1Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот
КултураПочнува 12.Фестивал на европски филм „Синедејс“„Меѓу два урагана“ на режисерот Брет Морген, музички документарец за 50-годишната кариера на „Ролинг стоунс“, вечер во кино „Милениум“ ќе го отвори 12.Фестивал на европски филм „Синедејс“.По документарецот за „кралевите на рокот“ ќе следува филм од фестивалската гала-програма - „Светиот Гра“ на Џанфранко Роси, добитникот на годинашниот венециски „Златен лав“. Фестивалот ќе трае до 23 ноември под мотото „Европа тоа најдобро го прави“ и покрај филмови во трка за награди (10 во Официјалната селекција избрани од Бернд Будер и шест во програмата СинеБалкан), ќе прикаже и кратки и документарни, гала-програма со светски остварувања и наградени на последните најзначајни фестивали. Во гала-програмата се филмови од Џармуш, Торнаторе, Содерберг, Брајан де Палма, Вуди Ален, Винтерботом, Вонг Кар Ваи, Анджеј Вајда, Абделатиф Кешиш (добитникот на „Златна палма“ во Кан), добитниците на „Златна мечка“ и „Сребрена мечка“ на Берлинале - Калин Петер Нецер и Данис Тановиќ. И во официјалната програма има наградени филмови, како победникот во Ротердам - „Моето куче Килер“ на чешката режисерка Мира Форнеј и грузискиот „Во цут“, кој победи на Сараевскиот филмски фестивал. Премиера на „Синедејс“ ќе има филмот „Дуран Дуран“ на Дејвид Линч, а во исто време со светската премиера на скопскиот фестивал ќе биде прикажан и филмот „Фамилијата” на Лик Бесон. Фестивалот на 23 ноември во „Милениум“ ќе биде затворен со „Фалсификатор“ на Горан Марковиќ. Покрај во „Милениум“, „Синедејс“ ќе се одржува и во „Фросина“, Џебното кино на МКЦ и во Кинотеката на Македонија. Програмата „Земја во фокусот“ годинава ќе опфати регион - африканската кинематографија и во Кинотеката на Македонија ќе прикаже филмови од неколку земји на тој континент продуцирани со европски партнери. Ќе има и филмови од Еквадор, која е водечка земја во јужноамериканската кинематографија, а гостин ќе биде Рик Сегреда, кој е и член на жирито во програмата СинеБалкан. Од македонската продукција ќе бидат прикажани најновиот краток филм на режисерот Иво Трајков, „Само за губитници“, документарниот „После дождот: Сведоштва за климатските промени“ на Билјана Гарванлиева и скопските премиери на „Влакна“ на Елеонора Венинова и „Барајќи ја среќата“ на Марија Џиџева, кои беа прикажани на ИФФК во Битола. Во соработка со најголемиот европски фестивал на кратки филмови, „Интерфилм Берлин“, ќе бидат прикажани најдобрите кратки филмови во изминатите години, а ќе гостува и директорот на фестивалот Хајнрих Херманс. „Синедејс“ оваа година има ексклузивна соработка со Римскиот филмски фестивал и ќе биде прикажана ревија на современи италијански филмови. Гостин ќе биде Паоло Минуто, уметнички директор на Италијанската федерација на филмски здруженија. Од Италија ќе гостува и познатиот актер, сценарист и режисер Масимо Андреи. Ќе гостуваат и браќата Гас и Лук Холверда, режисери на контроверзното и успешно прво филмско остварување, документарецот „Неверниците“, во кој од сопствен агол за религиските верувања говорат познати режисери, актери, продуценти. Гости ќе има од екипите на речиси сите филмови во програмите за награди, а ексклузивен гостин на 12. „Синедејс“ е стрип-цртачот и концептуален уметник Крис Бејкер, познат по соработката со Тим Бартон и Стивен Спилберг. Бејкер ќе одржи специјално предавање посветено на култниот филм „А.И Вештачка интелигенција”, последниот проект на Стенли Кјубрик. Предавање („Првите три минути од отворањето на филм“) ќе има Јан Харлан, продуцент на сите Кјубрикови филмови. Работилница („Психолошките аспекти во снимањето звук за филмови“) ќе одржи Ерик Шпицер, професор на Виенскиот универзитет за музика и изведувачки уметности, како и македонската режисерка Билјана Гарванлиева („Драматургијата во документарниот филм“). Добитниците на наградите за најдобар филм, режисер, актер и сценарист ќе бидат соопштени на затворањето на фестивалот, кога ќе биде објавен и победникот на Конкурсот за најдобра филмска критика, што е новитет на годинашниот „Синедејс“. За филмовите во официјалната селекција ќе одлучува жири во состав: Алесандро Гроплеро, Грегоар Колин и Стивен Далтон, а за филмовите од „СинеБалкан“ - Бранко Шмит, Рик Сегреда и Лукаш Мациејевски. Со подеднаков дел во вкупниот буџет од 2.400.000 денари учествуваат Град Скопје, Министерството за култура и Делегацијата на Европската унија во Скопје. Цената на билетот останува 100 денари. Организаторот на фестивалот, Младинскиот културен центар, очекува уште поголема посетеност од рекордната лани, кога биле продадени скоро 26.400 влезници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаСе огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукотВселенската опсерваторија „Нил Герелс Свифт“ на НАСА, која ги проучува најмоќните познати енергетски изливи во вселената повеќе од две децении, падна од орбитата како што се очекуваше и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија.Вселенската опсерваторија „Нил Герелс Свифт“ на НАСА, која ги проучува најмоќните познати енергетски изливи во вселената повеќе од две децении, падна од орбитата како што се очекуваше и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија, соопшти вселенската агенција во својата прва изјава откако вселенското летало „падна од небото“. Телескопот од 1.452 килограми (3.000 фунти) падна како што се очекуваше, помалку од три месеци откако не успеа спасувачката мисија за враќање на телескопот во повисока орбита и продолжување на неговиот век, објави Ројтерс. Сателитот што го носеше телескопот падна во горната атмосфера на Земјата со брзина од околу 22 пати поголема од брзината на звукот над индонезиската покраина Северна Суматра, околу 200 милји (322 километри) северно од екваторот. НАСА соопшти дека топлината од триење при повторното влегување го изгорела поголемиот дел од сателитот далеку над површината на Земјата, но дека некои фрагменти го преживеале падот и дека немало штета или повредени на земјата од деловите што паднале.Тагови: НАСА опсерваторија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЕвропаНов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе Стотици илјади граѓани се очекува да излезат на денешните протести низ Франција, додека вработените во јавниот сектор најавија штрајк поради високите трошоци за живот, состојбата во јавните служби и образованието..Француските власти распоредија околу 70.000 полицајци за да спречат повторување на насилните немири од минатиот месец, пренесуваат светските медиуми.. Според проценките на француските разузнавачки служби, само надвор од париз на демонстрациите би можеле да учествуваат меѓу 500.000 и 700.000 луѓе.. Властите стравуваат од повторување на настаните од 17-ти октомври, кога за време на немирите беа ограбени и оштетени продавници и јавни објекти низ земјата. Ќе бидат уште еден тест за претседателот на земјата, Емануел Макрон, по неделите немири што ја потресоа неговата влада и ја обележаа политичката сцена пет месеци пред претседателските избори..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале. По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај. Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација. Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта. Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00