Почна учебната година за 10 340 прилепски основци и средношколци - Канал 5

Почна учебната година за 10 340 прилепски основци и средношколци

Oколу 10 340 основци и средношколци во Прилеп успешно ја почнаа новата учебна година. 

Почна учебната година за 10 340 прилепски основци и средношколци

Преку 9 100 ученици се најавија на профилите за наставата на далечина, а околу 1 260 основци ја почнаа наставата со физичко присуство. Освен од 1 до трето во 10-те основни училишта, согласност од Владата за настава со физичко присуство добија и подрачните училишта од населените места, и тоа во селата Канатларци и Мажучиште до 5-то, во Мало Коњари до 4-то и во селата Радобил и Селце како и посебните паралелки во ОУ „Климент Охридски" и музичкото училиште „Ордан Михајлоски Оцка".

Другите околу 9 100 основци и средношколци се најавија на своите профили, информира Каролина Николоска, советник за образование во прилепската локална самоуправа.

– Учениците се најавија на националната платформа, а дали ќе има евентуални проблеми и падови, ќе се знае до крајот на денот. Се надевам дека се ќе помине во најдобрар ред, вели Николоска.

Денеска во училиштата, според сите протоколи и заштитни мерки пристигнаа и 660 првачиња. Ги поздравија директорите и наставниците. Честитајќи им го почетокот на учебната година во сосема поинакви услови, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, кој ги посети училиштата напомена дека сите заедно ќе ја надминиме состојбата.

– Честитки за првачињата иако сите, како што досега не било, стигнаа со маски. Верувам дека сите заедно ќе ја надминеме оваа состојба. Посакувам да стекнат многу нови знаења, а ние да се погрижиме да се надмине сето ова со пандемијата, рече Јованоски.

Инаку, прилепската локална самоуправа распиша тендер за набавка на 221 компјутер за потребите на училиштата, од кои 120 лап-топа, а 101 персонален компјутер. Претстои и нов тендер за јавн набавка на компјутери за децата од социјално загрозените семејства.

Три сообраќајки вчера во Тиквешијата

Во една од сообраќајките, на патот  Кавадарци - село Возарци, кон селото Дреново, имаше едно потешко и едно полесно повредено лице. 

Три сообраќајки вчера во Тиквешијата

Три сообраќајки се случија вчера во Тиквешијата, потврди утрово за МИА, доктор Ратко Грков, лекар во Итна медицинска помош во Кавадарци.

- Во една од сообраќајките, на патот Кавадарци - село Возарци, кон селото Дреново, имаше едно потешко и едно полесно повредено лице. Во сообраќајната несреќа од градот кон росоманското село Рибарци, во која имаше и деветмесечно бебе, се работеше за полесни повреди. Во третата сообраќајка, стануваше збор за незгода на патот Неготино - село Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби, појасни докторот.

Тој апелираше за внимателност, до сите учесници во сообраќајот, со цел поголема безбедност.

Повеќе детали за сообраќајките, се очекуваат во текот на денот, од страна на СВР Велес.

Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка

- Секоја друга земја ги слави своите победи. Време е и САД да почне да го прави тоа, рече Трамп.

Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл поврзан со неговиот 79-ти роденден.

- Секоја друга земја ги слави своите победи. Време е и САД да почне да го прави тоа, рече Трамп.

Тој ја опиша американската војска како „најстариот огранок на најголемата борбена сила што човештвото некогаш ја познавало“ и испрати предупредување до глобалните противници: „Американските непријатели постојано учат – ако го загрозите американскиот народ, нашите војници доаѓаат по вас. Вашиот пораз ќе биде сигурен. Вашиот крај конечен. Вашиот пад целосен и потполн“.

Нашите војници никогаш не отстапуваат, никогаш не се предаваат и никогаш не попуштаат. Тие се борат, борат, борат – и победуваат, победуваат, победуваат, додаде американскиот претседател.

Тој изрази благодарност до припадниците на вооружените сили и ветераните. - Благодарение на нивната извонредна служба и посветеност, 250 години – Америка стои исправено, Америка стои гордо и Америка стои слободно, истакна Трамп.

Парадата, во која учествуваа над 6.000 војници, 150 воени возила и 50 авиони, вклучуваше воздушен спектакл, коњичка единица и завршен падобрански скок со американското знаме пред Трамп.

Лидерите на Г7 се собираат во Канада во сенка на израелско-иранскиот конфликт

Светските лидери пристигнуваат во Канада заради учество на Самитот на Групата седум (Г7) во одморалиштето Кананаскис, Алберта.

Лидерите на Г7 се собираат во Канада во сенка на израелско-иранскиот конфликт

. Г7 ја сочинуваат Канада, САД, Франција, Италија, Јапонија, Германија и Велика Британија, а на Самитот присуствува и Европската Унија, како и други шефови на држави поканети од канадскиот премиер Марк Карни.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува и се очекува да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Други светски лидери ќе се сретнат со Трамп во групен формат и на билатерални разговори.

Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум ќе присуствува и изјави дека очекува прва лична средба со Трамп. Меѓу новите учесници се германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер и јапонскиот премиер Шигеру Ишиба.

Пред самитот, веќе се забележува суптилен отпор кон Трамп од другите лидери на Г7, пишува Франс24. Францускиот претседател Емануел Макрон планира да го посети Гренланд за време на викендот во знак на европска солидарност.

Карни изјави дека САД повеќе не се „доминантна“ сила во светот по тарифите на Трамп, кои создадоа пукнатини во децениското партнерство меѓу САД и Канада.

- Застанавме рамо до рамо со Американците за време на Студената војна и во децениите потоа, кога САД играа доминантна улога на светската сцена. Денес, таа доминација е минато, рече Карни на француски јазик минатата недела.

Тој додаде дека по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, САД станаа глобален хегемон, позиција што е поткопана од трансакциската природа на Трамп, кој малку внимание посветува на одбраната на демократските вредности или владеењето на правото.

„Сега САД почнуваат да ја монетизираат својата хегемонија: наплаќаат за пристап до нивните пазари и ги намалуваат релативните придонеси за нашата колективна безбедност“, рече тогаш Карни.

Нападите на Израел врз Иран и потоа однмазничките напади од Техеран додадоа нова димензија на глобалната ситуација и веројатно ќе доминираат на дискусиите за време на самитот. Други теми вклучуваат тарифите на Трамп и војната во Украина.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони се позиционираше како „мост“ меѓу администрацијата на Трамп и остатокот од Европа, но нејзината силна поддршка за Украина и заканите на Трамп за тарифи врз европските стоки ја ставија во тешка позиција. И покрај напорите на лидерите на Г7 да избегнат јавни конфликти со Трамп, неговата визија за светот останува во голема мера некомпатибилна со нивните цели, пишува Франс24.

притисни ентер