Почна расправата во бугарскиот Парламент за предлог-одлуката за Македонија и Албанија

Од присутните 229 пратеници во Народното собрание, 210 гласаа за точката на дневен ред, а 11 беа против.

Со големо мнозинство пратениците од 47. Народно собрание на Бугарија се согласија да биде ставена како прва точка на дневниот ред на Парламентот предлогот-одлуката за Македонија и Албанија за преговарачка рамка со ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија.

Од присутните 229 пратеници во Народното собрание, 210 гласаа за точката на дневен ред, а 11 беа против.

Тошко Јорданов од партијата ИТН на Слави Трифонов го повика бугарскиот претседател Румен Радев да ги декласифицира документите од неговиот Национален советодавен совет претходно оваа година за да се види што рекол тогаш премиерот во оставка Кирил Петков.

Според локалните медиуми во Софија, во Народното собрание на Бугарија е формирана ситуациона коалиција за прашањето со Македонија, која има 174 гласа.

Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент синоќа го усвои предлогот од претседателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, во врска со Република Северна Македонија. Комисијата ги отфрли другите два предлога, поднесени од ГЕРБ-СДС и од ДПС.

ФИФА ја полни касата со пари што ќе им ги одзема на криминалците

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе добие дополнителни 92 милиони долари како компензација за загубите предизвикани од корупциски скандали во последните години, одлучи американското Министерство за правда.

Во август минатата година, судот веќе донесе одлука да ѝ плати 201 милион долари на ФИФА, а тие пари ќе бидат земени од луѓе кои биле вмешани во корупциски скандали, од кои повеќе од 50, меѓу кои и поранешни челници на Северноамериканската фудбалска асоцијација. (КОНКАКАФ) и Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).

„Во таа корупциска шема во игра беа големи суми пари. Парите што ќе им бидат одземени на криминалците ќе бидат наменети за развој на женскиот фудбал“, најави помошникот директор на ФБИ во Њујорк, Мајкл Дрискол.

Остин: Војната на Путин е најголемата закана за Европа по Втората светска војна

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин попладнево ја опиша руската војна во Украина како „најголемата закана за европската безбедност од крајот на Втората светска војна“.

„Војната што ја започна Владимир Путин без никаква причина го загрозува не само суверенитетот на Украина“, додаде американскиот министер за одбрана.

Тејлор Свифт се верила во тајност, објавија британските таблоиди

Пејачката Тејлор Свифт наводно е тајно свршена со своето момче Џо Алвин, со кого е повеќе од пет години во врска.

Како што пишува The Sun, пејачката носи голем веренички прстен „зад затворени врати“, а славниот пар за свршувачката само го известиле семејството и најблиските пријатели. Свифт и Алвин почнале да се забавуваат кон крајот на 2016 година, откако наводно се сретнале на Мет Гала во Њујорк.

„Тејлор и Џо се неверојатно среќни и многу, многу заљубени. Тие всушност се свршени веќе неколку месеци, но им кажале само на својот најблизок круг на луѓе - буквално само на семејството и старите доверливи пријатели. Сите се заколнале на тајност“, рекол извор близок на парот и додал дека сакаат да ја држат својата љубов подалеку од очите на јавноста и од папарацо камерите.

„Ако и кога ќе ги разменат своите завети, сигурно нема да има никакво списание „Вог“, „Ролинг Стоун“ или „Хело!“. Ќе биде едноставно и елегантно - исто како нив“, вели изворот. Пред нејзината врска со Алвин, Тејлор Свифт се забавуваше со Том Хидлстон, Хари Стајлс и Калвин Харис, врски што беа доста јавни.

притисни ентер