ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште во Визбегово, 5 спортски центри и над 30 игралишта добиваат граѓаните на општина Бутел
2ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште во Визбегово, 5 спортски центри и над 30 игралишта добиваат граѓаните на општина Бутел
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
МакедонијаПод силно полициско обезбедување отворен новиот објект на бугарскиот центар во СкопјеСо пораки за добрососедство и под засилени мерки на безбедност, во центарот на Скопје отворен новиот објект на бугарскиот културно-информативен центар.. .Под силно полициско обезбедување, затворена улица за минувачи, големо медиумско внимание и кратки говори во кои се потенцираше дека културата треба да ги зближи двата народа, бугарскиот културно-информативен центар и официјално ги отвори новите простории во строгиот центар на Скопје. Министри, историчари и амбасадори, повеќето гости од Бугарија. Како претставник од македонската Влада дојде министерката за култура Костадиновска-Стојчевска. Покрај пораките дека со ваков центар треба да се зајакне добрососедството, таа и нејзиниот колега од Бугарија Минеков ги прокоментираа провокациите од бугарска страна. „Дали клубовите Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети ги зближуваат двата народа? -Тоа вие ќе го оцените. Денеска ги зближуваме двата народи и за тоа сум многу среќен. Вие ќе го одредите тоа, но денеска сум многу среќен од тоа што се случува. „Денеска тука беше пратеник кој тврди дека Македонија е втора бугарска држава. Дали тоа за вас не е провокација? -Секој политичар треба да сноси одговорност за она што го изјавува. Таквите изјави се најмалку европски и воопшто не одат во прилог на еден ваков убав настан како овој денеска. Откако церемонијата заврши, пред медиумите се појави и контроверзниот бугарски пратеник и лидер на партијана “Преродба”, Костадинов, кој недомана двапати доби вербални ноти од македонското МНР за иредентистичките изјави дека “Македонија е втора бугарска држава”. Не се извини, туку одново ги повтори радикалните ставови, убедувајќи ги новинарите дека сме еден народ кој зборува ист јазик. „Да не бидеме лицемери, јас не ве терам вас да се чувствувате Бугари, така ли е? Така е. Од ваша страна, не не терајте нас да ја искривуваме вистината и да лажеме. Нема да лажеме. Јас ќе ви кажам уште еднаш. Да, Бугарија и Македонија се две држави кои треба да бидат една. Две држави се, да. Еден народ кој треба да биде од Црно Море до Охридско Езеро. Тоа ви го велам. Никако нема да ја окупираме Македонија, се окупира туѓа земја. Јас не се чувствувам тука како да сум во туѓа земја. Каков Путин, нема Путин тука. Тоа се наши взаемни односи, на еден јазик говориме. Канал 5 побара одговори од Министерството за надворешни работи, дали овојпат ќе реагираат на скандалозната изјава на Костадинов, но одговор оттаму до овој момент не добивме. Претходно од македонското МНР побараа и бугарските институции и политичари да се оградат и да го осудат говорот на омраза кој содржи и територијални претензии, но оттаму реакција имаше само за изјавите на европратеникот Џамбаски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНа украинските војници им е наредено да ги прекинат борбите- Русија веднаш изведе нападРусија го нападна градот Камјанске во регионот Дњепропетровск во раните утрински часови, при што загинаа четири лица. Нападот се случи само неколку часа откако Украина еднострано прогласи привремен прекин на огнот пред пристигнувањето на американските претставници кои патуваат во Киев и Москва за да ги оживеат мировните преговори, објави „Украинска правда“. Руски напади и покрај прекинот на огнот Според регионалниот гувернер, Олександр Ханжа, Русија го нападна регионот Дњепропетровск преку ноќ и наутро со ракети, беспилотни летала и артилерија. Во нападот врз Камјанске загинаа четири лица, а пет беа ранети. Тројца од повредените се однесени во болница, вклучувајќи 30-годишна жена која е на интензивна нега. Ханжа рече дека бил погоден индустриски погон, но не даде дополнителни детали за целта. Украинските воздухопловни сили претходно во текот на ноќта издадоа предупредување дека руски балистички ракети се упатуваат кон Камјанске. Додека Киев се воздржуваше од напади врз руски цели, сирените за воздушен напад се огласија во градовите низ Украина. Во нападите врз Киев и неговата околина, беше погодена станбена зграда, а најмалку две лица беа повредени. Дипломатска мисија на американските пратеници Привременото прекинување на непријателствата беше објавено поради посетата на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои планираат да ги посетат Киев и Москва за да разговараат за предлогот за прекин на војната. Претседателот Володимир Зеленски потврди дека делегатите ќе пристигнат во Киев утре, по посетата на Москва. Ова е нивна прва посета на Украина како дел од дипломатските напори на Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, го потврди патувањето и рече дека пратениците носат предлог за прекин на војната. „Тоа прашање мора да се реши. Затоа ги испратив Стив Виткоф и Џаред Кушнер“, рече Трамп. „Ги испративме да видат дали може да се постигне нешто и има големи шанси да успееме.“ Условите на украинскиот прекин на огнот Според информации од воени извори, на украинските војници им беше наредено да ги прекинат борбените операции од полноќ на 5 септември до крајот на денот на 8 септември. Прекинот на непријателствата е иницијатива на Украина, иако не е објавен официјален договор за прекин на огнот. Претседателот Зеленски вети дека, заради безбедноста на американските преговарачи, Украина нема да изврши воздушни напади врз Русија за време на нивната посета. Тој ја повика Москва да го стори истото. Русија одговори на предлогот со напади со млазни беспилотни летала, кои летаа кон Киев веднаш по полноќ. Тагови: русија украински војници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште во Визбегово, 5 спортски центри и над 30 игралишта добиваат граѓаните на општина БутелЕдна година локална власт е една година работа, реализирани проекти и видливи резултати. Во Општина Бутел промените се гледаат на терен и во улиците, парковите, училиштата, градинките и спортските терени. Во изминатиот период започна водоводот во Љубанци и Љуботен, завршено е новото училиште во Визбегово во вредност 106 милиони денари, изградена е надградбата на ООУ „Ацо Шопов“ и започна изградбата на затворен базен. Изградени се две нови детски градинки, пет спортско рекреативни центри и над 30 спортски и детски игралишта. Уредено е речното корито на Серава во должина од 1.800 метри, Радишани доби нов парк и плоштад, а се градат новиот мега-парк на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, пешачка патека покрај Серава и два нови моста. Во изминатите пет години се реализирани и бројни реконструкции и асфалтирања на улици. А работата продолжува. Следуваат нова модерна поликлиника, секундарна водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен, доградба на ООУ „Панајот Гиновски“, нова градинка во Визбегово, нови спортски центри и дом на културата. Се реализираат и активности за видеонадзор на јавните површини. Една година е само почеток. Бутел се гради, се развива и се менува со конкретни проекти и уште посилно темпо во периодот што следува, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВремето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)Скриено во северна Италија, недалеку од швајцарската граница и езерото Маџоре, селото Куриља кон Монтевијаско се чини дека било „заробено“ во друго време.Сместено во долината Ведаска, во областа Варезе, ова необично планинско гратче нема пат низ кој поминуваат автомобили. До него се стигнува пеш - преку 1.400 камени скали. Ситуацијата се промени во 1989 година. За локалното население, стрмната патека беше главната врска со остатокот од светот со векови. Сепак, ситуацијата значително се промени во 1989 година, кога беше изградена жичарница што го поврзуваше селото со долината. Сепак, по сериозна несреќа, жичарницата престана да работи во 2018 година, објавува Дневни аваз. Монтевијаско потоа беше практично „отсечен од светот“ речиси седум години, а до селото главно се стигнуваше пеш. Зачуван е автентичниот изглед Жичарницата повторно се отвори во 2025 година, што повторно им овозможи на жителите и посетителите многу полесен пристап до селото. Денес, во Монтевиаско живеат само околу десетина луѓе, додека историскиот комплекс го зачувал својот автентичен изглед. Камени куќи, дрвени балкони, тесни улички и традиционални камени покриви му даваат на селото изглед што е тешко да се најде во модерна Европа. На крајот од големото скалиште се наоѓа светилиштето на Мадона дела Серта. Сите посетители имаат избор Иако искачувањето од 1.400 скали е физички напорно, токму поради оваа причина Монтевиаско привлекува ентузијасти за планинарење и туристи кои сакаат да видат едно од најнеобичните села во Италија. Денес, посетителите имаат избор - можат да се качат на старата камена патека и да се искачат речиси 1.400 скали или да ја користат жичарницата што стигнува до селото од Понте ди Пјеро за неколку минути. Монтевиаско сè уште го зачувува она што го прави посебен - неговата изолација, камената архитектура и чувството дека влегувањето во селото ве враќа неколку векови назад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter