Почна пописот во Албанија – апел до Македонците да се изјаснат како што се чувствуваат - Канал 5

Почна пописот во Албанија – апел до Македонците да се изјаснат како што се чувствуваат

Во Албанија и официјално започна пописот на населението.

Почна пописот во Албанија – апел до Македонците да се изјаснат како што се чувствуваат

Од денеска па во наредните шест недели ќе се попишуваат сите етнички заедници кои живеат кај нашиот западен сосед, меѓу нив и Македонците. Пописот тие го дочекуваат во услови на засилена бугарска пропаганда и обиди за нивна бугаризација, за која пред почетокот на статистичката операција предупредуваа организациите и политичките партии на Македонците во Албанија. Во пресрет на почетокот на пописот тие повторно ги повикаа Македонците слободно да се изјаснат за својата етничка и верска припадност.

-Сакаме да нагласиме дека изјаснувањето на вашиот македонски идентитет на пописот не е само законско право, туку моќен израз на вашето културно наследство. Испраќа јасна порака до општеството во целина дека македонската заедница во Албанија е енергична, горда и заслужува почит и признание што доаѓа со неа.- Македонска алијанса за европска интеграција

Според последниот попис направен во Албанија во 2011 година, во земјата има 5.512 Македонци, најголемиот дел од нив живеат во округот на Корча, Кукс и Тирана. Македонците беа застапени и во парламентот, а општината Пустец има и македонски градоначалник. На сите претходни пописи во Албанија, до сега се нема изјаснето ниту еден етнички Бугарин. Сепак, годинава за прв пат ќе има таква графа, која е резултат на албанското признавање на бугарско малцинство во 2017 година. Во пресрет на пописот, во Албанија беше и бугарската потпретседателка Јотова, која индиректно призна дека во земјата била да лобира за создавање на бугарско малцинство.

-Да, имаме такви сигнали, да ги кажуваат самите луѓе таму дека минатиот месец особено има луѓе кои им велат вие сте Македонци, вие не сте Бугари, следува попис, вие треба да се запишете како такви итн. Ги слушнавме сигналите, ги земавме како информација и на сите официјални средби со претседателот на Албанија, со претседателката на нивното Собрание, со вицепремиерот, со нивниот минситер за надворешни работи јас ги пренесов тие сигнали, од тука па натаму имам доверба и сметам на албанските власти дека ќе преземат мерки. - Илијана Јотова – Потпретседателка на Бугарија

Ова е 12-тиот по ред попис од независноста на Албанија во 1912 година. Пописниот формурал според информациите содржи 100 прашања од кои само три се за јазик, за етничка и верска припадност. Првите резултати од пописот се очекува да бидат објавени во јуни идната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ

Разговори за иднината во 12:05.

Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ

Денес, петок, 02 октомври, Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски во партиската архива на “Бихакќа” ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ.

Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат на адресата на оној кој може да ги разбере. Во интерес на иднината на партијата и државата е во разумен рок да се преземат конкретни чекори за враќање на партијата на членството. На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, на безидејноста со прецизен план.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре „Бела ноќ“ во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Скопје утре, 3 октомври ќе го одржи годинашното издание на „Бела ноќ“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје со концерти, изложби, театарски претстави и програма за најмладите на повеќе градски локации.

Утре „Бела ноќ“ во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Еден од главните музички настани ќе биде настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, закажан за 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“ (на платото пред МОБ). Публиката ја очекува вечер со блуз и рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот.

По повод „Бела ноќ“, во сабота ќе биде обезбеден бесплатен превоз со ЈСП од 18:00 часот, како и бесплатен влез во Зоолошката градина Скопје.

Целосната програма е достапна на www.univerzalna.com.mk/belanok

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нападнете го Ѓоковиќ, и тој го брани Роналдо- „Жезус е арогантно копил*!

Хаосот околу Кристијано Роналдо и португалската репрезентација доби ново продолжение, а овој пат во центарот на вниманието се најде Пирс Морган.

„Нападнете го Ѓоковиќ, и тој  го брани Роналдо- „Жезус е арогантно копил*!

Британскиот новинар, кој со години е близок со португалската ѕвезда, јавно застана на страната на Роналдо по бурните случувања во националниот тим.

Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата по разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, Педро Проенса, откако тренерот Жорже Жесус одлучи да го остави на клупата.

Потоа, Морган се огласи на социјалната мрежа „Икс“ (X) и директно го нападна португалскиот тренер. „Какво арогантно копил*! Жесус никогаш не беше доволно добар дури ни да игра за Португалија, а сега ужива да го омаловажува и понижува најголемиот играч што оваа земја некогаш го имала“, напиша Морган.

Неговата реакција не застана само на Жезус. Особено го погоди одлуката Рафаел Леао да го преземе славниот број седум на Роналдо за претстојниот натпревар.

Сепак, зад овој потег стои и практична причина: правилата на УЕФА наложуваат играчите во составот за натпреварот да носат броеви од еден до 23. Морган, сепак, ја искористи оваа одлука за повторно да застане во одбрана на својот пријател.

„По сè што Кристијано направи за Португалија – зошто, по ѓаволите, се однесуваат кон него толку срамно? Вчера беше роденденот на неговиот татко, а тој играше за репрезентацијата само еден ден по неговата смрт! Навистина е срамно и одвратно да се гледа вакво шокантно непочитување кон најголемата легенда“, изјави британскиот новинар.

Инаку во одбрана на Роналдо застана и неговиот голем пријател најтрофејниот светски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер