ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист
СДСМ: Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата - се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист
2СДСМ: Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата - се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати
МетеоДенеска сончево и топло време, со температура до 37 степениВремето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност. Во недела ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната користВеќе е јасно дека за се што е во интерес на граѓаните и за секој проект што носи развој и инвестиции, талогот на СДС предводен од Венко Филипче е против.И во контекст на дата-центрите, односно центрите за податоци, Филипче повторно се обидува да ја спинува темата и да создава неоправдана загриженост кај граѓаните, наместо да ги согледа придобивките. Развојот на дата-центрите е можност за привлекување инвестиции, развој на нова индустрија, отворање нови работни места и напредок на државата. Јасно е кажано дека електричната енергија ќе се набавува на пазар или од обновливи извори, додека за ладењето на дата-центрите постојат повеќе различни решенија. Тоа значи дека манипулациите со наводна опасност за водните ресурси не ја кажуваат целата слика. Сегашен пратеник и поранешен премиер од редовите на СДС, Димитар Ковачевски, јавно кажа дека не го дели ставот на Филипче за ова прашање. Значи, Филипче не само што е против проектите на Владата, туку е против секој па дури и сопартијци кои препознаваат дека развојот на оваа индустрија може да биде од корист за државата. Филипче зборува за цената на електричната енергија и за користењето на водата, но кога веќе се дадени конкретни објаснувања за овие прашања, останува впечатокот дека неговата цел не е да понуди решение, туку по секоја цена да биде против. Граѓаните заслужуваат политика што ќе поддржува инвестиции, нови индустрии и економски развој, а не политика на постојано кочење од страна на опозицијата и политички спинови, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата - се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починатиВо Македонија до 1 септември годинава се регистрирани вкупно 56 случаи на западнонилска треска, има и 7 починати. Македонија е на првото место во Европа по бројот на заболени во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција, Романија. Повторно, исто како и здравствената криза со труењето во Гостивар, здравствените институции на Мицкоски закаснија со реакцијата. Владата на Мицкоски нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. Дури ниту против комарци не прскаат навреме, и со тоа задоцни Орце Ѓорѓиевски. Не функционира системот за превенција, заштита и контрола на вектор-преносливи болести. Не функцираат градоначалниците на ВМРО-ОКГ. Не фукционираат здравствените институции. Државата не менаџира со епидемијата – туку само реагира на нејзините последици. Цената ја плаќаат граѓаните, со своето здравје, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваГеоргина се појави во Венеција во тесен фустан и ја покажа фигуратаГеоргина Родригез се појави на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал по повод проекцијата на филмот „Господине Нелсон, дали убивте луѓе?“. За таа пригода, таа избра елегантна темно сина комбинација која се состоеше од струкирана јакна и долга, тесна здолниште. Ја носеше јакната гола, а длабокото деколте и кројот што ја прилегаше фигурата беа во преден план. Елегантна комбинација на црвениот тепих Таа ја надополни едноставната, но ефективна комбинација со прекрасен накит. Таа доброволно позираше за собраните фотографи, а во еден момент испрати бакнеж кон камерите. Тесната здолниште ја истакна нејзината фигура, додека високиот шлиц ги истакна нејзините нозе. Свадба со Кристијано Роналдо Нејзиното пристигнување во Венеција следеше само неколку недели по нејзината венчавка со Кристијано Роналдо. Двојката се венча на 11 август, по десет години заедно, на интимна церемонија одржана во дневната соба на нивниот дом во Каскаис, Португалија. На церемонијата присуствуваа и нивните пет деца, а датумот не беше избран случајно. Тие се венчаа точно на десетгодишнината од денот кога првпат се запознаа во продавницата на „Гучи“ во Мадрид, каде што Георгина во тоа време работеше како продавачка. Во спомен на местото каде што започна нивната љубовна приказна, двајцата носеа „Гучи“ за свадбата. По церемонијата, тие отидоа во светилиштето во Фатима, каде што нивниот брак беше благословен. Георгина откри дека свадбата била токму онаква каква што ја замислувала - интимна и посветена на семејството. Сепак, во иднина, двојката планира да организира поголема свадбена прослава за семејството и пријателите. Појавувањето во Венеција е едно од првите големи јавни појавувања на Георгина Родригез откако се омажи за познатиот португалски фудбалер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter