Почвата во Велес и околината и натаму загадена, предизвикувач е ридот со згура од тешки метали кај Топилницата - Канал 5

Почвата во Велес и околината и натаму загадена, предизвикувач е ридот со згура од тешки метали кај Топилницата

 Почвата во Велес и по вршењето на деконтаминацијата со растенија фиторемедијатори сè уште е загадена со тешки метали, покажале лабораториските анализи на стручњаците од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес. 

Почвата во Велес и околината и натаму загадена, предизвикувач е ридот со згура од тешки метали кај Топилницата

Почвата и натаму ја загадува ридот со згура што се наоѓа во близина на Топилницата. Затоа еколошките здруженија бараат дислокација на оваа згура и координација со земјоделците, eкспертите, невладините организации и надлежните локални и државни институции за да се усвои стратегијата за деконтаминација на почва и да се примени во Законот за почви.

Еколозите од еколошкото друштво „Вила Зора" во рамките на проектот „Да ја заштитиме почвата", финансиран од УСАИД, вршеле деконтаминација на загадената почва во Велес и околината со засадување маслодајна репка, како фиторемедијатор, во периодот 2018/2019, а потоа преку лабораториски анализи на почвата од страна на стручњаци од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес утврдиле дека и по деконтаминацијата во почвата сè уште е присутно загадувањето со тешки метали.

Како што појасни Ненад Коциќ од ЕД „Вила Зора", тоа се должи на сè уште присутниот 1,5 милион тони црн рид со згура од тешки метали веднаш до Топилницата, кој и натаму врши континуирано загадување со тешки метали на почвата во и околу Велес.

Тој посочи дека најкритично е во реонот на Башино Село, кај Комплекс УЗУС и Речани. Затоа, за решавање на проблемот, потребна е дислокација на згурата. Најави дека ќе прекинат со процесот на фиторемедијација сè додека тука е лоцирана згурата со тешки метали.

Дека згурата е и натаму загадувач на почвата, вели, доказ е податокот дека иако еден земјоделец од Речани на четири декари целосно ја заменил почвата со нова чиста од друг регион, само по една година и таа била контаминирана.

Откако ќе се дислоцира згурата, рече, ќе се продолжи со деконтаминација на почвата и со други растенија – фиторемедијатори што се поотпорни на суша, како сончогледот, но и други поотпорни култури што треба да помогнат да се исчисти загадената и потоа на чиста почва да се садат градинарски култури што најмногу се одгледуваат во овој реон.

Кире Кочов од ЕД „Вила Зора" во својата презентација на резултатите од проектот појасни дека тие покажуваат дека присуството на тешки метали на почвата по деконтаминацијата со засадена маслодајна репка на површина од 0 до 20 сантиметри, наместо да се намалат, се зголемиле за 0,5 пати, а оние на поголеми длабочини од 20 до 40 сантиметри по деконтаминацијата се намалиле се 3,5 пати.

– Тоа е поради тоа што во гориот слој поради континуиран загадувач сè уште постои загадување на почвата. А на подолните слоеви, маслодајната репка како фиторемедијатор ги примила во себе тешките метали и направила деконтаминација на почвата и намалување на концентрациите, потенцира Кочов.

Во прилог на тоа, рече дека по деконтаминацијата во коренот и листот на маслодајната репка имало за 20 пати зголемени концентрации на олово, а присуството на кадмиум било зголемено дури за 60 пати.

Оловото, рече, на површина од почвата 0 д 20 сантиметри пред фиторемедијацијата било со 201,6 микрограм на килограм или за 2,3 пати над дозволеното, а по фиторемедијацијата се зголемило на 218 микрограми на килограм што, потенцира, е за 2,5 пати повеќе од дозволеното. Тоа, рече, значи дека, наместо да се намалат, се зголемиле концентрациите на олово во почвата.

Интересно е, потенцира тој, што на длабочина од 20 до 40 сантиметри пред фиторемедијацијата во 2018 година концентрацијата на олово била двапати поголема над дозволеното, а годинава по фиторемедијацијата се намалила и била поголема само за 0,9 пати над дозволената граница.

– Кај кадмиумот на длабочина до 20 сантиметри лани концентрацијата била зголемена 0,9 пати, а годинава, по завршената фиторемедијација, за 13,7 пати. На површина подлабоко во почвата од 20 до 40 сантиметри лани имало зголемени концентрации на кадмиум деветпати над дозволеното, а годинава биле помали со тоа што биле зголемени за 4,5 пати. Тоа значи дека со фиторемедијацијата во длабочина од 20 до 40 сантиметри се намалиле концентрациите и на олово и на кадмиум, бидејќи растението ги апсорбирало во себе овие тешки метали и така ја прочистиле почвата, појасни Кочов.

Како што информира Сашка Коцевска од ЕД „Вила Зора", нивна цел преку овој проект е едукација и помош на фармерите и институционализација на овој еколошки проблем преку стратегиски документ за деконтаминација на почва.

– Крајна цел ни е усвојување стратегија за деконтаминација на почва од страна на локалните и националните институции и нејзина примена во Законот за почви, вели таа.

Проф. д-р Трајче Стафилов од Институтот за хемија при ПМФ на УКИМ во Скопје и долгогодишен истражувач на загаденоста на почвите со тешки метали во Велес и во земјава, на презентацијата на проектот потсети на десетте таканаречени еколошки жешки точки во земјава, а меѓу кои, по скопски ОХИС, на второто место е депонијата со згура од тешки метали од велешката Топилница.

Тој потенцира дека загадувањето на Велес во градот и неговата непосредна околина, особено во индустриската зона е огромно и неколкупати над дозволените таканаречени интервентни вредности според холанските стандарди. Стафилов појаснува дека тие не можат да се споредуваат со наши стандарди бидејќи, рече, за жал, ги немаме.

– Загадувањето на почвите доведува и до загадување на храната, така што загадувањето на зеленчукот што се произведува на тој простор е контаминирано, особено со кадмиум и олово. Така кај земените примероци од 40 зеленчуци на земјоделски површини во непосредна близина на Велес, концентрациите на кадмиум биле и над 20 пати, а на олово од два до 10 пати над дозволените интервентни вредности. На цинкот концентрациите не се ограничени, појасни проф. Стафилов.

Тој алармира до надлежните за горливиот проблем со почвите во Велес и земјава, а кои, според неговите анализи од теренот, се многу загадени и побара што поскоро освен еколозите, да го решаваат надлежните државни институции./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните.

Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази.

На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести

Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска.

Франција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести

Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска, а властите се загрижени за можно повторување на нивото на насилство видено минатиот викенд.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека масовното присуство на полицијата треба да спречи насилство и грабежи. Тој рече дека 70.000 полицајци и жандармериски персонал ќе бидат распоредени низ цела Франција.

Нуњез додаде дека имало бројни повици за насилство и грабежи, кои, според него, биле пораки од демонстрантите.

Голем број протести беа забранети, а рутата на маршот беше променета во Париз

Министерот за внатрешни работи рече дека голем број демонстрации веќе се забранети. Собирите ќе бидат дозволени ако организаторите обезбедат обезбедување, „и под услов, се разбира, тие да не се одржуваат на места каде што може да има грабежи, нарушување на јавниот ред и слично“.

Во Париз, маршот што го објавија синдикатите беше дозволен, но рутата беше променета. И покрај ограничувањата на демонстрациите во саботата, полицискиот час во чувствителните области на градовите остана на сила, рече Нуњез.

Младите луѓе протестираат со недели барајќи подобри услови во училиштата. Во текот на изминатиот викенд, други групи им се придружија на нивните протести во бројни градови, вклучувајќи ги и оние против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни конфликти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Ресен и Преспа со нови проекти за подобра иднина

Ресен и Преспа со нови проекти за подобра иднина, пешачко-велосипедска патека во должина од 180 километри, нови улици и грижа за најмладите.

ВМРО-ДПМНЕ: Ресен и Преспа со нови проекти за подобра иднина

Општина Ресен продолжува со унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Развојот на инфраструктурата е еден од најзначајните предуслови за подобар живот на граѓаните.

Во изминатава година реализирани се повеќе активности во оваа област како реконструкција на патен правец Мост на Голема Река до раскрсница со Депонија, хидротехнички истражни работи во с.Штрбово ( бушотина за вода), изведба на примарна водоводна мрежа и асфалтирање на ул„Наум Веслиевски“ крак 1 и крак 2 по постоечка состојба, изведба на примарна водоводна мрежа со куќни приклучоци на ул„11-ти Септември“ и ул„Бигла“, изградба на атмосферска канализација на дел од ул „Борис Кидрич“, примарни фекални канализациони системи во Долно Дупени, Крани, Стење, Брајчино, а во тек е изградби на пречистителни станици за истите.

Исто така отпочнати се градежни активности за изградба пешачко-велосипедска патека од 180 километри низ Преспа, со поддршка од Европската Унија, за развој на туризмот и промоција на природните убавини.

Се работи на подобрување на комуналните услуги преку набавка на два камиони за отпад, кипер и мини багер за потребите на јавното комунално претпријатие.

Се прави реконструкција на улици и водоводна и канализациска мрежа, со цел подобра инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните.

Инвестициите во образованието, грижата за најмладите и создавањето подобри услови за нив, се инвестиции во иднината на општината. Општината дава поддршка на секое запишано прваче и за секој запишан средношколец во прва година на средно образование во нашата општина. Воедно, локалната самоуправа дава поддршка на секое првородено дете, како и на ранливите категории граѓани, старите лица и семејствата на кои им е потребна помош.

Со континуирани инвестиции и посветена работа, Општина Ресен гради подобри услови за живот и нови можности за развој на Ресен и Преспа, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер