Почна Меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор“

Двата радовишки гастрономски брендови-самунот и татлијата се во центарот на оваа манифестација, на која ќе настапат повеќе естрадни уметници од земјава.

Со Детската ликовна колонија „Фолклорот-наша вековита инспирација“ и со изложба и работилница за изработка и ткаење на етно елементи на разбој, вчера во Радовиш почна Меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор“, кој се одржува во рамки на познатата традиционална манифестација „Самун ем татлија“.

Фестивалот денеска продолжува со две изложби на фотографии. Првата е на традиционални македонски носии, везови и накит од Фолколрното друштво „Етнос“ од Скопје, а втората изложба е на фотографии „Сведоштво“ од архивот на Центарот за култура „Ацо Караманов“ од Радовиш. По нив е планирано дефиле на учесниците на Меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор“,како и концерт на традиционална македонска музика во изведба на Вокално инструменталниот состав „Аманет“. Вечер е главниот настан со одржување на Меѓународната фестивалска вечер.

Двата радовишки гастрономски брендови-самунот и татлијата се во центарот на оваа манифестација, на која ќе настапат повеќе естрадни уметници од земјава.

За непречено одвивање на тридневната забава Општина Радовиш воведе времена измена на режимот на сообраќајот за да им се овозможи на посетителите пристап до манифестацијата, а упати и апел до радовишани движењето со моторни возила да го сведат на минимум и кон манифестацијата да пристапуваат без возила за да се растовари сообраќајот и да се ослободи место за паркирање за возилата што ќе пристигнат од другите градови.

Годинашната манифестација ќе трае до 2 октомври, а се одржува под покровителство на Општина Радовиш.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер