Петрушевски: Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, затоа нека се посвети малку на консолидирање
2Петрушевски: Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, затоа нека се посвети малку на консолидирање
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната користВеќе е јасно дека за се што е во интерес на граѓаните и за секој проект што носи развој и инвестиции, талогот на СДС предводен од Венко Филипче е против.И во контекст на дата-центрите, односно центрите за податоци, Филипче повторно се обидува да ја спинува темата и да создава неоправдана загриженост кај граѓаните, наместо да ги согледа придобивките. Развојот на дата-центрите е можност за привлекување инвестиции, развој на нова индустрија, отворање нови работни места и напредок на државата. Јасно е кажано дека електричната енергија ќе се набавува на пазар или од обновливи извори, додека за ладењето на дата-центрите постојат повеќе различни решенија. Тоа значи дека манипулациите со наводна опасност за водните ресурси не ја кажуваат целата слика. Сегашен пратеник и поранешен премиер од редовите на СДС, Димитар Ковачевски, јавно кажа дека не го дели ставот на Филипче за ова прашање. Значи, Филипче не само што е против проектите на Владата, туку е против секој па дури и сопартијци кои препознаваат дека развојот на оваа индустрија може да биде од корист за државата. Филипче зборува за цената на електричната енергија и за користењето на водата, но кога веќе се дадени конкретни објаснувања за овие прашања, останува впечатокот дека неговата цел не е да понуди решение, туку по секоја цена да биде против. Граѓаните заслужуваат политика што ќе поддржува инвестиции, нови индустрии и економски развој, а не политика на постојано кочење од страна на опозицијата и политички спинови, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ФормулаВерстапен најбрз во Баку на последниот тренинг пред Големата награда на Азербејџан Возачот на Редбул, Макс Верстапен беше најбрз на последниот тренинг пред Големата награда на Азербејџан во Баку и со тоа ја прекина доминацијата на Мерцедес за време на тренинг-сесиите.Возачот на Ред Бул постигна време за 0,099 секунди подобро од она на Џорџ Расел, и тоа во самиот финиш. Британецот беше најбрз на првите два тренинга одржани во четвртокот. Луис Хамилтон заврши трет, со заостанување од 0,111 секунди, додека Кими Антонели беше четврти. Шарл Леклер го зазеде петтото место, но заостануваше дури 0,622 секунди зад Верстапен, при што кон крајот на сесијата мораше да излезе од патеката во зоната за безбедност. Пјер Гасли заврши седми, пред возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. Иако Верстапен беше најбрз, Мерцедес останува сериозен кандидат за пол-позицијата, особено поради предноста на правците и во бавните свиоци. Квалификациите за Големата награда на Азербејџан започнуваат во 14:00 часот по средноевропско време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТренчевска: Да се повлече планот за рудниците - Македонија не е на распродажбаМакедонија не е на продажба!За Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ, Македонија е ресурс од кој треба да извлечат само профит - не држава за која треба да се грижат. Затоа и го смислија новиот нацрт план за просторно планирање - за профит. Распродажбата на Македонија Мицкоски ја внесе во Нацрт – просторниот план - документот што треба да ја определи иднината на Македонија до 2040 година. Тоа е неговата матрица - кога нема никакви резултати,кога нема инвестиции, економијата тоне, арамијата Мицкоски ја распродава државата - за свои бизнис интереси и провизии. Локациите за пет рудници за метали Иловица–Штука, Казан Дол, Плавица, Кадиица и Луке - се веќе исцртани внесени во стратешкиот документ со кој се планира иднината на државата во следните 15 години. Дополнително се проектира и зголемување на површините под експлоатација на критични минерални суровини од околу два на приближно десет квадратни километри. Значи петкратно зголемување, а граѓаните немаат јасен приказ на точните граници и на целиот простор што би го зафатиле рударските активности. Кој одлучил? Ги прашале ли граѓаните? Не, Мицкоски сам ја изцртал иднината на државата така како што нему му одговара. Еднаш загадената вода и почва остануваат трајно загадени. А последиците врз здравјето на луѓето не можат да се платат со никаква провизија. Никој нема право да го загрозува здравјето на граѓаните и да ја распродава државата. Природните богатства не се сопственост на Мицкоски, ниту на неговата Влада. Тие се богатство на граѓаните. СДСМ нема да дозволи Македонија да биде распродадена парче по парче, за туѓи бизнис интереси и финансиски профити. Остро ќе се спротиставиме на овој криминален план на Мицкоски и неговата Влада. Бараме да се повлече криминалниот план. Македонија не е на продажба. Ниту нашата почваа, ниту водата, ниту природните богатства. Нема да дозволиме иднината на државата да биде претворена во профит за некого, на штета на здравјето на граѓаните. Прес-конференција на СДСМ - Јована Тренчевска – потпретседателка Скопје, 25.9.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалТој вредеше 30 милиони евра. Сега оди во затвор поради сексуален нападКариерата на 30 годишниот фудбалер Санти Мина кој своевремено беше проценет на 30 милиони евра – практично е завршена по конечната судска пресуда. Поранешниот напаѓач на Селта и Валенсија мора да отслужи четиригодишна затворска казна за сексуален напад, со што се става крај на повеќегодишниот правен процес. Првичната пресуда беше донесена во пролетта 2022 година, но адвокатите на Мина поднесоа жалба. Шпанските медиуми известуваат дека Високиот суд на Андалузија сега ја потврдил пресудата за вина и ја отфрлил жалбата против затворската казна. Единствената измена се однесува на отштетата досудена за жртвата, која е намалена од првичните 50.000 евра на 25.000 евра. По отфрлањето на жалбата, Мина е должен да ја отслужи казната. Случајот потекнува од настан што се случил на 16 јуни 2017 година, додека Мина бил играч на Валенсија. Според судските документи, нападот се случил околу 4:30 часот наутро во близина на ноќен клуб во Мохакар, во провинцијата Алмерија. Инцидентот се случил во возилото на друг фудбалер, Давид Голдар. Во времето на нападот, Мина важеше за еден од најперспективните млади фудбалери во Шпанија. Својата кариера ја започна во младинската школа на Селта Виго, а за првиот тим дебитираше на 17-годишна возраст. По две сезони премина во Валенсија, за по четири години да се врати во Селта. Поради тековните правни постапки, една сезона помина на позајмица во саудискиот клуб Ал-Шабаб, а професионалната кариера ја заврши во јули 2023 година. Одигра вкупно 268 натпревари во шпанската Ла Лига, при што постигна 63 гола и забележа 25 асистенции. Исто така, постигна два гола на осум натпревари во Лигата на шампионите. Иако беше редовен член на младинските репрезентации на Шпанија, никогаш не заигра за сениорскиот тим. Неговата пазарна вредност достигна 30 милиони евра во 2019 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook