Почна битката за порно Оскарите (ВИДЕО) - Канал 5

Почна битката за порно Оскарите (ВИДЕО)

Утревечер во Лас Вегас ќе се одржи церемонијата на т.н. Оскари за порно филмови , каде ќе бидат врачени статуетки за најдобрите настапи филмовите за возрасни.

Почна битката за порно Оскарите (ВИДЕО)

Наградата АВН, како што е и официјално наречена, се доделува во стотина категории, за најдобрите машки и женски изведувачи, за најдобриот филм на BDSM, геј сцена или со оргии.

YouTube video

Церемонијата за доделување награди, за која многумина сметаат дека е Оскар на порно индустријата, ја организира магазинот АВН, а ова ќе биде 37-та година по ред со церемонија за доделување награди што нема да биде многу поразлична од која било друга филмска награда. Најважните лица на порно индустријата ќе се соберат во сабота во казиното Хард Рок во Лас Вегас.

На доделувањето му претходи тридневна годишна изложба на која изведувачите имаат можност да се дружат едни со други, но и со среќните обожуватели кои понекогаш добиваат можност да учествуваат на настапи во живо. Во 2018 година, на изложбата се појавија 350 изложувачи со над 600 порно sвезди.

#avn2020 #aeexpo #lasvegas #hardrock #ocmodeling

A post shared by Kimber Veils (@kimberveilspg13) on

"Кога ја освоив наградата Актерка на годината, почувствував дека луѓето, особено новите лица во порнографијата и обожавателите, ме гледаа како модел за улоги. Станав почитуван претставник на индустријата за возрасни", изјави Мик Аника Албрит, која беше номинирана во 2016 година, дури во 13 категории.

#avn #avn2020

A post shared by theJ604 (@thej604) on

#avn #avn2020

A post shared by theJ604 (@thej604) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Армијата одбележува 34 години од формирањето

Со повеќе активности во Скопје и во Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на армијата. 

Армијата одбележува 34 години од формирањето

По повод 18 август – Денот на армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 пло-туни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден пло-тун од 6 артилериски орудија.Триесет и четвртиот роденедне на армијата ќе бидео одбележан и во касарната „Јане Сандански“ во Штип со смотра на вториот пешадиски баталјон и други армиски единици. За роденден на армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта на џез вечерите на „Охридско лето“

Четирите џез вечери на фестивалот  „Охридско лето“  изминаа во знакот на извонредни уметници, врвна музика  и полни гледалишта.

Извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта на џез вечерите на „Охридско лето“

Честа да ја затвори џез програмата синоќа на Долни Сарај ја имаше бендот „Киото“ од Велика Британија кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор на музика Рохан Хит и Лу Роудс. Нивната музика го отслика заедничките музички искуства и навлезе длабоко во значајни животни теми.

Музиката без граници ја одбележа уште една незаборавна џез-вечер на „Охридско лето“.

Завчера, Питер Сомуа и неговиот состав ѝ подарија на фестивалската публика енергично музичко доживување, во кое топлиот звук на трубата се сретна со џезот, африканските ритми и современите музички влијанија.

Со својата интернационална музичка приказна, Питер Сомуа уште еднаш покажа дека џезот навистина е универзален јазик – способен да ги поврзе културите, континентите и луѓето.

Истата вечер, Сомуа и неговиот бенд , по завршувањето на концертот, фестивалската сцена на Долни Сарај им ја отстапија на Нубаја Гарсија и нејзиниот состав - Лајл Бартон, Макс Лутерт и Сем Џонс. Тие ја поведоа фестивалската публика низ современ музички свет во кој џезот се преплетува со класичната музика, дабот, R&B и афро-карипските влијанија.

Со својот препознатлив звук и енергија, Гарсија уште еднаш покажа зошто е една од највозбудливите фигури на современата британска џез-сцена.

На 14 август, за љубителите на овој жанр музика, концерти одржаа Националниот џез оркестар кој ја претстави својата исклучителна концертна програма „Македонски сновиденија“ – енергична фузија од македонски фолклор и современ џез. Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот приреди магично музичко патување, инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Специјалниот гостин, трубачот Питер Сомуа од Гана, ѝ даде дополнителна енергија на вечерта, внесувајќи го својот препознатлив звук и африканските музички влијанија во оваа впечатлива музичка приказна.

Dine Doneff и „Storytales“, заедно со Харис Ламбракис и Кирјакос Тапакис, ја поведоа публиката низ имагинарен свет од балади, приспивни песни, приказни и обредни мотиви инспирирани од македонското народно поетско наследство.

Преку препознатливиот авторски јазик на Doneff, во кој се среќаваат балканската традиција, слободната импровизација, џезот и современата музика, „Storytales“ ја претвори личната приказна за идентитетот и меморијата во универзално музичко доживување

Честа да ја отвори џез програмата на „Охридско лето“ ја имаше македонскиот гитарист и композитор Крсте Роџевски кој живее и работи во САД. Тоа беше вечер исполнета со авангарден звук, византиска традиција и современ џез.Во црквата „Света Софија“, Роџевски заедно со неговиот ансамбл Христијан Моневски, Дамјан Палоски, Андреа Мирческа и Оливер Јосифовски ја претставија концертната премиера на „Orthodoxia Kai Thanatos“ - проект во кој византиското пеење се сретна со експерименталниот и слободен џез, создавајќи уникатен музички јазик.

Според директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, воведувањето на џез програмата претставува природно проширување на фестивалската понуда и одговор на интересот на публиката за различни музички жанрови, без притоа, како што вели, да се наруши основниот концепт и идентитет на фестивалот кој полни 66 години важи за една од најголемите и на реномираните музичко-сценски манифестации во регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата и паниката на Филипче и СДС кои ги бројат чешмите, водата во Гостивар е чиста и безбедна

​СДС никако да сопре со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата и паниката на Филипче и СДС кои ги бројат чешмите, водата во Гостивар е чиста и безбедна

Ќе заврши со една тема, ќе почни со друга. Ќе заврши со водата за пиење во едно населено место, ќе се префрли во други.

Па така, СДС почна со Гостивар, со неуспешниот обид за ширење дезинформации за квалитетот на водата, за што експресно беа демантирани, се префрли во Скопје, за на крај да заврши на селската чешма со кисела вода во Кривогаштани.

И за тоа немаат ниту грам срам, грижа на совест, ниту одговорност, ниту пак имаше извинување од нив за хистеријата и дезинформациите кои ги ширеа по насока на двоецот Венко Филипче и Зоран Заев додека уживаат на јахта во Грција.

Но додека СДС се препелкаат во сопствениот талог и кал, институциите работат и ги решаваат проблемите, меѓу кои и тие со водата.

Така, во Гостивар надлежните институции за неполн месец целосно, како никогаш до сега, го исчистија градскиот водоводен систем и по сите потребни направени испитувања, се потврди дека водата е безбедна за пиење.

Гостиварци веќе имаат безбедна питка вода, а СДС, наместо да ги прифати фактите, со своите настапи продолжува да создава сомнеж кај граѓаните.

Граѓаните не треба и не смеат да бидат заложници на партискиот хаос и паника кој владее во СДС и кои сега, додека Филипче е на Паљури со Заев, се поголеми од кога било.

Затоа им порачуваме на СДС, наместо да измислуваат кризи, подобро повеќе да се занимаваат со самите себе, да се справат и да го решат сопствениот хаос и дезориентираност во кој длабоко се заглавени.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер