Почна снимањето на играно-документарниот филм „Последниот Македонец од Македонија“ - Канал 5

Почна снимањето на играно-документарниот филм „Последниот Македонец од Македонија“

Во Битола денеска почна снимањето на играно-документарниот филм „Последниот Македонец од Македонија“, мотивиран од 100-годишнината на Договорот од Букурешт за што сценарио подготви Александар Кукулев, режисер е Илија Пиперковски, директор на фотографија Дејан Димевски, а продуцент Снежана Лупевска.

Почна снимањето на играно-документарниот филм „Последниот Македонец од Македонија“

Филмот финансиски е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија и Министерството за култура, а поддршка обезбеди и од општина Битола и од Преспанско-пелагониската епархија чии претставници, градоначалникот Владимир Талески и митрополитот г. Петар денес присуствуваа на првата клапа од снимањето на филмот.

- Преку овој филм се навраќаме 100 години наназад, во периодот пред донесувањето на Букурешкиот договор, филм во кој нудиме период и детали од македонската историја кои досега не биле експлоатирани, влијанието на грчката црква, колежот во Загоричани, Тиквешкото востание и побуната против српскиот режим, а во документарниот дел ќе биде пренесена судбината и разнебитувањето на македонските семејства кои како резултат на тој Договор сега живеат и се поделени на сите делови на Македонија, посочи продуцентката Лупевска.

Според режисерот Илија Пиперковски, во филмот ќе бидат прикажани дел од убиствата на македонските војводи и зошто тоа се случило, зошто имало предавства, зошто уништувањата се случувале од внатре и други моменти кои долго биле истражувани.

- Долго читав и истражував. Консултирав историчари за да го пронајдам балансот на нештата и објективниот пат. Војводите го дадоа својот живот за слободата на Македонија и затоа преку овој филм ќе укажеме на неправилностите, да појаснеме секому што и се случувало на Македонија, истакна Пиперковски.

Поддршка за снимањето на филмот„Последниот Македонец од Македонија“ даде и општина Битола бидејќи како што рече градоначалникот Владимир Талески тоа е составен дел на концептот на проектот „Битола филмски град“.

- На последниот ден од ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола почнува нова филмска тема, нова идеја од животот на Македонците. Овој тим не гледа линеарно туку вертикално ги чита работите за нешто што циклично се случува. Тоа што се случувало пред еден век покажува една карактеристика која на ова поднебје долги години, децении и векови е една иста драмска ситуација, околност која е тешко променлива. Станува збор за историски факти кои се драматуршки преработени, документарен филм што има играна форма и ја очекувам неговата промоција, истакна Талески.

На средбата со новинарите во Битола митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар истакна дека отстапувањето на објект на епархијата за снимање на филмот е направено затоа што преку филмот се истакнува важен период за МПЦ, период кога соработувала со македонските преродбеници и револуционери и била нивна заштитничка.

- Букурешкиот договор е најтрагичниот документ за нашиот народ, нашата црква, бидејќи освен политичка и територијална поделба предизвикал и поделба на управувањето на црквите. Верувам дека екипата што го снима овој филм ќе се труди да нема никакви вулгарности бидејќи, за жал, во многу наши македонски филмови има многу вулгарности кои го свртуваат вниманието и погрешно не претставуваат како народ. Апелирам во овој филм да се прикажат работи што ќе ги разберат Србите, Албанците, Грците и Бугарите што ја поделиле оваа наша земја, истакна митрополитот г. Петар./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? 

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија.

Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите.

На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија.

Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Променливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер