата на 500 евра

-Зголемување на платите во јавниот и приватниот сектор

-Укинување на ДДВ за храна за реално намалување на цените.

СДСМ останува на страната на граѓаните. Ќе се бориме за достоинствен живот, за реални плати и економија што работи за народот, а не за министрите.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

притисни ентер