Подмладениот Металург освои бод со Војводина - Канал 5

Подмладениот Металург освои бод со Војводина

Македонскиот ракометен шампион Металург одигра нерешено 26:26 со Војводина во натпреварот од 14. коло од СЕХА лигата. На домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ гостите од Нови Сад во најголемиот дел од натпреварот имаа водство но не го сочуваа до крајот на дуелот. По заминувањето на репрезентативците на македонија од Металург, тимот од „Автокоманда“ играше во подмладен состав.

Подмладениот Металург освои бод со Војводина
На почетокот Металург поведе со 1:0 и 2:1, а потоа гостите постојано беа во водство се до 56. минута. Во неколку наврати таа предност беше и 7 голови разлика (10:17; 12:19). Во финишот на дуелот Металург со головите од контри на Никола Костески дојде до изедначување – 25:25. Конечните 26:26 ги постави Ренато Вугринец, кој постигна вкупно 9 голови (11 обиди) и имаше 8 асистенции на последниот натпревар во дресот на Металург. Костески постигна шест голови без промашување. Голманот Никола Митревски натпреварот го заврши со 13 одбрани.

Металург со 15 бодови се наоѓа на шестото место.

Вториот наш претставник во СЕХА лигата Вардар вечерва од 20:15 часот во Осиек му гостува на Загреб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Оризови топчиња

Во вторник (23.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Анита Бошкова.

„Гответе со Дракче“ - Оризови топчиња

Состојки за денешниот рецепт:

250 - 300 гр. ориз

2 парчиња пилешки стек

3 парчиња моркови

1 мала главица кромид

половина китка магдонос

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нагелсман по дебаклот: „Не бегам, не поднесувам оставка“

Јулијан Нагелсман останува на клупата на Германија по дебаклот на Светското првенство и поразот од Парагвај на стартот на  елиминациската фаза, тој не планира да поднесе оставка и сака да се подготви за идните предизвици.

Нагелсман по дебаклот: „Не бегам, не поднесувам оставка“

Фудбалската репрезентација на Германија доживеа уште едно фијаско и на третиот Мундијал во низа останува без триумф во нокаут фазата.

По титулата во Бразил, Германија беше елиминирана во групната фаза во Русија и Катар, додека сега во САД, Мексико и Канада успеа да ја помине барем првата фаза, пред да налета на Парагвај.

Парагвајците досега покажаа малку, но со многу среќа поминаа во втората фаза и таму „покажаа заби“ на Германија, која ја исфрлија на пенали, со што го уништија митот за талентираниот тренер Јулијан Нагелсман.

И покрај срамната елиминација Нагелсман не размислува на поднесување на оставка, тој планира да остане на клупата до крајот на договорот.

„Тука сум. Ако Германската фудбалска федерација сака да останам до 2028 година, тогаш ќе останам. Ако не, тогаш ќе си одам“, рече Нагелсман.

„Не сум некој што бега. Тука сум ако тоа го сака Германскиот фудбалски сојуз. Ако не ме сакаат, мора да ми кажат. Сакам да продолжам. Во фудбалот немате целосна контрола. Ако сакаат да останам, со задоволство ќе се подготвам за Европското првенство и Лигата на нации. Ако не ме сакаат, мора да го кажат тоа“, нагласи Нагелсман, кој е најмладиот тренер на Светското првенство со 38 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лос Анџелес Клиперс му врачи отказ на Богдан Богдановиќ!

НБА тимот Лос Анџелес Клиперс го отпуштија Богдан Богдановиќ, кој сега е официјално слободен агент. 

Лос Анџелес Клиперс му врачи отказ на Богдан Богдановиќ!

Тие одлучија да ја активираат тимската опција за центарот Брук Лопез во вредност од 9.200.000 долари, потврдувајќи ја намерата на франшизата да го задржи.

Според американскиот инсајдер Џек Фишер, клубот нема да ги користи опциите во договорите на Никола Батум и Богдан Богдановиќ, кои стануваат слободни агенти.

ЛА Клиперс имаа опција да активираат уште една година од договорот на српскиот кошаркар и да го задржат, но одлучија да не ја искористат.

Станува збор за тимска опција вредна 16 милиони долари за следната сезона, која клубот не ја активираше, па Богдановиќ отсега ќе има статус на слободен агент.

Французинот Никола Батум имаше опција вредна 5,9 милиони долари. Иако беше стандарден и корисен дел од ротацијата, Клиперси се одлучија за финансиска флексибилност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер