Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе
2Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе
ЖивотПочнува Страдалната – Страсната – Велика седмицаПоследната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака, страдание). Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава. Таа е недела на страданијата Господови. Сè е во спомен на последните денови од земниот живот на Спасителот наш Господ Исус Христос: Неговите страдања, смртта и погребението. Оваа седмица се нарекува и Велика седмица, поради големината на настаните што се случиле во неа. Свети Јован Златоуст вели: „Во таа седмица е пресудена древната тиранија на ѓаволот, победена е смртта, врзан е силниот (ѓаволот) и уништено неговото оружје, искупен е гревот, симната е клетвата и рајот е отворен. Тогаш небото престанало да биде недостапно. Луѓето се зближиле со ангелите. Оттргната е преградата што ги разделувала луѓето од Бога. Границите се избришани. Бог на мирот ги измирил небесното и земното“. Според сведочењето на светите отци (особено свети Јован Златоуст, IV век), христијаните во првите векови ги зголемувале своите молитви и постот во текот на Страдалната седмица. Во овие денови го подражавале Господа Исуса Христа, особено во љубовта кон човекот. Така, во Страдалната седмица тие се обидувале да бидат подобри, пострпливи, повоздржливи и посправедливи кон своите ближни, правејќи дела на љубовта и милосрдието. Во тие дни се сметало за недолично да се оди на суд и да се обвинува или да се осудува, па затоа, во текот на Страдалната седмица луѓето ги прекинувале сите тужби, сите судски парници, обвиненија, спорови и казни. Во овој празничен период се практикувало дури и да ослободат некого од вратите на затворот, којшто не бил голем престапник. Деновите на Страдалната седмица Господ Исус Христос ги поминал во Ерусалим и во храмот. Таму секој ден го поучувал народот. Затоа, според Неговиот пример, и православните христијани овие денови ги минуваат во храмовите. Тие се таму и наутро и навечер, и по цел ден, молитвено размислувајќи за евангелската историја на Богочовекот и Спасителот наш Господ Исус Христос и за Неговото служење на човечкиот род. Во текот на Страдалната седмица ни се претставува централната библиска содржина. Гледаме дека целата Библија е христоцентрична. Нејзината главна личност е Господ Исус Христос, а главно дејство: спасението на човечкиот род. Во овие дни, зближени се настаните од Стариот и од Новиот завет. Сè што е пророкувано и претскажано во Стариот завет и сè што е забележено во Новиот завет ни е на очиглед во настаните од Страдалната седмица. Сè е збрано во она што се случило во последните денови и часови од земниот живот на Господа Исуса Христа. Тоа сето го сконцентирала светата Црква и го претставува во една преубава и величествена форма, низ прекрасните богослужби во оваа седмица. Богослуженијата се обилно збогатени и украсени со мудро избрани текстови од Библијата. Овие денови на богослужбите се читаат содржини од пророчките книги, од Евангелието и од Апостолот. Сето тоа е велелепно проследено со длабоки, содржајни молитви и песнопенија. Тие се и слаткопејни и оплакувачки, и покајни и животорадосни, страдални и воскресенски. Преубави и вдахновени се црковните песни што се пеат на богослужбите во Страстната седмица. Тие ги галат нашите души. Ги издигаат до небесните убавини и до рајските радости. Тоа се доживува само тогаш – во овие дни. Затоа верниците ги посетуваат богослужбите, особено попладневните богослуженија на Велики Четврток и Велики Петок, а задолжително за секој христијанин е пречекот на Велигден, во саботата ноќта. Посебно се забележливи и длабоко содржајни побожните, црковно – народни обичаи и обреди во овие денови. Тие се изразито присутни и в црква, започнувајќи од Велики Четврток, од првото вапцување велигденски јајца. Преку богослужбите, обредите и обичаите, во душите на верниците, се пренесуваат настаните кои се случиле во последните денови од земниот живот на Христа Спасителот. Со љубов и со побожност се следи секој евангелски збор и, чекор по чекор, преку верата и духовното расположение, сè нè внесува во спасоносните настани. Во овие денови верниците стануваат сопатници Христови. Во тие дни ние одиме по стапките Господови и по Неговиот пат до Крстот – патуваме од Витанија до Черепница (Голгота), од Неговото царско влегување во Ерусалим – до Неговите искупителни страдања на Крстот, а потоа и до светлото торжество на Воскресението. Оваа седмица се особено долги богослуженијата и голема е нивната важност, како и на настаните од тие дни. Тие ни ги насочуваат нашето внимание и нашите мисли кон сите евангелски глетки од пожртвованоста Христова за човечкиот род. Во текот на целата Страстна седмица, освен на Литургијата на Велики Четврток и Сабота, свештениците се облечени во црни одежди. Оваа седмица не се прават панихиди, помени и акатисти, заради посветеноста на целото внимание и молитва кон големите настани. Во овие денови на Страдалната седмица, на трпезата, за храна се употребуваат само суви јадења. „И со тоа да бидеме задоволни“, вели правилото од Посниот триод. Тоа е утврдено и на Шестиот Вселенски собор. Постот трае сè до полноќта на Велика Сабота, односно до завршувањето на велигденската света Литургија. + + + Следете нè! Секој ден од оваа Велика седмица ќе има по еден текст посветен на денот, бидејќи секој ден е особено значаен и единствен. + + + Душеполезно е читањето на поучни текстови за овие празници. Тие се полни со библиски содржини и со нивно разјаснување и толкување. Тоа нè пренесува во Евангелието и нè води во дружба со Господа. Тогаш, не мислиме на ништо друго, туку ги созерцаваме Христовите страданија и Неговата богоспасителна дејност за нас. Ние сме со Бога и Бог е со нас. Таквото читање е богослужение. Тоа е еднакво на богослужение – тоа е нашето лично богослужение. Тоа ќе нè одведе и на богослужението в црква.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Златна фудбалерка го „фрли“ дресот и облече проѕирен фустан, Градите ѕиркаат од фустанотЕдна од најсексапилната фудбалерка на светот, атрактивната Клои Кели повторно воодушеви со својот секси стајлинг.Јавноста е навикната да ја гледа во фудбалски дрес и на теренот, но Клои Кели овојпат покажа сосема поинакво издание. Англиската фудбалерка Клои Кели привлече големо внимание на доделувањето на наградите „GQ Мажи на годината“ во Лондон, каде што се појави во мошне смело издание. Наместо спортскиот дрес во кој сме навикнати да ја гледаме, овојпат таа се одлучи за елегантен црн фустан што ѝ го откриваше грбот, додека проѕирната ткаенина му даде на целиот изглед дополнителна доза на сензуалност. Припиениот фустан ја истакнуваше нејзината фигура, а отворениот грб беше еден од најефектните детали во оваа комбинација. Со овој избор, Клои покажа сосема поинаква страна на својот стил, далеку од фудбалскиот терен и спортската опрема. Бројни познати личности од светот на спортот, модата, музиката, филмот и забавата се собраа на свечениот настан, а фудбалерката на Арсенал беше меѓу гостите што го привлекоа вниманието на фотографите. Клои Кели е една од најпрепознатливите фудбалерки во англиската репрезентација, со која освои европски титули во 2022 и 2025 година. Особено е впечатлив нејзиниот гол против Германија во финалето на Европското првенство во 2022 година, кога го постигна одлучувачкиот погодок во 110-тата минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваТејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозеСветската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови.Каков фустан! Сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе . Светската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови. Навистина, ова беше глетка за паметење. Тејлор Свифт се врати на голема врата кога станува збор за кантри-музиката. Неодамна, по пауза од 10 години, таа учествуваше на доделувањето на наградите на Здружението за кантри-музика (CMA Awards) во Нешвил. Последен пат таа присуствуваше на оваа церемонија во 2016 година. Овој пат, таа одлучи да блесне во жолта креација на дизајнерот Оскар де ла Рента, оставајќи го модниот свет воодушевен. Станува збор за едноставна, речиси ненаметлива тоалета, одликувана со минимализам. И додека горниот, корсетен дел се одликува со едноставен крој, долниот дел се карактеризира со асиметричен крој, долга опашка и џебови, кои на целиот стајлинг му даваат нота на модерен гламур. Не смееме да ја изоставиме ниту впечатливата жолта боја на фустанот, која беше главниот акцент во нејзиниот изглед. Ретко која дама би одбрала облека во оваа нијанса на жолта боја за некој голем настан, но Тејлор покажа дека за неа не важат овие стереотипи. Тагови: Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Новак го зема микрофонот и направи „хаос“! Ѓоковиќ го запеа хитот на легендарниот Џеј Ново шоу надовор од теренот на најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ го испеа хитот на легендарниот Џеј и предизвика „хаос“ во еден белградски клуб!Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го искористи престојот во Србија за да се опушти во друштво на пријатели, а потоа приреди вистинско шоу во еден познат белградски клуб, што ги воодушеви сите присутни. Ноле уживаше во ноќното излегување, пушејќи и пеејќи, а кулминацијата на вечерта се случи кога пејачката Маријана Злопаша го забележа во публиката и го покани да ѝ се придружи на сцената. Ѓоковиќ не се двоумеше многу! Ја прифати поканата, го зеде микрофонот и ја запеа песната „Ниедни усни не бакнуваат сами“ голем хит на легендарниот Џеј Рамадановски. Атмосферата во тој момент го достигна својот врв, а присутните имаа можност да го видат Новак во сосема поинакво издание – наместо рекет, во рацете држеше микрофон и уживаше во музиката. https://www.instagram.com/reel/Df_Qk2Ts0g5/?utm_source=ig_embed Ѓоковиќ моментално е во Белград, бидејќи тениската сезона за него е завршена. Тој ќе помине уште неколку дена во својот роден град, а оваа сабота ќе ја искористи за да го прослави Свети Архангел со своето семејство. Потоа, планира да замине на одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08