Почна „Пиволенд 2016“ - Канал 5

Почна „Пиволенд 2016“

Со настап на Д Чикс, Д Планктонс, Блек енд вајс соушл клаб, Влатко Илиевски и Акустик дивижн, Рибља чорба и Диџеј Дуоз вчеравечер на скопското Кале почна деветтото издание на традиционалната манифестација - Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2016“.

Почна „Пиволенд 2016“
На отворањето на „Пиволенд 2016“, како што соопшти Град Скопје, присуствуваше и градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева.

Во текот на пет фестивалски денови, до 4 септември, посетителите на „Пиволенд 2016“ ќе имаат можност да дегустираат пиво и гурмански мезиња, да проследат богата музичка програма со големи имиња од македонската музичка сцена, како и гости од странство и да уживаат во катчињата за забава.

Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“.

За организација на гурманскиот викенд Градот Скопје од буџетот издвојува 500.000 денари.

Музичката програма на „Пиволенд“ е поделена на три бини на Кале, како и една бина во Пивница „Стар Град“. Покрај на главната бина, посетителите ќе може да слушаат добра андерграунд музика на Бла Бла стејџ (метал, хардрок, рок, хип хоп, рап, инди) и на Електро Денс стејџ (џангл, прогресив, хаус, техно, трап, транс).

Оваа година на гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2016“, публиката ќе има можност да ужива во музиката на голем број македонски изведувачи, бендови и диџеи: Влатко Илиевски, Дани, Нокаут, Тамара, Фолтин, Ефто Пупиновски, Тијана, Флукс, Јаков Дренковски, Чил Плеј, Тотално опуштање, Дј Славе и многу други. Од регионот гостуваат Рибља Чорба и Министарке.

Освен пивско и музичко уживање, посетителите ќе може да се испробаат во адреналински спортови во „Акциската зона“, како кендо, мечување и стрелаштво. На Пиволенд ќе има и базар за ракотворби, но и голем избор на пивски игри во Игротеката за возрасни. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. 

ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии

Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот.

Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644.

Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура

Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура, продолжува реконструкцијата на училиштата и студентските домови.

Мицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките во делот на образовната инфраструктура, што направи Владата во изминативе две години и три месеци за подобрување на условите за учениците и студентите, изјави:

„Што се однесува до образовната инфраструктура, во овој момент можам да кажам дека Владата има инвестирано повеќе од 90 милиони евра за овие 26-27 месеци. Од коишто половина се директно од Министерството за образование, во делот на студентските домови. Еве, утре еден таков нов, реконструиран, модерен, современ студентски дом ќе биде пуштен, тоа е студентскиот дом „Стив Наумов“. Многу скоро ќе биде и вториот студентски дом „Кузман“, но исто така и сите студентски и ученички домови ќе бидат и веќе почнат е тој процес на нивна реконструкција и обновување. Нешто што со децении не било направено. Има многу работи коишто треба да се направат. Приоритет по приоритет, еден по еден, тие приоритети ги решаваме. И отприлика уште 45 милиони евра преку АА програмата, односно преку оној проект на децентрализирање средства од централниот буџет кон општините се наменети за проекти во образованието, реконструкција на основни и средни училишта.

Така што, инвестициите се огромни и тоа можам да кажам дека претставува еден приоритет на оваа Влада и ве поканувам еве утре заедно да, мислам дека утре е потврден настанот, во рамките на „Стив Наумов“ студентскиот дом, да можеме заедно да го отвориме, да прошетаме, да видиме како сето тоа изгледа и какви услови ќе имаат нашите студенти.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Медведев: „Единствена Русија“ ќе ја формира најголемата пратеничка група во историјата на Думата

 Руската партија „Единствена Русија“ ќе ја формира најголемата пратеничка група во историјата на Државната дума, изјави во понеделникот претседателот на партијата, Дмитриј Медведев.

Медведев: „Единствена Русија“ ќе ја формира најголемата пратеничка група во историјата на Думата

„Партијата ‚Единствена Русија‘ навистина доби поддршка без преседан – над 58 отсто од гласовите – и имајќи ги предвид овие резултати, ќе ја формираме најголемата пратеничка група во нашата историја“, изјави Медведев по средбата на рускиот претседател Владимир Путин со лидерите на партиите што, според изборните резултати, влегоа во новиот состав на парламентот, пренесува „РИА Новости“.

Според конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот состав, „Единствена Русија“ освои 349 од вкупно 450 пратенички места.

Изборите за рускиот парламент се одржаа од 18 до 20 септември, а новиот состав ги вклучуваше претставниците на пет политички партии – „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“ и „Праведна Русија – За вистината“, како и претставник на партијата „Родина“ и четворица независни кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер