Почувствуван силен земјотрес во Северна Каролина, САД

Земјотрес со јачина од 5,1 степени ја погоди денеска американската држава Северна Каролина, објави Националниот метеоролошки институт во Гринвил.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 4 километри југоисточно од градот Спарта.

Засега нема извештаи за какви било штети или повредени.

Ова е најсилниот земјотрес почувствуван во Северна Каролина во последните 100 години. Посилен земјотрес во оваа американска сојузна држава е регистриран во далечната 1916 година, со јачина од 5,5 степени.

Вечерва во „Само интервју“ ќе гостува Љупчо Николовски.

За прв пат во македонската влада имаме вицепремиер за борба со корупција, каква ќе биде неговата улога?

Драги сограѓани, изборите поминаа, Заев доби нова шанса за борба со корупцијата, седна ли на Илинденска конечно „екипа“ од збор, вечерва во Само Интервју Гоце Михајлоски одговори ќе бара од вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски.

За прв пат во македонската влада имаме вицепремиер за борба со корупција, каква ќе биде неговата улога?

За себе вели дека безкомпромисно и чесно ќе си ја „заработува“ платата, дали Македонија конечно доби нова генерација на политичари?

Како вицепремиерот за борба против корупција ќе се носи со клучниот проблем на реформските процеси - корупцијата во високите редови на општеството?

Ќе се „издигне“ ли политичкиот менталитет над „слаткиот“ поткуп, ќе „испливаат“ ли квалитетните кадри пред партиската војска?

Како ќе се носиме со бугарските политики, станува ли историјата услов за евентуално вето?

Злоупотребата на службената положба е „рак-рана“ во светски рамки, што и недостасува на Македонија за да влезе во ЕУ со „чисти раце“?

Вечерва Само Интервју со Љупчо Николовски, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

Дневен хороскоп за 18.септември 2020 година

Дневен хороскоп за петок, 18.септември 2020 година.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е.

Кариера

Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите.

Здравје и совет

Вежбајте на отворено.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред.

Кариера

Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце. Ќе помине.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови.

Кариера

Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време.

Здравје и совет

Имате право да уживате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате.

Кариера

Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво.

Кариера

Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови.

Здравје и совет

Наспијте се добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни.

Кариера

Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте.

Здравје и совет

Одморете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот.

Кариера

За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите.

Здравје и совет

Следете ги своите сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака.

Кариера

На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава.

Здравје и совет

Продолжете да го градите започнатото.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне.

Кариера

Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе копнеете кон својот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас.

Кариера

Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка.

Здравје и совет

Грижите што ќе се појават се обична илузија.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка.

Кариера

На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив.

Здравје и совет

Вежбајте јога за подобра концентрација.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред.

Кариера

Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење.

Здравје и совет

Останете мирни.

Навални номиниран за Нобелова награда за мир

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, објави денеска професорот на универзитетот „Рутгерс“ во Њу Џерси, Сергеј Ерофеев.

Тој рече дека Навални е номиниран за наградата од група научници од повеќе универзитети, но тој не ги наведе нивните имиња, пренесува рускиот портал news.ru.

притисни ентер